верувам дека се се случува со причина ако тоа е некаков вид на судбина тогаш претпоставувам дека верувам..
Верувам во судбина и дека се ни е пишано, само ми е криво што на некои им било пишано да бришат Спојлер г*з со пари и да незнаат веќе на што да ги потрошат, додека други умираат од глад, жед, болести, епидемии и т.н.
Имам поделено мислење на оваа тема! Понекогаш мислам дека се’ е судбина а понекогаш пак за секој настан наоѓам објаснување па мислам дека секој искулучиво од себе си зависи! Знам понекогаш да кажам за нешто ,, судено му било, негова судбина,, но делумно верувам на такви муабети! Повеќе верувам дека човекот сам си ја прави судбината, се’ зависи од самиот човек и од тоа како ќе се справи во животот! Некои се стварно среќници, некои пак се помалку среќници но тоа јас не си го објанувам како судбина едните да се среќни други несреќни, туку си велам дека е или коинциденција или дека едните знаат да си ги искористат шансите во животото а другите пак не! Според моето мислење судбината човекот сам си ја прави, сам игра во животот, сам ги користи или ги испушта шансите во животото! ,,Наша судбина,, е само изговор и тоа најчесто кога нешто не ни оди од рака !
Во судбина и во „пишано од Бога“ не верувам ! Се што ни се случува е со причина и тоа ние самите си го кроиме, за нашата иднина никој не одлучува освен ние самите.
Јас верувам во она евритинг хепенс фор а ризн (хахахха знам дека звучи смешно но неможам да го пишувам на латиница) па според тоа.... верувам во судбина
Судбина? Кратко и јасно, не. За мене животот е пајажина составена од животот на сите жители на планетава, и од време на време секој патот го носи до друго нешто на другиот крај од истата таа пајажина.
,,Судбината ги меша картите, но ние играме'' -рекол германскиот филозоф Шопенхауер. Да,верувам дека постои судбина, нешто предодредено од Бога, но во исто време верувам и во човековата способност и моќ да може да ги промени нештата и да влијае на нив..
Околу судбината се кршат копја и кај тие што се духовно доста напреднати и нема некој конечен консензус по тоа прашање. Од мое лично искуство постојат смерници како треба да се одвива животот (да го наречеме судбина) но тоа е исто од променлива категорија. Ако трето лице се умеша може да ја смени вашата судбина во сосема друг правец а истото можете и сами да го направите. Јас на пример бившата ја сретнав баш судбински ама тоа воопшто не ми беше пријатно искуство така да кој и да замешал прсти не ми мислел добро. Од друга страна во една од подобрите духовни книги кои сум ги прочитал имаше две нелогичности баш на темата за судбина а авторот е човек кој долги години се бави со духовни дисциплини и би требало се да му е јасно. На темата за избор на партнер на страна 30 вели дека со правилна визуелизација можеме сами да си го предвидиме и да си го порачаме од космосот идеалниот партнер (значи не е однапред одреден) додека на страна 50 вели дека и партнерот и некои други работи во животот се однапред одредени од горе и ние не можеме тоа да го смениме. Самиот себе се негира во иста книга што значи ни нему не му е јасно каква е вистината. Можеби има битни судбински моменти но со труд и залагање би требало да можеме да ги смениме, само проблемот е како ќе знаеме однапред што е добро а што лошо за нас?
Верувам и затоа сега се надевам судбински заглавив у г*мна а верувам и во чуда и одвај чекам да се деси некое оти вардар не ме пере лугјееее
Пола-пола, од некои работи едноставно не може да се избега, како што и не може да се остави сите работи сами да дојдат...но морам да кажам: На мои 14-15 год. го сонував мојот сегашен сопруг, како ми нуди прстен...многу чист и реален сон... Тогаш не го познавав онака го имав видено неколку пати но без да ми остави впечаток. После десетина год. се запознавме и еве не сега во брак! Случајност??? I don't think so...
Не е случајност исто како што јас знам дека ќе земам помлада девојка и знам отприлика и како ќе изгледа, за некои работи едноставно знаеш дека ќе се случат под услов некој од страна да не замеша прсти . Ти си имала среќа . Ова со прстенот и од други сум го слушал значи јак архетип е за брак . Има уште еден принцип на судбината ако да речеме е негативна и успееш да ја избегнеш покасно ќе ти се случи нешто друго затоа што енергијата мора да биде потрошена, многу пати ми се потврдило во пракса .
