Епа јас тоа вака си го гледам: Да немаше судбина, се во животот ќе ми беше како што сакав - Ќе се родев во Њујорк, наместо во Скопје. Ќе студирав на Харвард наместо на Кирил и Методиј. Ќе ми растеа на дрво пари, наместо тешко да ги добивам. Ќе живеев збес збес збеснато со 2000 парчиња штикли, а не приземно и со онолку чевли колку што ми се потребни, а дури и ми недостасуваат. И тако даље и тако даље. Значи судбина ни е што сме се родиле тука, т.е судбина е што најпрво имаме облик на човек, а не сме нилски коњи на пример, да покажуваме ноздри од езерце. Сме се нашле токму во тоа семејство, на ова парче земја, се гледаме со тие и тие луѓе а не со оние, и тн. Зошто бе еве најбанален пример - возам ролери на стаза и мушичка ми влегува во уста? И јас тука се обидувам да плукнам и се струполувам доле, а позади мене уште 2-3ца. Зошто мушичката не си леткала едно 3-4цм подалеку од мене, така не би морало да пољубиме земја јас и 2-3 ни криви ни дужни. Нешто и не може баш да се смени, јас да си го креирав животот како што сакав - ете нагоре набројав како ќе сум живеела. Нешто се случува вака, затоа што вака е најдобро. Немам објаснување за тоа, едноставно верувам во тоа.
Ќе цитирам неколку реченици од книгата ,,Најголемиот трговец на светот'' од Ог Мандино. -Господ игра шах со мене. Убеден сум дек тој повремено се замешува во нашите животи и едноставно придонесува некои работи да се случат. А потоа се повлекува и чека да види како ќе му одговориме на неговите движења. Некои тоа го прават така и на тој начин ги унапредуваат животите. Други можеби возвраќаат со гнев и очај. Најпосле постојат и тие што ништо не преземаат.
вербам во судбина од многу причини и настани во мојот живот...имам исто и многу дискутирано на темава со еден куп луге...мој заклучок е колку и да велите дека не верувате во судбина порано или подоцна ке го употребите зборот-судбината така сакаше- имам и многу да филозофирам зошто верувам и во што само нема да ми стасат место на форумов ама за да веруваш во нешто ти треба и искуство и години да поминат и тогаш почнуваш да свакаш што е што! помладите од вас се многу катеогични дека не веруваат,секое право го имате да верувате во што сакате,ама не е судбина ако сте добиле единица на тестот,туку е мрза да научите!!!! темава многу ме потсека на филмот збогум на 20век во главна улога е никола ристановски мислам декка е од 1998 ама не сум сигурна...ако можите видете го
Или не?! За што би ја употребила реченицата "'Така требаше" ? За мој личен неуспех, за преселба, за нечија смрт итн за секоја ситуација во животот ќе кажам -Судбината така сакала Па не баш, не сакала судбината така, едноставно коцките се наредиле по тој редослед. Ех судбино моја.
