Ми текна на ова,затоа што денес има многу научни факти,научниците работат на разоткривање на историјата,односно излегуваат некакви си информации,дека тоа што го пишува во библијата на некој начин дека не е вистина,имало повеќе евангелија,не биле само 4,туку повеќе,некои најдени во Египет.Друго дека,односно се размислувало за тоа каде бил Исус од неговата 12 година до 33 - та година,затоа што во тој период не се спомнува никаде,не се знае каде бил.Истото,да речам можеби слично тврдење има и Ден Браун во Кодот на Да Винчи,во кој ги спомнува трактатите на Леонардо,каде што демек постоело нешто што ке направело пресврт во целото христијанство.Иако многу добро знам дека во тие трактати се само техники на цртање.Не е само тоа,туку и книгата Целестинско пророштво,во која се содржани ракописи кои се напишани 600 години пред Христа а се на арамејки јазик,а црквата тие ги одбива,не сака да излезат во јавност,зошто црквата би криела нешто?Да спомнам дека имаше и емисии за папата,папството,дека поинаку се однесувало во јавност,а сосем поинаку зад затворени врати.Што мислите за структурата на црквата,за свештените лица,дали и тие самите го почитуваат протоколот во христијанството?
браво за темава за мене црквата и христијанството се само една огромна мафија колку само скандали се поврзуваат со неа... колку гадости и крвопролевања. Несакам и неможам да верувам во нешто што е како прво и основно измислено.(како вели браун во книгатаЧ не е по факс библијата пратена од небото ) Како и да е ние сме само марионети и тешко дека еден ден ке знаеме што е вистина а што фантазија значи од религијата поголема смешка здравје никогаш нема да успее некој да ме разубеди.
Не верувам во Бог и се согласувам со тоа дека црквата е само една голема мафија.Верувам дека Исус е обичен човек со доста висока интелигенција кој го нашол одговорот на сите необјаснати прашања тогаш како кои сме ние? што сме ние? ( како што денес се прашуваме што е постаро кокошката или јајцето? - Кокошката мора да порасне од јајце а јајцето мора да излезе од кокошка така и тие се прашувале ако мора да не роди некој тогаш кој ги родил првите луѓе на земјата? и слично ) ... Сите неодговорени прашања полека го наоѓале одговорот во зборовите на Исус.Тој верувал во тоа па затоа и мислам дека неговата верба и надеж полека ги придобило луѓето ширум светот.
Јас верувам во Господ Исус Христос, ама не верувам во црквата! Затоа што црквата е една голема машина за перење пари и мафија, а религијата е политика! За Леонардо да Винчи незнам што да кажам....извореден човек, кој ја знае тајната на црквата, а сите негови тајни се овековечени во неговите дела...само треба да се поврзат мистериите! Го имам прочитано Кодот на Да Винчи, и навистина е контроверзен! кажуваат дека 80 % е на база на вистински податоци..... Кај и да е....црквата и папата ќе одат во неповрат....се ќе се открие!
Одењето во црква Црквата ја избегнуваат бидејќи црквата е сосема спротивно од она што го преповеда нашата религија. Еве на пример јас лично поповите ги презирам од дново на душава, поготово со нивните тарифи да крштеваат вода за куќна слава=300 денари, венчавање=5000 денари, погреб=3000 денари, уште за крштевка не им ја знам тарифата. Попвите ми создале одбивност кон црквата, меѓутоа си палам свеќа од време-на време, во денови кога не се празници и кога поповите се зафатени со купување на мерцедеси од парите шо ги собрале претходниот празник Секоја чест на оние исклучоците, меѓутоа имам чувство дека градските попови се сите невидени крадци.
Одењето во црква Сакам малку да се надоврзам на ова со парите, да точно е некои попови претеруваат меѓутоа сакам само да кажам зошто кај нас се плаќаат сите тие работи.Кај нас поп како поп нема голема плата и со тие крштевања,погреби,свадби си заработуваат пари,ова го знам од блиски извори,а често се прави споредба со католиците дека кај нив не било така,меѓутоа кај нив е друго се им е платено,поинаку функционира.Да не бидам офф одам во црква,да се чувстувам спокојно кога одам,може не одам многу често ама сепак одам и верувам во Бог
Одењето во црква ^ сама кажа : Кај католиците е подруго. МПЦ уште се спори со СПЦ, толку неможат да се организираат и да дејствуваат заедно, односно воопшто ниту една православна црква меѓусебе не си помага за да можи да опстани. Кај католиците колку што знам, налет шо не ти земаат пари за крштевка, туку што и да ти треба парична помош (нормално скромна) или пак материјална може да биде обезбедено. Замисли сиромашно семејство да не може да си го плати погребот на блискиот? Не го оправдувам воопшто тоа што поповите земаат пари од народот, бидејќи тие меѓу себе неможат да се разберат. Друго, како би го оправдала возењето на мерцедеси и многуте недвижнини кои ги поседуваат ширум Македонија?
