Не, јас мислам дека тоа е за очајните тинејџерки кои едвај чекаат знак кој им вели дека симпатијата ги мисли
Па не, ама пак одвреме навреме знам да начекам и по неколку цагери дневно и потоа да чујам еден убав машки глас...
Не. Дневно ги фаќам по 3-4, ама демек среќава. Да ми се исполнуваше се што прогнозираат, со оглед на тоа дека не ми поминува ден без нив, кај ќе ми беше крајот.
Верувам како да не верувам, таман работа. А како иначе би знаела кога мисли на мене, или кога ќе го видам?
Не и преглупо ми е кога некој одеднаш ко ненормален вика пошо фатил цагер,а човек ќе си помисли откриле правосмукална со опција mute -.- Таквата личност се брише истата секунда од мојот живот.
Многу често ми се случува да начекам некој,аама немам навика да гледам што значи бла бла бла... само кога некој ме сака,или јас него-гледам. а многу многу не верувам
Досега цагерот ми се има остварено 2-3 пати... можеби чиста случајност инаку не се замарам многу со такви работи.
Хахахха..... дефинитивно НЕ! Но, мојата другарка ги зане сите напамет. Но јбг, од кај да знаеш може има нешто точно!