Е, Скорпионке и јас пред неколку години сонував една шушумига исто така (само што лицето не му го памтам), па... ако не сум го прескокнала до сега, ваљда некогаш и негде ќе го сретнам пак Инаку, верувам. Мојата замисла за нештата е дека, судбината се состои од низа нешта кои што уште од моментот на раѓањето на детето се зацртани, како работи што задолжително ќе се случат, како загуба на нешто (пријателство, љубов, нечија смрт итн.) или добивка на нешто. И тоа се работи што во никој случај не можат да се избегнат, бидејќи не зависат од волјата и изборот на личноста. Можеби евентуално да постои таква можност да истите се одложат на некое време, макар што... и не знам колку тоа одлагање не било однапред зацртано, како дел од судбината. Обично за таквите работи имам сонувано дека ќе се случат, некогаш денови пред да се случат, некогаш цела година претходно.. и истиот сон ми се повторувал неколку пати, така што и претстава сум си немала “кога и зашто“, само си знам “како“ ќе се случи Испробано ми е тоа да избегнам нешто да не се случи како караница со пријатели или партнер да речеме, ама излегувало дека колку повеќе се обидувам да се умешам во тоа што треба да се случи, толку нешто од внатре ли, однадвор ли, кој да ти знае што.. ме туркало во уште поголема пропаст. Па, во такви ситуации, нештото уште позаникаде завршувало (а можда баш така и требало да биде). Има и работи кои не се строго зацртани, а се состојат од повеќе избори, повеќе патишта, секој од кој е определен како нешто кое ни се нуди, а што понатаму ќе се случува зависи од самите нас и нашиот избор... а тоа што ќе си избереме, ни определува ваљда, како ќе си влијаеме на својата судбина, односно... си ја зацртуваме кармата.. така ќе му дојде а можда и не. Уште да знаеше човек што да избере, добро ќе беше. Фино кога повеќето патишта се правилни, тогаш помали ми се шансите да направам утка, мада кај мене не е исклучена и таа веројатност, ама ако само еден е вистинскиот... јас дефинитивно го утнињам, ич потреба од другите избори
Верувам и никој неможе да ме убеди во спротивното ниту да ми каже дека постои случајност,верувам дека таму некаде секој има своја судбина и таа ќе се исполни на оваа теме има мн.примери и мн.да се дискутира но верувам дека секој човек си има своја судбина каде во животот ќе помине низ таа ...
Жапче, за многу си во право но судбината може да биде променета и од човечки фактор кој не мора секогаш да е позитивен и ако тоа ти се случи ќе си проживееш живот што нема врска со тој првобитно замислениот и планираниот . Нормалмо пофино да не те најде но треба да се знае дека може и тоа да се случи .
Можно е Х-man можно. Али, кој воопшто знае дека и тие кои се замешуваат не се всушност некаде зацртани дејствија кои треба да се одвиваат во твојот, мојот или нечиј живот (и тие имаат своја судбина, која ете се поклопила со твојата да речеме..бидејќи требало да ви се вкрстат патиштата некаде... како примерите со кармата да речеме, ако во минатиот живот си убил некого, во сегашниот ќе умреш од раката на тој што си го убил или од раката на друг, но секако така ќе умреш). Или, кој воопшто знае дека работите што сите ние ги мислиме во врска со судбината, имаат/немаат ама апсолутно никаква врска со реланоста. Јас зборувам само за некои од работите што можат да ти се случат... работи што мене на пример ми се случиле, а сум ги сонувала претходно (од искуство демек зборам демек рационално се трудам, повикувајќи се на моите луди соништа како доказ ). И, како пример давам некои конкретни: болест нечија, смрт, нова врска/пријателство, распад на врска/пријателство. Се што сум сонувала се случило.. можам и ептем ептем конкретни примери да дадам за ова, пошто си сонувам, ко и сите, а можда и не баш. А, си има други работи ко во хороскопот што ти пишува може свиѓаш Риба, може Девица, може Шкорпија.. може ќе те побара Стрелец, може Лав. Е, тоа се дел од изборите, варијантите што ти се понудени.... да во еден период например овој ти ќе налеташ на не знам си колку личности. Кого ќе избереш е твое.. или кој повеќе ќе направи за да ти ја збрлави главата е негово Пошто и тој доаѓа со своја судбина и ти со своја, па сеа... who knows Јас секако поима немам. Освен кога го сонувам дека ќе се случи. Ама тоа што го сонувам дека ќе се случи можда и не е најдобрата варијанта за мене.. не ми носи можда среќа и си го знам, ама е.. се случувало. Ај, ти кажи ми, зашто го сонувам да речеме тоа, кога не можам да измрдам од таа работа... whyyyyyyy?!? Можда знаеш, си сфатил нешто што јас не знам, не сум разбрала до сега, па добредојден си со објаснување.. особено ако си од луѓето со развиено шесто сетило или чисто си се интересирал за темите, пак си налетал на објаснувања.
