Верувам дека постојат некој предосдредени работи.. нешто што треба да се случи, ќе се случи без разлика на се. Не постојат случајности.
Не верувам во судбина, се се случува како реакција на нешто што сме го направиле, дефинитивно сами си ја кроиме судбината.
Ја и верувам и не.Верувам за тоа кога ке ми се деси неешто и се дешава а не е до мене,а не верувам од причина што ако не се борам за нешто да остварам или напраам нема од небо да ми падне морам ја да се потрудам
За некои работи ние сами си ја градиме судбината, а други работи што немаме избор едноставно морале да се случат.. Дали тоа е судбина? Што се подразбира под судбина?? Тоа не знам
ние ќе си направиме така ќе ни биде.Буквално сами си ја кроиме и судбината,а и животот.и сигурно не требало така да биде.Тоа ти е болен изговор со кого се служи цел свет.
Верувам дека постојат предодредени работи кои спаѓаат во судбина, кои требало да се случат без разлика на било што. Но начинот на кој ќе стигнеме до тие битни моменти е наш избор. Нешто во стил: од секогаш сум сакала да бидам учителка, но избрав да учам стоматологија, па се надевам дека еден ден ќе бидам наставник во некој стручен предмет, ако тоа ми било судено.
Оооо да! Само шо не се вика судбина, туку детерминантност на универзумот. Ако мислите дека како луѓе можете да смените нешто, океј, кул за вас. Само што она што мислите дека ви е свеста, е само бееезброј атоми, кои се контролирани од законите на физиката. Тие контролирани атоми влијаат на сите процеси у телото, ама ако судбината е ствар на свеста, тогаш да, влијаат и на мисловниот процес. Still, it's the best life you can ever have.
. ..верувам,да,ама сепак мислам дека и ние имаме голема улога во сето тоа.. . ..верувам во она дека кога се раѓаме уште третата вечер ни е запишано што и како ќе ни се случува во текот на животот... . :geek: ..се се случува со причина ништо не е случајно во животот..секоја личност во нашиот живот е испит,лекција или казна. се можиш да му земеш на човекот освен неговата среќа... . ..што е мое ќе си дојди. .. ова последното го осетив на моја кожа,кога бев очајна,на дно,нагоре високо,надолу длабоко,без шанса за спас,ми дојде повик за вработување/ок,тоа јас и аплицирав со години,и заборавив дури на тоа... имам верба во себе си,што исто така е голем плус.... .. ..можеби звучи нереално,ама јас верувам во сево ова... .
Верувам во судбина , но никогаш не треба да се откажувате од животот поради лошата судбина туку да се борите против неа тоа нема да направи да ја победите туку тоа ќе ве направи да станете похрабри...Секогаш треба дасе надевате дека нешто убаво ќе се случи и да работите на тоа.
Секој човек сам си ја креира својата судбина. Никаде не е запишан мојот живот. Тоа е моето мислење. Каков став имаш кон животот, такви работи ќе ти се случуваат.