не дека се убедувам да верувам во нешто и слични глупости ама хороскопов на фемина цел ден ми го погаѓа
На дневниве па и скоро да не им верувам, ама за карактеристиките на јарец и те како ме опишуваат. А вака среќа не сум опседната ко една моја другарка , некогаш чисто онака ке видам низ фемина шо ми пишува за денесама ич не се опседнувам. Колку од разонода
Не, ама кога немам друга утеха или решение за нештото, верувам моментално онака. Или само си мислам дека верувам
Наидов на еден текст од кафепауза па си реков да го споделам со вас: За мојот знак(скорпија) е сосема погодено, па вие кажете си за вас http://www.kafepauza.mk/astrologija/ast ... i-barieri/
И мене се ми е погодено, посебно ова - " Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости."
Во дневен, месечев, годишен итн не верувам. Верувам во тие општи карактеристики кои се зададени за бикот на пример бидејќи навистина јас сум се пронашла и во однос на другите знаци сум нашла огромен процент на вистинитост.
во првиот дел си во право, но за дневниот хороскоп сметам дека кај секој е различно бидејки мене скоро секогаш ми погодува, ги слушам совети те и се е супер
ДА. И тоа многу. Уште од основно кога читав во Наш свет. За таа недела ми пишуваше дека ќе одговарам по историја се сеќавам. И навистина одговарав, но пред да го прочитам хороскопот. Преска додека си ја средував собата си мислев да си купам некои украси за да ја разубавам собата, потоа го прочитав денешниот хороскоп и ми го пишуваше ова Останав со подотворена уста.
Колку треба да му веруваме на хороскопот?! Ако речам дека не верувам ќе ве излажам верувам ама многу малку.
Искрено во дневниот хороско,па слободно можеам да речам да. Но во сите останати дефинитивно 50/50, зошто не сме баш сите луѓе толку исти.
Значи дневен хороскоп неможе да постои. Зашто? Затоа што хороскопот е нели според планетите а сите планети не се движат толку брзо а и неможе секојдневно да се следи нивното движење. Можно е да се направи од неделен хороскоп па "нагоре"... Па заради тоа во дневен хороскоп не верувам а богами и во неделен не верувам. Верувам во годишен и верувам во карактеристиките затоа што се ми е погодено, ама баш се. И да, можно е некгаш дневниот да ти погоди али тоа е случајност верувајте. Неможе сите пр. овни секојдневно истото да го прават. Нема смисла!!