Жапче, ќе размислам малку пред да ти одговорам затоа што напиша работи кои излегуваат надвор од границите на еден обичен бош муабет и проста размена на информации за забава. Зачна теми кои на повеќето што се бават со духовни дисциплини не им се јасни но ќе размениме мои и твои искуства па можеби ќе дојдеме до некој заеднички корисен заклучок. И јас повремено си ја сонувам иднината така да мојот интерес за овие теми е многу поголем од само муабет и информации добиени од книги .
Мислам дека животот не се состои само од случајности,сепак постои некоја судбина.Но сепак мислам дека судбината повеке од нас зависи.
Жапче, извини што почека за одговорот, ми требаше време да размислам и јас да кристализирам некои мисли. Делумна судбина има и во тоа сум и јас убеден. Одредени битни моменти во животот се однапред скицирани но не знам од кого и која е таа сила или сили кои тоа го прават но мислам и дека никој не знае инаку не би имале толку контрадикторни информации од духовните книги. Јас во карма не верувам барем не во таков вид како што се учи, дека грешките од минатиот живот ќе ги плаќаш во следниот, премногу бесмислено звучи а и самата интуиција ми вели дека не е така. Никако не успевам да добијам одговор од приврзаниците на кармата и судбината каква е улогата на едно бебенце кое 10 дена по породувањето ќе почине? Каква карма може тоа да отплати и кој е тој монструм што му запишал таква судбина? Уште полошо каква карма има детенце кое ќе загине од раце на педофил? Зашто воопшто некој би му доделил судбина на педофил некому? Мене чистата логика, здравиот разум и пред се интуицијата ми кажуваат дека е тоа сплет на несреќни околности и дека никава судбина кај тоа бебенце не била во игра. Се случила грешка, баксуз, несреќа кој како сака нека ја нарече. Тука ќе напомнам уште едно согледување кое ти го постави како дилема. Без разлика колку ни се судбините одредени не се одредени целосно туку само некои битни точки од нив, да ги наречеме клучни точки. Значи раѓањето, бракот, тешка болест, одење во странство, деца нешто во тој смисол но се измеѓу е веќе слободен избор. Тука се поставува прашањето и дали слободниот избор може да ти смени наместо да ја земеш Дијана за девојка да ја одбереш Лидија и со тоа веќе да смениш една клучна точка? Значи што би се случило ако би ги дознале клучните точки однапред, дали и колку ќе можеме самите да ги измениме? Не верувам дека било кој ќе може да ти даде конечен одговор на ова прашање. Имам зборувано на темава со личност која е доста задлабочена и заклучивме дека судбината има свој тек но ако решиш или добиеш интуиција или информација дека тоа не е поволно за тебе можеш да одбереш друг пат но самата интуиција не мора да е дел од судбината затоа што многу ја имаат но малку знаат правилно да ја користат. Мене лично ми е дадена конкретна информација на сон дека треба под итно да запишам постдипломски а истата идеја за постдипломски која тогаш ни на крај памет не ми паѓаше ја чув прв пат од една девојка пред година а следниот ден откога го имав сонот среќавам колега на улица и првиот муабет му беше: еј да ти се пофалам упишав постдипломски . И што решив, ќе ги упишам наесен иако пред 6 месеци не ми паѓаше на памет ама знам дека ќе има зашто ќе ми требаат . Друго што сакам да потенцирам е мешањето на судбините. Што кога две личности се сретнуваат? Чија судбина ќе надвладее затоа што е апсолутно невозможно некој однапред да ги комбинира судбините на 7 милијарди луѓе на земјата а да не збориме и за сите живи суштества во космосот. Нема шанси. И самите духовно развиени личности се во дилема за законите кои тука владеат и изгледа нема универзално правило. Мене судбината може од некоја причина ми ја наменила Сања за женска или жена ама ако јас со тренинг сум развил таква интуиција да видам дека со Сања ме чека катастрофа ќе и кажам чао пријатно и ќе се фатам со Ана која сум ја одбрал по сопствен избор. Можеби ќе треба да платам одреден пенал дека сум прекршил некој закон