Одењето во црква Најпрво се извинувам што можеби ќе бидам малку офф топик. Како прво, што се однесува до римокатолиците (зошто има голема разлика помеѓу католик и римокатолик), кај нив можам да речам со сигурност се наоѓаат парите моментално во светот. Не знам точно како се викаше стручно тој термин, но кај римокатолиците има откуп на гревови. Како? Доколку имаш направено некој грев, одиш на исповед и таму како разрешување на гревот плаќаш (дали со некој дар или со пари), затоа не се бара пари за некои нивни треби (како крштевка...). Моментално целиот запад е нивни, бидејќи скоро сите се римокатолици, а се знае дека на запад се најбогатите. Додека кај нас кај православните, доколку свештеникот знае дека тоа семејство е сиромашно, не се плаќа. Кај нас постои срам, на нашиот народ му е срам да каже дека нема пари да се плати и верувајте ми никој човек кој се искажал досега не е вратен или му се има наплатено (зборувам од блиски извори што познавам луѓе кои биле во таква ситуација). Исто така не знам за другите градови, но во нашиот град секојдневно се дава хуманитарна помош, а најмногу за големите празници. Никој не е вратен, доколку побара финансиска помош, дали за храна, лекови и др. Зошто поповите земаат пари? Прво, дали свештеникот денес не треба да јаде, дали не треба да се облече, дали не треба да плати сметки за струја, сметки за вода...? Тоа на жалост нашите луѓе не го знаат. Порано во минатото на свештениците им давале храна, облека, значи неопходни средства за живот во замена на пари. Дали некој денес има што да му даде на свештеникот или да му ги плати сметките? Исто така еве ќе земам пример. Во еден град каде што живее и служи свештеникот се случуваат треби како парастос (на гробишта) и да речеме на некој му е славата, па треба да отиде свештеникот и да крене леб (дома), постои големо растојание од домот до гробишата.Како прво дали на свештеников да му дадеме некој коњ да отиде до таму (и прашање е дали ќе стигне на време) или да му дадеме кола. Ако му дадеме коњ сигурно од многу ќе биде осуден зошто не стигнал на време, а доколку му дадеме кола, ќе речеме, ние сме сиромашни, а види го тој се шета со скапа кола . Значи никако не ни е погодено. Второ, дали ако отиде на бензиска и му рече на тој што става бензин, дека еве кога ќе дојдам кај вас не земам пари за ништо ај сега ти стави ми бензин без пари оти имам работа и теба да стигнам на време, ќе му стави, или да отиде во продавница да си купи леб за јадење, дали ќе му дадат без пари? Вистината е тоа дека нашиот македонски свештеник не зема пари од никаде, ако не се тие треби за крштевки, венчавки... свештеникот нема од што да живее. Нели и тој има семејство како и сите други, нели треба да се грижи за своите деца, жена, стари родители. Дали и на неговото семејство се ќе му се дава без пари (храна, облека...). Сигурно НЕ. За разлика од нас во другите држави како што се Грција, Бугарија... на свештеникот му се дава месечна државна плата и кај нив нема наплаќање, бидејќи се е подмирено од страна на државата. Се извинувам ако некој навредив и се надевам дека на некои им разјаснив некои работи. Поздрав
Одењето во црква Serafima Поповите одат да кршетваат вода и да испеат лебче со блендирани мерцедеси и приватни шофери now that's gangsta СРАМОТА е, значи СРАМОТА Е кој било поп да се поврзе со некаква афера. Јас познавам случај кај шо попот не сакаше да го испее покојниот зошто немаа пари да му платат,а за венчавање или крштевка ти викаат "кога ќе имаш пари, тогаш дојди" Каков е тој поп што уплаќа ливчиња во кладилница? Нели попот треба да биде подвижна библија буквално? И па каква е таа тарифа да пее за 300 денари? Ко певаљкине станале мајке ми. На времето јас знаев колку шо ќе имаш,дали 10, дали 100 му даваш, а сега? Не пеам за без пари работава.
