сега ти ќе го ставиш умот дека според хороскопот ќе раскинете и двајцата ииии секако дека ќе раскинете бидејќи ти веруваш дека тоа ќе се случи. А не мора да значи. Малце е глупаво да си ја откриваме иднината. Сега како ќе реагираш? :roll: Мене пак овој хороскопов на фемина некогаш ептен ми погодува, некогаш не. Зависит и колку години имаме и каде сме и со кого сме..
a be veruvajte vo licen natalen horoskop..a vo dnevni,nedelni,mesecni...ne..neka vi sluzat kako zanimacija ili kako nekoj patokaz..jas porano mnogu se zamarav so horoskopi,kupuvav spisanija ama so vreme se pomalku i pomalku..znam da procitam sto mi pisuva vo prognozata za denes utre..za nedela,mesec..ama ne veruvam celosno..mnogu potocen e natalen horoskop
Па некогаш знае да се погоди,ама не мора слепо да му се верува. Еве мене ми пишува треба малку да одморам од работата и да се социјализирам И ај сега речи не е точно
Не верувам, иако понекогаш знаело да ми се поклопи тоа што го пишува со тоа што ми се случило... значи дека сепак го читам, иако не верувам... а не верувам ни во натална карта откако во мојата имаше толку многу работи што немаат врска со мене, се однесуваа на минатото, а никогаш не ми се случиле... за иднината не знам...
Читам дневен хороскоп меѓутоа не верувам во она што е напишано. Ми имаат направено натална карта и сето она што ми го кажа астрологот е горе-долу вистина. Имаше некои работи од кои ми се пресекоа нозете кога ми ги кажа и некои за кои не верував дека се вистинити и дека би можеле да се случат ама се остварија hock: Сега сакам да одам да ми направат годишна карта за 2010 ама некако страв ми е.
Хороскопот е само заради забава,нешто како гатање на иднината или пак сегашноста,но сепак мислам дека хороскопот е чиста коинциденција.
Па ми имаат правено натален хороскоп и се погоди многу вистина од тогаш ,и плус како ми кажуваше за мојот карактер како да ме знае лично верувам во натален хороскоп што го прават лично за тебе али пак неможам 100%,а во овие на странициве дневни месечни ги читам чисто ради забава а на натален има некои работи што може да му се верува,ама не верувам дека има човек што баш ќе се потпре на тоа
Јас по се изгледа ке почнам да верувам во хороскоп,како што гледам,иако сум малку скептична во врска со тоа.
Кај Зоран Крстевски што го имаше на тв и пишува во веснициве како вест прилично добри хороскопи прави и кај една србинка али таа си замина од нашава ни земја
Не верувам во хороскоп, барем не во овие по страни и весници.Ги читам само за забава. Некогаш ќе се погоди нешто точно ама не му придавам значење. Ниту пак мислам дека ни ја откриваат иднината. Туку сакам да прашам каков е тој натален хороскоп, и кој може да ти го направи ? Се заинтересирав пошто гледам мн верувале во него. Позз
Мислам дека во оние натални карти и општи карактеристики за знаковите има вистина. А во оние дневни,месечни хороскопи - НЕ ВЕРУВАМ иако се случува да погодат нешто
Јас незнам зошто сум скептик за некои работи,некогаш неверувам во хороскоп,некогаш не.Пред малку читав хороскоп и стварно ми погоди некои работи до толку што се точни е ај сега како тоа? Пола ке верувам,пола нема да верувам,што знам па и на крајот на краиштата се е релативно.
Престанав да читам хороскоп,ми нема никаква смисла веќе.Порано ми се случуваше да го читам,што од досада,што од навика или љубопитност,или појма немам од што.Мислам дека дури и тогаш не верував во тоа што ќе го прочитав,туку само така,безвеза... Како и да е,мило ми е што се ослободив од таа бессмислена навика. :up:
во принцип воопшто не читав хороскоп, но кога се ставив на фемина секојдневно го читав и навистина ми погодуваше доста работи. меѓутоа она што требаше да се случи и го пишуваше дека ќе се случи не се случи. затоа ќе престанам да читам хороскоп веќе. не дека верувам во хороскоп меѓутоа сум личност која многу се надева.