Дали верувате во судбина ? Јас верувам бидејќи тоа и ми се случи . Со човекот за кого сум сега веќе мажена имаме своја приказна Јас кога сум завршила прва година а тој втора цело лето сме излегувале во исти кафич а не сме се знаеле. Јас ги знаев неговите другари а него не. После 3 години дечкото на сестра ми сакаше да ми мести дечко и се согласив. Ми го опишуваше како изгледа, што работи, каде живее, каков е по карактер бидејќи му бил школски од средно и ептен се дружеле 4 години во средно па и после... Ама никако да се договориме да излеземе Поминуваат уште две години јас се вработувам на едно место и излегувам на кафе со колешка ми и со нејзиниот дечко. И седиме и тој на шала ми вика : А да ти местам јас на тебе еден мој колега, многу мирно дете ќе ти се допадне а и многу е мирен, ќе го вртиш како сакаш И се согласив. Излеговме на кафе и во разговор како што разговаравме сфатив дека е тиј истиот од кафичот и тој што сакал да ми го мести дечкото на сестра ми Ама испадна тој да ми го сврти паметот со неговата приземјеност Прво не го видов убаво зашто беше полутемно во кафичот кај што седевме и од срам цело време главата му беше надоле Од збунетост дури заборави да ми го побара бројот па преку колегата и колешка ми го барал Јас реков дека ќе излеземе пак па сам нека ми го побара И така излеговме се најдовме како требало да се запознаеме одамна и уште првата година знаевме дека сме еден за друг Па после 4 години врска ( покомплицирано си одложувавме свадба) сега сме веќе во брак скоро една година и сеуште ми вика како не сме се запознале порано уште првиот пат во кафичот. Ама тоа ти е судбината си ги реди коцките таа како сака. И мислам дека сум најсреќната на светот покрај него
Дали верувате во судбина ? Јас не вервувам во судбини... зошто се разочарав последниот пат од бившиот, а мислев дека ако не па друго ќе продолжи нашата врска, ама ми го скрши срцето кога ми рече дека мора да оди во странство па и дека ќе се жени... двајцата си плачевме кога за последен пат се поздравивме и тоа.. сега не се замарам за љубовта толку... нека ми се испразни душата и со тек на време можеби ќе се најде некој со кој сериозно ќе бидеме во врска
Дали верувате во судбина ? Маци јас да ти кажам што се не сум прошла во животот тоа е нашироко и наголемо дури и мајка ми ме напињаше како сестра ми има сериозна врска а е помала од мене а јас немам, како јас сум пребирала многу, додека татко ми ја караше да не ми се меша. Ама си оставив времето да си покаже кога ќе се појави вистинскиот . Со мојот сегашен маж исто поминав многу и тој цело време беше до мене. Имав операција ( и тоа гинеколошка ), па татко ми почина а тој мислам дека го понесе целиот терет на себе, тој се организираше околу погребот бидејќи ние не бевме во состојба. Дури почна и косата да му опаѓа од стрес бидејќи се приврзаа со татко ми ептен се почитуваа обострано. Немој да се разочаруваш затоа што како викаат старите "Секое лонче си има свое капаче" така да ќе се појави ТОЈ само можеби не дошло времето A штом те оставил значи не те сакал доволно. Една постара жена ми даде совет мажот треба да те сака повеќе отколку ти него, не велам дека ти не треба да го сакаш меѓутоа тогаш ќе прави што ТИ ќе посакаш
Дали верувате во судбина ? Да верувам. Досега во животот многу работи ми се случиле предизвикани од судбината и секогаш си велам... ахх судбината така сакала. Верувам исто така и во тоа дека некој на нас ни ја пишува таа судбина, не велам не , и ние некогаш знаеме сами да си ги расипеме работите , но мислам дека доколку треба да ја запознаете таа личност ќе ја запознате по секоја цена. Е сега дали ќе биде тогаш кога вие очекувате, за еден ден , недела , месец ....ако треба и година ...како што реков ако судбината сака вие повторно ќе се сретнете И како што викаат во шпанските сериии: Y Si El Destino Nos Quiere Juntos Nos Volvemos A Encontrar
Дали верувате во судбина ? Порано не верував во вакво нешто, не верував, зошто ете имав некоја лоша судбина.....Но сега, гледано од оваа страна си викам, зошто ова не се случи многу порано. За многу кратко време доживеав работи кои ги немам доживеано ни во долга врска. Толку многу внимание, љубов онаа искрена љубов.....И сето тоа цело време било покрај мене, само било прашање на време кога сето тоа ќе биде мое. Другар ми, кој што знаеше се, ама баш се за мене, знаеше за секоја моја солза, секој дечко, и после толку поминати ноќи во дебати и различни сфаќања, сега е најпрекрасниот дечко. После 4 години интензивно дружење, и кога мислиш дека тоа е тоа и ништо повеќе, да се случи вакво нешто мора да е судбина. Некој да го прави сето тоа што тој го прави за мене, а и неговите родители исто..мора да е од љубов. Прекрасно чувство.
Не. Во судбина не верувам. Сите ние имаме избор. Го избираме она, што е својствено на нашиот ментален склоп, многу нормално. Во карма верувам. Тука не избирам јас. Избрал некој наместо мене, или сум била лоша, или добра во претходниот живот, па сега враќам, си ја чистам кармата, долгот, како сакаш наречи го. Следниот пат ми зависи од овој пат на Земјава.