Мила Ashling, не сакам да го препишувам целиот текст, но на овие прашања веќе одговорив. Еве пак ќе напишам, а пред се ќе прашам дали на некој му е скапо да плати 300 денари? Поточно ќе прашам дали и колку пати иде свештеникот дома односно колку пати еден дом има слава за да се крене леб во чест на светителот- светителката? Колку пати се кршеваме, колку пати се венчаваме, колку пати умираме? Одговор - од се по еднаш во животот освен славата еднаш годишно. Друга работа, тие 300 денари за еден миг ќе исчезнат. Зошто? Доколку ја видеме реалната страна, ќе видиме дека тие 300 денари ги даваме за безначајни работи преку целиот ден, како 2 кутии цигари и едно кафе во некој локал. Да земам пример една млада личност, мајката ќе даде пари за течна пудра која воопшто не е ефтина, ако се работи за подобра се трошат 500-1000, па и повеќе денари само за еден месец, да не ги набројувам другите работи различни накити, облека, скапи обувки. Тие не се скапи да се купат иако цената им е од 3000 денари нагоре. Тоа сигурно не е скапо, ама ова за 300 денари, зборувам ГОДИШНО е тоа е скапо. Да земам друг пример, семејството живее во Скопје, а исто и свештеникот. Оди свештеникот да крене леб за слава од едниот крај на градот до другиот, или парохијта му е во некоја приградска населба. Да го пратиме пешки или со кола? Еве иде со кола, и семејствово му дава 10-100 денари како што викаш, а самиот тој поминал можеби 10, 15, ... или повеќе километри. Колата оди на вода (која и таа треба да се плати) или оди на бензин. А замисли секој еден човек тоа да го прави. Да те земам тебе за пример (без навреда), да речеме дека имаш свој занает, правиш торти, слатки, кажи ми како ќе ти биде тебе, да направиш торта и кога ќе дојдат да си ја земат да ти дадат 50-100 денари, а ти си вложила труд, си вложила материјал од 500-1000 денари за да ја направиш тортата. И сега да ја согледаш од оваа страна работава, ти да бидеш свештеник, како ти ќе постапиш во случајов, кога ти живееш од тие пари, на пр. некој да ти даде 10-100 денари, а ти само што ќе отидеш со кола трошиш пари за бензин околи 100-150 денари? Да не забегувам од темава, сите се заангажирале за свештениците да ги озборуваат. Па тие живеат од тие 300 денари, дали се твои или мои. Второ, во тоа време што го спомнуваш не беше се скапо како што е сега, е баш во тоа време никој не мислеше дека постои свештеникот (зборувам за времето на Тито). А за блендирани коли и шофери, за ова немам слушнато (зборувам за свештеник). Блендирани коли (знам со сигурност од близок извор), точно тие доста озборувани коли, тие често се баш подарок од некој бизнисмен, а личен шофер знаете кој има, само владиците, а тие колку години имаат, па да возат и да немаат шофери? Значи си тапкаме во место. Да се земеме ние за пример, на дедо ми од 65 години ќе му дадеме кола да вози или јас или некој од семејството ќе го однесе некаде. Без смисла, ама баш никаква. Што се однесува до аферите, кладилниците и другите работи, повеќе од нив се невистини. Навистина можеби постојат и такви случаи, ама тоа се 2, 5, 10 мина, свештеници. Е сега кога веќе еден тоа го направил, фактички како наследсто му се препишува на сите. Ако еден е таков сите се такви. А за тие кои го направиле тоа, постојат две опции или покајание и епитимија или расчинување. Никој не спомнува свештеник кој има југо, има стоеден, има застава 750 (фиќо), не знам дали знаете дека некој свештеник нема и што да јаде (на жалост во некои села), не може да си плати здравствено да отиде на лекар... Од се ова сакам да кажам, треба малку да се согледаат работите малку и од другата страна. Ние го гледаме само она што нас не интересира и најчесто само лошото. Никој ама никој (со редок исклучок) на овој форум немам сретнато да каже некоја добра работа. Она што сакам да го кажам , а пред се го пишувам сето ова, е дека во овие случаи мнозина си ставаат грев на душата. Целта ми е, а исто разберете го како совет, немојте никогаш да осудувате или озборувате, па макар и да сте виделе нешто. Често и нашиот поглед може да не прелаже, може и некој свештеник или без разика некој човек се тоа го прави за доброто на некој друг, а ние да го разбереме на сосема друг начин. На тој начин најмногу грешиме, на тој начин секој од нас си става грев на душата. Драга Ashling , не сакам да те навредам или создадам некоја неубава слика за мене, ова нека биде само дискусија. Прости ми ако со некој збор некако сум те навредила. Поздравче
