Не верувам. Како прво, не ми се допаѓа ни самата помисла дека не го контролирам својот живот. А како второ, сметам дека изборот е секогаш наш. За на крај нели да ја обвиниме судбината кога ќе згрешиме а сепак секој чекор, секоја постапка е наш избор на овој или оној начин. А секогаш има избор.
Ти благодарам за сочувството, и јас изгубив неколку драги личности, иако оваа загуба не можам да ја споредам со другите се научив да живеам со тоа, да ,сестра ми беше многу млада, т.е. само што наполни 20 год. имаше многу планови и желби , премногу пријатели, полна со енергија, ама ете , не знам што да кажам, најлесно е да речам така требало да биде , порано бев гневна, кога ќе видев и не можев да си објаснам за некои никакви луѓе злобни и без душа зашто нив Господ не ги зима, зашто тие подолго живеат , се ослободив од гневот, се навикнав, да ти кажам во овие неколку години што се преживеав и неубаво и убаво, а пак, нешто ме чува... Жал ми е што го доживуваш како тежок животот, ти посакувам да најдеш некоја светла точка што ќе те одржува во тие тешки моменти и што побргу да ти поминат, да имаш насмевка на лицето секој ден и да живееш живот каков што посакуваш
мајка ми и татко ми биле дечко и девојка, и се сакале многу, ПРЕМНОГУ дури велат, мене други луѓе ми кажуваат, дека и птиците знаеле колку многу се сакале, пошто зашто се разделуваат тој дел не го знам скоро научив дека мајка ми ја омажиле на сила за друг, и татко ми се оженил со друга и имал две деца, но бракот не му бил убав се разведил, а мајка ми и кажуваат дека тој човек има шизофренија и таа се разведува, и поради работата морала да го продолжи своето образование (во местото каде бил татко, кога биле дечко и девојка мајка ми таму учела и така се запознале, а потоа завршила и се вратила дома) и една ноќ повторно го сретнала татко ми случајно во тој голем град, за да оформат фамилија, но ете мајка ми почина пред 8 години судбина
на брзина го пишував се надевам разбравте има многу за пишување сакав во кратки црти, има и многу грешки, верувам во судбина, верувам дека се се случува со причина баш се, дали тоа ни е казна, лекција... се е со причина
Да, верувам. За мене се се случува со причина. И често знам да кажам за нешто кога ќе се случи: судбина. Мислам дека се е запишано некаде, што и како ќе ни се случува и можеби кога мислиме дека ние ја кроиме судбината, всушност не е така.
некаде имам прочитано дека судбински ни е одредено само датата на раѓање и на умирање, и лицата кои ќе ги сретнеме во нашиот живот- но не и улогата која ќе им ја дадеме... Значи секој си имал своја сродна душа што судбински морал да ја сретне барем еднаш во животот- макар тоа да е продавач/ка во продавница..... но не и дека ќе бидеме со таа сродна душа....значи ние си одлучуваме за се друго.... мада верувам дека има некоја виша сила....еве на пример со мојот ex-to-be маж се запознавме ко од шала.... значи ги знаев сите негови другари освен него( барем никогаш не ми влегол в очи)...таа вечер кога се запознавме требаше да одиме в друг град на излегување со другарките и случајно со нас дојде и еден негов другар..не знам што како се случи ама јас за малку немаше да одам но некако стигнав дома се истуширав набрзинка и излегов со мокра коса а се шминкав во колата...и таман на излезот од градот колата се распина нешто и се вративме и седнавме во еден ресторан.... кога случајно тој упадна со остатокот од неговото друштво ( а и он имал работа цел ден и за малку немало да излезе).....почнавме да се муабетиме...па во диско заедно...па ме испрати до дома ( што претходно никако се нема случено)...и др работи кои се ределе некако случајно како виша сила да влијаела на нас... аааа и заборавив, уште додека не го знаев него, неколку пати имам поминато откај неговата кука и некако осекав чудно чувство не знам како да опишам ( а куќата е скромна и обична не е нешто посебно и впечатливо па затоа да сум ја загледала)............којзнае..............
