Вака , дојдов на темава со цел да се пожалам за хороскопот на Фемина . Хороскопот е глупав и мутав, во секој нареден месечен хороскоп се пишуваат идентично како од предходниот , како на пр: романтични вечери,прстења,брак ,свадби крштевки , Уран влегол во Марс , Меркур во Венера и внимавајте на здравјето , и годишниот за 2019 ке биде препишан од 2018 Зарем до толку не можеле професионален астролог да најдат па пишуваат вакви глупости
Не треба да се верува во хороскоп, во смисла дали нешто ќе ти се случи од она што го пишува и сл. Тоа се празни муабети. Знаците генерално си имаат свои базични карактеристики со кои се разликуваат од другите, но сепак не може да се издвои некој прото-тип, бидејќи многу фактори играат улога, како генетика, стекнати особини од средината, подзнак и друго.
Порано често читав хороскоп,ама можам слободно да кажам дека никогаш не верував на напишаното,ниту очекував нешто од тоа да се случи. Одамна престанав да читам,но можам да кажам дека иако не верував во написите за дневен,месечен или годишен хороскоп,верувам во описите т.е карактеристиките на секој хороскопски знак,само со тоа се сложувам,бидејќи се е точно опишано како за мојот знак,така и за многу други знаци
Истото и јас го мислам и се прашувам како е можно карактеристиките на хороскопските знаци да се толку точно напишани, а никогаш да не ми се погоди дневен/месечен/годишен хороскоп
За тоа што ќе ми се случи денес,утре после 5 години не. Ама за тоа во карактеристиките скрос се пронаоѓам
Порано многу сум била опседната и редовно сум читала а сега веќе не ,онака од забава понекогаш ќе читнам
Па не баш. По мојот хороскопски знак, премногу дејнџр сум и наци-хороскопијашите, бегаат само затоа што знакот ми е таков....
Луѓе кои се во хороскоп близнаци , со какви луѓе сакате да се дружите ? Што ве привлекува во човекот најповеќе какви карактеристики ? ( каков треба да е еден/а идеална пријател/ка?)
Не верувам во хороскоп. Но имам пријателки кои се ептен навлезени во астрологија, и секогаш ми зборат како одредени постапки, карактерни особини ми соодвестувале со хороскопскиот знак, со подзнакот.. Ако ништо друго, барем интересни ми се да ги слушам кога ќе почнат да зборуваат за влијанијата на планетите, за некои јапонски, кинески и не знам ти какви форми и знаци...