Во моменти на слабост, кога не сум успеала во нешто и не сум ја постигнала посакуваната цел, знам да се утешам со она: Така требало да биде. А требало ли? Или јас така сум одлучила? Верувам дека за секого нешто е однапред определено, но верувам и во нашата слобода на избор. Некои работи зависат од нас, а ако некогаш ги избереме погрешните, не треба да се тешиме со мислата дека така ни одредила судбината. Не, тоа бил нашиот избор, а ние не сме биле со врзани раце. И верувам дека се' се случува со причина. Не верувам во случајности.
Да. Премногу верувам. И силно сум уверена во тоа дека сами си ја кроиме, нашите сегашни дела, постапки, дејствија, ни ја создаваат судбината. Производ е на сето она што сме го направиле, го носи она што допрва не очекува. Постои, не води низ животот..
Може да се каже дека верувам. Не сум многу суеверна и за повеќе работи мислам дека има логично објаснување но за судбина сум некако убедена дека има.Верувам дека уште пред да се родиме ни е напишано што ќе ни се случува и во кој правец ќе оди нашиот живот.Колку и да мислиме дека ние сме тие што одлучуваме и решаваме како ќе постапиме сепак немаме некое влијание над настаните кои ни се случуваат и кои допрва треба да ни се случат.Едноставно не е тоа во наши раце.Понекогаш колку и да се трудиме не можеме против судбината и тоа што сме.Не можеме да изменеме некои работи.Барем така мислам јас. Баш кога го гледав филмот "Агенти на судбината" си мислев на оваа тема и некако сум се поубедена дека има нешто поголемо од нас што не води,што не тера да правиме грешки а и правилни одлуки.Што ни преодредува кога,што и како ќе ни се случи.Нешто врз кое немаме контрола. Велат дека судбината им е на некои оправдување за да обвинат некој друг за работите кои им се случуваат.Не мислам баш така.Понекогаш кога ќе ни се случи нешто лошо или кога ќе се разочараме тоа не е секогаш поради некоја наша одлука туку едноставно се случува.Исто така понекогаш може да ни се случи нешто убаво без воопшто да планираме или да очекуваме.Што значи не зависи се од нас.
Верувам во судбина Факт е дека се случуваат некои работи без наша воља,а ние се наоѓаме засегнати од нив.Ваквите ситуации можам да си ги објаснам со тоа дека така требало да биде и така ми било пишано.Но,не може за секоја лоша работа што ќе ни се случи да ја обвинуваме судбината.Човекот сам одговара за своите избори и своите грешки
BlackSwan5 судејќи по твојот аватар Блер ти е идол а она има една позната мисла за судбината,мислам дека ја знаеш.Очигледно не се сложувате Се шалам,не мора да значи. Не верувам ама мислам дека е добро да постои.Мислам дека ништо не е случајно ама не заради нашите избори туку околностите на ситуациите,опкружувањето и сл
Порано не верував,но ете судбина ми било да поверувам Ми се случи нешто кое што ми докажа дека треба да верувам и во судбина,сега верувам и таа верба не ја губам,вака се чуствувам многу подобро,порано мислејки дека јас сум моја судбина бев преокупирана со работите околу мене,а сега само кажам ете судбина и се разбира една насмевка на лице
Не верувам во пишана судбина, и многу ме нервира кога некој ке каже -Така требало да биде. Јас мислам дека секој сам си ја крои својата судбина и дека секој сам одлучува за иднината. И многу често се расправам со пријателите за ваквото мислење
И јас верувам дека секој сам си ја крои судбината, односно ги осеќам конците во свои раце, и верувам дека денес од мојата акција и однесување ми зависи тоа што ќе ми се случи утре и секој ден... Но, сепак , не можам да си објаснам како мојата сестра пред неколку години еден ден ми кажа како се сонувала во невестински фустан како трча, а мајка ми два три дена пред тоа беше многу вознемирена од некој лош сон што го сонувала и коментираше да се пазиме, и потоа сестра ми загина и ја погребавме во невестинско . Не верувам дека од раѓање и било така одредено, бидејки сите ние сме активни секој ден и превземаме чекори со кои си ја насочуваме а некогаш и другите околу нас ни влијаат на судбината... Ете неколку дена пред тоа јас и мојот тогашен дечко влијаевме на судбината на еден дечко кому, да не се најдевме на право место, да не му дадовме прва помош, дишење, ќе му завршеше таму животот, а неколку дена потоа друг влијаеше негативно и дозволи мојата сестра да го изгуби животот......
ауууу sweet25 мноогу ми е жал за сестра ти останав кога го прочитав 'сестра ми загина и ја погребавме во невестинско' во последно време многу сум емотивна ама ова ептен ме погоди и тоа во невестинско многу сум разочарана вака што слушам и читам ,изгубив многу луге во мојот живот Бог нека ја прости сестра ти, сигурно била многу млада и невеста кога читам вакви работи бргу се разочарувам зошто и онака ми е тежок животот