Во случајности не верувам,се се случува со причина Сметам дека самите си ја кроиме иднината,воедно и животот.Сум пишувала и во друга тема дека ние самите одлучуваме за нашиот живот. Самите ќе направиме некоја глупост,самите одлучуваме и после велиме ,,судбина".Барем јас така мислам
. ..вервам... и под тоа подразбирам работи и случки кои што се дел од мојот живот а кои се случуваат без мое директно влијание.. .исто, се се случува со причина во животот и секоја личност која е дел од животот е казна или благослов за нас ,судбински одредено. .но.сепак главните актери во сето тоа сме ние самите кои одиграме некоја улога позитивна или негативна...... . . на пр многу пати кога ми било тешко во животот сум мислела дека сум го допрела дното, добивам некој повик или понуда за работа и излез од тешкотијата........ .. :geek: ..или сум среќна а одненадеж се случи нешто лошо........ :geek: . ....само мојата кожа знае се....хахаха.............
Верувам во судбината,затоа што тоа и ми се случи. Пред многу години ми местеа еден дечко но јас кога го видов не ни сакав да бидам во врска со него. Потоа се заљубив и се се омажив за човекот што многу го сакав. По неколку години разбрав дека дечкото што ми го местеа се разболел и починал и јас тогаш само си помислев(фала на Бога што не бев со него - сега ќе останев сама). Но моја судбина било навистина во животов да бидам сама. Го изгубив мојот млад сопруг и сега навистина сум сама. Можеби некои работи во животот не се судбина и можеме да ги смениме како на нас ни годи, но некои работи навистина не се менуваат,затоа што така е претскажано за судбината не секој човек. Би сакала сите луѓе на светов да може да бидат среќни.
Некои работи во животот ни се предодредени, односно за некои во работи што ни се случуваат во животот не одлучуваме ние, тие ни се дадени како такви и не можеме да ги промениме. Кога зборувам за ова, мислам на нашето раѓање, нашите родители (ние не сме ги избрале, едноставно тие ни се родители и не можеме да ги промениме), потоа смртта (ние не одлучуваме кога нашиот живот ќе заврши), религијата, местото во кое живееме и така натаму. Сакам да кажам дека тие работи ни се судбински преодредени. Но, сепак за поголемиот дел од работите, одлучуваме ние, и само ние. Ние свесно ја бираме нашата професија, нашите пријатели, нашиот сопатник. Ние одлучуваме како ќе го поминеме животот. Ние ги донесуваме сите одлуки во нашиот живот. Ние одлучуваме дали ќе бидеме среќни или несреќни. И тука не станува збор за судбина.
Да.Се што ни се случува во животот се тоа е судбина,бидејќи се,се случува со причина.Баш со една другарка коментиравме на оваа тема и она ми вика сам си ја кроиш својата судбина.Е не е така.Да беше така,јас ќе сменев некои работи пред да ми случа,но едноставно така требало да биде.На пример...Има две улици.Имаш избор од каде да пројдеш,но на крајот од каде и да пројдеш така требало да биде.На едната улица можда имало некој манијак што ти не си прошла од таа и си го избегнала тоа,но некоја прошла и манијакот и се закачил...таква и била судбината на неа.
Јас лично никогаш не чекам да ми дојде судбината, секогаш ги превземам сама работите. Мислам дека тоа е измислено за тие што несакаат да превземат иницијатива за работите. Секој треба да си донесе одлуки во животот и да се води по нив. Сами си го кроиме животот, никаде ништо не ни е запишано и однапред предвидено.
Не треба да се чека судбината, треба да се крои, бидејки да постои судбина, но не е сосема зацврстена и може да се промени доколку се даде отпор...