Секој ден читам хороскоп. Посебно на Фемина ми погодува многу работи. Стварно мојот знак ме опишува. Чудно но вистинито
Може да се каже дека верувам, бидејќи несвесно многу запазувам секој ден што ми пишува. Особено тука на странава редовно си го читам хороскопот
Верувате ли во ХОРОСКОП? Јас сум лав во хороскоп Не верувам секогаш во хороскоп но можам да кажам дека многу често е точен.
Кога ми пишува убави работи верувам, а кога не не' верувам. Спојлер Се шегувам секако.. Знам да читнам некогаш од досада чисто онака. Сметам дека сами си ја кроиме судбината не верувам дека ѕвездите нешто ми напишале или како и да беше таму бла бла бла. Знам што сум во хороскоп ама хороскопскиот знак и мојот карактер се како ден и ноќ ама никаква карактеристика немам. Така што не, не верувам.
Во дневен, месечен и годишен хороскоп не верувам. Ама во општите карактеристики за хороскопските знаци и тоа како верувам. Скоро секогаш се поклопуваат
НЕ. Не верувам. Кога сум читала хороскоп на сабајле и ако пишало нешто негативно тоа влијаело на моето расположение и цел ден сум се чувствувала лошо. Почнав да верувам дека сепак има нешто вистинито во ова. Меѓутоа кога подобро ке се продлабочиш и го преиспиташ влијанието на хороскопот врз твојата психа ке видиш дека делува како плацебо. Точно како шо пишува така и ке се чувствуваш доколку си го прочитал на почетокот на денот. Инаку понекогаш го читам од забава онака.
Ми се случило да ми погодат некои работи, не викам не, меѓутоа повеќе причини имам да не верувам отколку да верувам во хороскоп. Знам повеќе личности со исти хороскопски знаци и секој од нив е приказна за себе, заедно со нивните случувања.
Делумно верувам , ама онака стрикно не. Читам од мала и многу ретко да ми се случи нешто од тоа што го пиши, ама од навика се лажам да читам пак