ама ако знам како, ќе одредам „казна“ која ќе ми биде многу помала него катастрофата со првата девојка. За ова знам дека е можно и ми било потврдено во пракса . Тие што ја гледаат судбината можат да го видат твојот зацртан пат од моменталната перспектива но не можат да ги видат ниту пак да ги знаат надворешните фактори кои ќе ти влијаат да речеме после 5 години и затоа имаме и промени на судбината. Мене лично ми е судбината веќе неколку пати променета но не секогаш од позитивни фактори. Луѓево ги занемаруваат и негативните енергии посебно емитирани од луѓе со зли намери кои знаат многу добро како да ти украдат дел од среќата и да си ја префрлат во своето ковчеже (сфати го ова симболично). Затоа и се случува личност А да рмба како коњ и ништо да не му оди од рака а личност Б наводен другар му оди се подмачкано а всушност личност А работи за личност Б на психички план само тоа не го знае и ако некој не му каже нема никогаш ни да дознае. Над материјаниов свет достапен за сите е вистинска психичка војна на карактери, суштества, судбини и што ти не и жално е што скоро никој не посветува внимание и на тие сфери, сите тренираат тело и ум а психата тотално ја запоставуваат. Тоа што го сонуваш е најверојатно од блиска иднина и веќе се во функција механизмите за негова реализација на психички план кој е секогаш предвесник на физичкиот. Освен тоа ако сонуваш некоја клучна точка значи дека имаш ретка привилегија и моќ да знаеш што те чека и ако сакаш можеш но и не мораш да реагираш и да ја промениш но со внимание дека променетата енергија ќе мораш да ја усмериш на друга цел. Јас на мајка ми за две години и го продолжив животот само затоа што осетив (речи интуиција) дека проблемот со здравје наизглед нерешлив со медицина е предизвикан од сосема друга причина. Не успеав финално но среќен сум и за тие додатни две години што ја имав (тука треба да и кажам фала и на една девојка која ми укажа дека родителот треба секогаш да е приоритет затоа што нема вечно да го имаш покрај себе, нешто што требаше и самиот да ми е јасно но ете не ми беше). Се тоа ме наведува дека има и случајности и не е се однапред предодредено од судбина а има и личности кои можат да ти ја сменат судбината на позитивно или негативно во зависност какви се нивните намери. Сега пред крај ќе кажам неколку лични примери. Ми гледаше една Циганка одамна на улица и од се што кажа некои работи промаши но погоди дека ќе одам во странство но не погоди и дека ќе се вратам пак во мк. Друга ми гледаше на кафе и ми кажа дека ќе имам сообраќајка (имав) но и дека на жена ми ќе и бидам прв што нема никакви шанси освен ако не земам 18 годишна што баш не ми се верува . Но од друга страна се се „лепам“ на девици во хороскоп така да можеби тука направила грешка во визија. Освен тоа ми кажа ќе се бавам со транспорт што со мојата професија нема ама баш никаква врска. Значи нешто можат да видат а другото или го промашуваат или надворешни фактори отпосле го измениле. На дедо ми еден човек во Бугарија одамна му гледал на рака и му мерел со инструментче како шестар и точно му кажал која година ќе се ожени и колку деца ќе има, значи точно погодил ама не му кажал дека жена му (баба ми) ќе уништи неколку живота вклучувајќи го и неговиот. Јас на пример знам дека е мојата судбина веќе променета од првобитно зацртаната и сега живеам алтернативен живот и мислам дека веќе зависи само од мене во кој правец ќе одам. Првобитната судбина и карма ако воопшто сум ја имал ми е веќе поништена и сега е ама баш се можно и зависи само од мене што и во кој правец ќе одам. Ако имаш моќ да сонуваш однапред што и мене повремено ми се случува за битни работи, следи си ја интуицијата и ако е нешто негативно промени го но со внимание дека енергијата која ќе ја промениш мораш да ја усмериш на нешто друго затоа што таа мора некако да си ја исполни целта. Ретко имам прилика да разговарам со некого за вакви теми (а и не се баш за форум) така да се надевам не ти беше (премногу) досадно .