Не верувам во дневен, месечен или годишен хороскоп? Како прво нема и логика зошто да верувам. Неможе на сите пример јарци да им се случува се исто. Или пак кога ќе ми рече некој еј не го читај вчерашниот хороскоп не е убаво! А, што не е убаво тоа што не ми го погодиле?! Верувам во карактериските на секој посебен хороскопски знак, али не секогаш, туку делумно само.
Јас си верувам во хороскоп, бидејќи сите детали се точни (за мене). Па, повеќепати и на дневниот хороскоп на Фемина ми се погодува нешто, навистина, верувам во хороскоп, а натална карта сеуште не сум направила.
Читам онака, не дека нешто се притресувам ептен, нити пак очекувам да ми се случи тоа што пишува. Ама ај, за забава.
Верувам во хороскопот, навистина верувам... Ми имаат многу погодено, се пронаоѓам во карактеристиките на близнакот, па дури и во подзнакот се наоѓам себе си... Дневниот хороскоп горе-долу погодува нешто, но оној месечниот и годишниот се целосна утка! (П.С не верувам во оној новиот со 13 знака )
ДА да верувам и тоа како.. бидејки речиси секогаш ми годи по нешто.. Посебно кога ке е мојот месец.. Потполно се пронаогам во карактеристиките и обожавам да дознавам нови информации за хороскопските знаци
Во глобала да,тоа за основните карактеристики за секој знак е точно,меѓутоа во хороскопи од типот "што ќе ти се случи денес'' во никој случај....живи глупости
И не само што верувам понекогаш дури и мислам дека сум опседната со тоа кога ке запознам нова личност пров ми иди да го прашам што е во хороскоп одколку како се вика.. мислам дека така полесно ке му го знам карактерот верувам во се во врска со хороскопот освен онај денешниот ама пак си го читкам ради навика
Па на српскиот на фб или на хајд парк обично знаат да погодат по нешто.Така да си читам обавезно секогаш штом излезат нови.
Верувала или не верувала,секогаш испаѓа ко што пишува.А за карактеристики на хороскопски знаци нема утка.
Откако сум на фемина обавезно секое сабајле си проверувам хороскоп . Некогаш ќе ми погодат нешто , некогаш живи глупости . Пф онака да се израдуваш ако пишува нешто лепо не дека нешто..
Да,секој ден го посетувам форумов најпрво заради хороскопот,ми се дешава понекогаш како што е напишано..позз
.. ....не сум опседната со хороскопот,ама на пр секое утро онака со кафенцето дали од обичај дали од навика првин го отворам хороскопот на фемина....некогаш ми погодува,некогаш ме клава во мисла...некогаш ќе ме насмее слатко....горе долу го сваќам поќето како забава,ама ако нешто на пр ми предвудува искрено и очекувам да ми се случи....хахаха...па луѓе сме...а верувањето и надежта не правам онака посреќни или понесреќни...зависи.....
БИ САКАЛА НЕКОЈ ДА МИ НАПРАВИ САМО ЗА МЕНЕ ХОРОСКОП,ДАЛИ ПОЗНАВАТЕ НЕКОЈ ТАКОВ КОЈ СЕ БАВИ СО ОВАА РАБОТА? ПОЗДРАВ4Е