Kоинциденција..Да можеби..Но секој ден да ми погаѓа , па има нешто во тоа..Јас секогаш вечерно време излегувам..Си дојдам дома седнам на компјутер и си го проверам хороскопот овде на Фемина..Секогаш ама секогаш ми е точен..Значи јас верувам во хороскоп..
Па не верувам баш во деневн месечен или годишен хороскоп иако некогогаш може да ми се случи нешто што пишува а некогаш и не а и не се замарам и многу со тоа
Порано не верував во хороскопот што беше.. Но кога ја најдов станата на фемина, случајно погледнав во хороскопот за вага.. Ептен ми го погодија.. И месечниот ми го погодуваат секогаш, аа и годишниот сега за сега.. Така да, почнав да верувам.. Оти во коинциденција не верувам
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! не верував во хороскоп, го читав ама ништо не излегуваше вистинито ... неколку пати фемина ми погоди повеќе работи ... од тогаш почнав редовно да си го читам хороскопот на фемина, и можам да кажам дека сум стварно изненадена (пријатно изненадена) затоа што конечно пронајдов хороскоп во кој можам да се пронајдам себеси .. феминаа !! :up:
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Ретко да ми се погоди нешто. Порано го читав списанието “Таа“ и мислев дека лично ме познаваат, па за мене пишуваат од толку што ми беше точно Сега не го читам, па незнам, по нет нешто што ќе сретнам читам, но онака колку за забава, не се замарам многу.
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Јас имам голема верба во хороскопот.Значи било да е дневен,месечен или годишен секогаш ми е точен,особено на фемина а се случувало и на други места.Така да,јас верувам во хороскоп и навика ми е да си читам секој ден
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Читам скоро секој ден, барем на два дена, така да...веројатно длабоко во мене има надеж дека е тоа вистина. На дневните хороскопи не се ослонувам, ама месечните и годишните ги читам редовно. Овој на фемина ми е погоден во однос на месечниот. Дневниот кога-како. Забавно ми е, зошто да не Инаку и мајка ми имаше неколку пати нарачувано таква натална карта, се изненадив како беше целата стокмена, напишана и упте почудно многу работи и се исполнија од напишаното. Е сега, кај нас многу знаат да прелажуваат па да ги земат парите, а да пишуваат глупости. ЗАтоа, само кај некој препорачан.
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Порано ептен верував,сега па ич.Ќе изнапишат цел текст и нормално дека во некој дел ти ќе се најдеш.
Искрено опседната сум. Тоа е едно од првите нешта што ги правам наутро - читам хороскоп. Што е нај чудно не верував во хороскоп до пред 6-7 месеци. Случајно отворив колку да видам што пишува и ми погоди 99%, наредниот ден пак и пак и пак... Не секогаш ми погодува се но...станав зависна
Што се случува со луѓето? Земаат весник, одма хороскоп вртат. Прочепкаш по нет, на секоја втора страна "Какви се хороскопските знаци" Толку почнаа да погодуваат или само на хороскопот остана да се надеваме?
Не баш и затоа ретко кога читам хороскоп! Но многу се пронаоѓам во особините на мојот хороскопски знак и помалце во особините на подзнакот! А инаку тие дневни, месечни хороскопи ептен ми се неверојатни и се сомневам дека се точни!
Би било смешно да кажам како не верувам во хороскоп кога секој ден обавезно читам и се ми се случува исто.. Ако ми пишува да не излегувам од дома и не излегувам Адиктед сум...
Пааа ....значи секој ден си читкам се што ќе сретнам под наслов хороскоп ,но не можам да кажам дека слепо верувам...кај мене е така,ако ми се допаѓа тоа што го пишува-верувам ,ако не ми се допаѓа-веројатно не е точно напишано
да верувам и секое утро најпрво ке си прочитам денешен хороскоп па потоа нешто друго ако отварам и верувам во хороскоп бидејки многу нешта што ми пишувало се исполнувало и на некој начин сум зависник од хороскор.... да си прочитам хороскоп ми е како добро утро!!! хахахаха
секое утро пред да одам на работа, со цигарата си читам хороскоп ќе ги превртам сите хороскопи на сите страни што ги знам, потоа одам слободно на работа, а дали верува или не не знам баш да кажам бидејки нај често откако ќе излезам од брата заборавам што сум прочитала
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Ако зборувам за себе, скоро се е погодено. Исто и на моите најблиски. Наивно верувам во него, меѓутоа некогаш мислам дека станува збор за психа. Сам би се натерал тоа да е точно, за да се увериш во прочитаното на пример, итн.