Колку треба да му веруваме на хороскопот?! па некои си 90проценти е точно од хороскопот и секако верувам во тоа
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Јас го читам хороскопот колку за забава. Да поткрене некоја надеж во мене, дека можеби ќе се случи тоа што сум го посакувала. Што се однесува до овие дневни и месечни хороскопи - не верувам во нив. Сметам дека ова е точно (го прочитав некаде, значит цитирам „Луѓето велат и се убедени дека се посебни, а веруваат во колективни хороскопи“ Со ова сакам да кажам дека не верувам да им се случуваат исти работи на стотина, илјадници личности во светот. Е ај сега, Јас и Х број ракови да се омажиме, да се вработиме, да стапиме во врска, да добиеме дете, да се запишеме средно, да дипломираме итн итн на ист ден? Не верувам, уште еднаш. А за наталните карти не мислам ништо зошто не сум направила и не познавам личност на која и направиле
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Не верувам во "предвидувањата" на хороскопот, но за карактер скоро се ми е погодено.
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! па а хороскопот му верувам 90% бидејќи се ми погодува ..и една реченица да има апишано таа ќе ми ја погодат как за мене да го пишуваат .. хепи
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Не верувам во дневен хороскоп, иако понекогаш го читам. Не верувам заради тоа што не би било можно на сите луѓе со тој хороскопски знак во истиот ден исто да им се случува. Не е логично. Е сега, можно е да се погоди нешто, но никако не се ослонувам на хороскопот. Од друга страна, за карактерот е скоро се погодено. Точен опис и за мене, и за луѓето кои ги познавам.
Во дневен хороскоп не верувам, не може на милиони луѓе во светот хороскопот да им е ист. Го читам чисто од забава. Во натлна карта верувам зошто тоа е сепак твој личен животен хороскоп. Намената на наталната карта е да ги воочите вашите вродени способности, како би можеле да ги развиете, вашите потенцијали во одредени полиња - како би одбрале соодветна кариера. Да ги согледате вашите недостатоци и совет како да ги надминете или барем да ги ублажите во најголема можна мера. Исто така да ви помогне да ја зголемите вашата самосвест и способност правилно да ги насочите вашите сегашни цели, да донесете одлуки и да ги реализирате вашите животни цели и потенцијали.
Па и јас не верував дека се точни, ама кога видов дека и одкога се случило се ќе прочитом потоа хороскоп, па си велам, можеби има нешто?
Па да верувам,и понекогаш тоа и ми помага да откријам подобро нечиј карактер,бидејки луѓето со ист хороскопски знак имаат слични карактери да не кажам исти.Е сега нормално има исклучоци
Да верувам и многу ми се интересни тие теми поврзани за астрологија итн..можеби и затоа верувам во хороскоп но друга причина е бидејќи навистина умее да ми погоди нешто, да ми предвиди, тоа што го пишува навистина да е така, а и кога читам текстови поврзани со опишување на личностите во мојот хороскопски знак, карактерот, изгледот се пронаоѓам тотално
Карактерот на личноста зависи од хороскопот, секако не целосно но има влијание. Тоа го знам не само по мене, туку и по скоро сите што ги познавам. Најчесто карактеристиките за хороскопскиот знак се поклопуваат со цртите на карактерот. Инаку, во дневниот хороскоп не верувам многу, но го читам.
Опседната сум....коа запознаам некоја нова личност прво покушавам да му погодам шо е у хороскоп па после го анализирам и знам шо сака и шо не сака и као треба да се поставам спрема тој човек
Пааа.... Така-така.... Се случува понекогаш да се совпаднат работите ... Така да и јас несум сигурна дали верувам или не
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Дневен хороскоп ми е без врска и не верувам, го читам онака за забава, или ако денот ми е лош и ми треба мотивација си наоѓам читајќи хороскоп. Ама во општите карактеристики стварно се пронаоѓам 99%, а и знам за многу луѓе од прва да погодам што се во хороскоп врз основа на карактерот и постапките што ги прават..
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Повеќе читам и верувам во неделен и месечен хороскоп. Дневниов ми е драпај си кај што не те чеша.
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Јас цело време отварам хороскоп, секооој ден.. и чат пат ми погодуваат....
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Знаат да ми го погодат хороскопот, но понекогаш знаат и да згрешат... и црно да ми се пишува јас пак се трудам да не мислам на напишаното што сум го прочитала....Мислете позитивно и ќе има позитивни резултати