Верувам. Верувам во небото со сината боја, верувам дека влошкава фрлена пред влез не е моја. Верувам во љубовта, родена во некој бесен пасат, верувам во кавијар не во ајвар и лутеница подрум што красат. Верувам и во судбина што се крои во палати, верувам во кеш а не во мизерија од плати... Аууу па не требало песна да си напишеме де Секако бре дека не верувам во цагер, а кој нормален верува уствари?
Не верувам, многу нормално. На фејсбук најмногу се нервирам кога ќе видам статус со цагер. И тоа од девојчиња од моја генерација. Абе луѓе, пораснете! Како малечка ми беше интересно кога ќе видам цагер, за секој цагер имаше демек по нешто. 16:16 - мисли на тебе пример и такви ми ти работи. Ама ни тогаш, а помалку сега верувам во тие работи. Живи глупости.
Цагер... Le piece of shit. Па добро бе народе, вчера едно тешко шмизлиште ме прашува колку е саат? Јас, фино девојче, покрај тоа што органски немоежев да ја смислам, го вадам мобилниот и кратко и јасно нула-нула и нула-нула(шта ми би, алкохолот проработел) и пријателкава ни два ни три: „тоа значи дека те сака! Да веруваш во вакви работи, важни се!“ ОУ-МАЈ-ГАД, навистина? Незнаев дека дечко ми со кој сум година ипол ме сака. Благодарам.. Навистина, ми ја разубави вечерта. Или исто така, во училиште, на час, владее тишина и одеднаш со воодушевување ти се става пискаво гласче: 13:13! Многу ми е малоумничка целава работа со цагеров. Бедно, патетично.
НиШто нееЕееЕеЕее е сЛуЧаЈно... дУрИ и еДен мал цагеР... Ах колку МНОГУ може да знаЧи... Awwww. Боже каква тема. Бре.
Верувам и ми значи до тој степен да кога видам дека е хх:хх часот не ми ни текнува дека е цагер or something!
па искрено порано верував ..но сега не се годи нешто на среќа некогаш али многу ретко ..не дека има вистина во нив
Како да не верувам во вакви глупости ова нема врска воопшто некој може да верува дека споредил некои работи а не знае дека тоа е можеби само случајност и така самиот направил да верува во тоа.
Да верувам. И верувам во онаа листа на цагери од основно што ми е. 00.00 ме сака 01.01 сака да ме смува 02.02 неможе да заспие од што мисли на мене 03.03 сака секс со мене 04.04 ме сонува 05.05 ме смета за пријателка 06.06 се буди со мисла за мене 07.07 сака да сум му девојка ... верувам да, верувам во цагери.
Нормално дека не верувам , до скоро не знаев ни цагер што е до пред некоја година , срам да ми е , знаев дека има некаква врска со стрелките , но не знаев како се вика ...
Не, ама порано си имав тефтерче со запишани цагери од Таа весникот и како опседната бев кога и да видам цагер, трк до бирото, брзо листај тефтерот да видиш што значи Единствено можеби ми останало како суеверие тоа дека точно на полноќ не треба да си доаѓаш дома, демек нешто лошо ќе се случи