не дека сум опседната...али кул ми е коа ќе фатам и ќе покаже нешто убаво....онака се осеќам поубаво (како мало изненадување) не дека ќе се деси (99,9% никад не се дешава) али сепак...интересно ми е
не дека верувам ама интересно ми е кога ќе фатам цагер и ќе се израдувам ко мало детенце за глупости-занимација
хаха секако дека не тоа ми се ептен детски работи иако во последно време нонстоп фаќам 00:00 Спојлер нешто чудно ќе ми се случи?????
Глупости -.- Онака ако некогаш ми е досадно и сум фатила цагер, ајде ќе видам што значи. А да верувам? Неее
Ааа .. ако е после цагер ко 23:26 не чини ни тоа , тоа значело те сака јас така ги знам ако е пред цагер -те сака, ако е цагер -те мисли и ако е после цагер -те мрази
Хм, па што знам , не дека верувам во нив ама убаво ми е кога ќе си видам цагерче (а тоа многу често се случува) и не знам дал е случајност или не знам што ,ама ако се погоди неколку цагери да видам во еден ден обавезно ми се јавува некој бивши што одамна не ме чул ...
Секако дека верувам. Поточни се од баба Ванѓа. А верувате во глеање на таблици од коли? Хух, ме мисли некој на У. .. и тогаш сфаќам дека незнам никој на У.. потрагата продолжува.. Спојлер dafuq .. ?
Хм.. имав една забранета љубов, ајде наши сме па ке Ви кажам, и он живеше во Турција. Е Турција е еден сат понапред од нас, и верувајте за мене беше цагер 16:15.. И како тоа траеше годинки, така за мене тоа беше цагер. Долго потоа ми требаше да се одвикнам и од него и од ваквиот мој цагер. Али озбилно, ке си видев сат на пример 17:16 опс за мене тоа е цагер, знам ама.. И денеска кога мислам на него, а се поретко, освен што му отварам редовно профил на ФБ сеуште мислам на англиски, така комунициравме и цагер е тоа замене. Е сега како е се пререгуларно во оваа моја актуелна љубов, така и цагерот си е таков.
Не верувам во она 16:16 - те сака итн...ама не гледам секогаш цагер.Кога гледам, тоа е многу често на секој сат и знаам дека во наредните денови нешто ќе ми се случи и секогаш испаѓа така!
Хаха дефинитивно не, ама кога ќе видам, ако не правам ништо, ќе земам ќе фатам да бројам буква која ќе ми се падне, нели до кога ќе се смени цагерот , ама сепак не верувам
Па добро де, се знае дека е глупост, и на мои години нормално дека не верувам, ама кога бев помалечка ми беше занимација, и убаво ми беше кога ќе видев дека „некој мисли на мене“, пак уште ако ми се паднеше буквата што треба или ако ми се паднеше дека ме сака... радости
јас не верувам во цагери но вчера еден другар вика еј 16 и 16 и јас му викам ќе ти се случи нешто лошо пошто тоа беше во мојот цагер и сношти стварно му се случи
не да не верувам хахахаха ама па интересно онака уз муабет еј цагер ме мисли некој (колку за утеха де )
Само во овој верувам: 00 : 00 - ќе те избркаат од дома 01 : 01 - ќе ти се парат бумбари пред влезната врата 02 : 02 - ќе те бркаат голи црнци околу бандера 03 : 03 - ќе те фати комшијата како му крадеш јаболка од двор 04 : 04 - ќе видиш некој од блиското семејство како се бања гол 05 : 05 - дома ќе ти стават нов штекер 06 : 06 - ќе добиеш расипана чоколада 07 : 07 - ќе јадеш салама 08 : 08 - ќе те носат на бербер 09 : 09 - дома ќе ти донесат крокодил 10 : 10 - баба ти ќе те тепа со тастатура 11 : 11 - ќе ти купат дива свиња 12 : 12 - ќе го видиш дедо ти во "плејбој" 13 : 13 - ќе јадеш пржени компири со лажица 14 : 14 - ќе ти купат шољи за кафе од бит пазар 15 : 15 - ќе видиш дрогирани кучиња 16 : 16 - ќе го/ја видиш тој/таа што го/ја сакаш во буре за вино 17 : 17 - ќе се начукаш и ќе се бесиш по дрва 18 : 18 - ќе ти пее циган серенада под тераса 19 : 19 - ќе купиш коњ со жолти заби и ќе ти дадат фискална да го вратиш ако не чини 20 : 20 - мистер бин ќе ти игра стриптиз 21 : 21 - ќе играш оро и ќе вртиш јорган 22 : 22 - те мисли некој плав, смеѓ, црн, евентуално зелен 23 : 23 - ќе ти падне клавир врз глава на улица