Serafima биди спокојна, воопшто не се навредувам и ќе се обидам да ја развијам дискусијата бидејќи нели ниту јас, ниту ти сме инволвирани во некои случаи, се што зборуваме од искуство и стекнато знаење е. Сега да се надоврзам за трите работи на кои што ми реплицира 1.Јас прашав од кога имаат тарифа за куќни слави 300 денари, кога порано секогаш на слава му дававме колку шо имавме некогаш 50,некогаш 100, некогаш 200. Оваа година кога го побаравме попот, тој меѓудругото рече дека од оваа година 300 денари било воспевање на лебче и крштевање вода. and i was like omg(?) since when??! Не е битно јас на што ќе ги фрлам моите пари, ако е за така јас треба од моите задоволства све да скратам за да имам да дадам на бездомниците. Давам чисти пример, хумана сум колку што можам да дозволам без притоа да се запоставам себе си. Можеби звучи себично од моја страна, меѓутоа нема човек кој што би живеел во сиромаштија по цена да им помогне на другите, бидејќи ако е така тогаш ќе бидам себична према самата себе. Попот кај нас кој работи во региони за таа слава конкретно имаше да помине 50 домови, а населбава не е нешто којзнае колку голема. Е сега математиката 50x300=15 000 денари од една слава во еден регион понатаму следат и ред други слави, од сите по 15 000 денари... тоа е веќе и надпросечна плата во напатенава ни државичка. Ако немаш да му дадеш пари, не ти пее. Мислам дали е тоа однесување долично, кога Исус сосема трето проповедал? 2. Уште една минимална контрадикторност помеѓу бизнисменот и владиката или свештеникот ете. Бизнисменот наместо тие пари да ги донира за потребите на црквата,наместо да ги даде на сиромашните кога е толку дарежлив и има пари за расфрлање, а еден просечен автомобил чини околу 7000 евра, тогаш се појавува прашањето зошто тие 7000 евра ги дал токму за автомобил на свештеник,место да обезбеди 10 социјални семејства за 5-6 месеци? 3. Мене тоа со кладилницата и попот ми е од сигурен извор. Аферите со кои се поврзани се срамни и од нив поповите треба да се огрдат и јавно да излезат со сопствено мислење каде што ќе ги искажат своите ставови против тоа, а не сите молчат ко пилиња. Генерална слика добив за поповите после неколкуте случаи со кои бев запознаена од различни попови. И за крај, какво е тоа свештенство кое меѓу себе се спори наместо да си помага? Конкретно МПЦ со СПЦ? Тие меѓу себе имаат создадено синџир од валкани работи, да беа чесни како што би требало да бидат, тогаш барем една мака помалку за Македонија. *да не ја мешаме политиката на двете држави и останатите валкани работи, конкретно за свештенствово правиме муабет, а од негде мора да се почни да се решаваат проблемите.
Да не бидам погрешно разбрана, овие работи ги пишувам бидејќи ги знам од доста блиски извори, знам точно и колку пари земаат свештениците. Значи вака, навистина ако ги видиме работите онака како што изгледаат, вистински ќе помислиме дека свештениците земаат огромни суми на пари. Правам груба и математичка пресметка. Во мојот град каде што живеам (а и воопшто насекаде во цела Македонија на ниво на држава) според одлука на пархијата, а пред се на владиката и договор на свештениците во градот, просечно секој свештеник добива по околу 200 до 300 активни домови, како парохиски свештеник, за кој е одговорен и тоа е просек дека за еден свештеник е доволно. Ако пресметаме (целосно, што не ни така, зашто некој не сака свештеник да им оди дома) годишно на секоја куќа по една слава, тоа изнесува 300 (домови) х 300 (денари) = 90 000 денари, а тоа е 90 000 / 12 (месеци)= 7 500 денари месечно. Овде значи ги вклучувам, сиромашни семејства кои немаат да платат, а исто и семејства кои воопшто не плаќаат или плаќаат по 100, 200 денари, па дури и помалку. Значи фактички цената од 7 500 денари месечно се намалува. Навидум нас ни изгледа како што кажа дека 50 куќи по 300 ден. изнесува 15 000 денари, е за тоа свештеникот треба да се грижи со тие пари да ги распореди и да живее цела година, бидејќи секоја куќа не слави по 5 слави годишно , па да отиде свештеникот 5 пати кај нив. Како што кажав вкупната цена се намалува иако нас ни изгледа којзнае колку пари. Исто така тука се да не ги заборавиме, крштевките, венчавките, опелата (за погреб), парастоси (помени на упокоените, 3,9, 40 дена) значи свештеникот ако нема такви треби, сигурно ќе зема 6000 или 7000 денари, ама со нив се излегува некако на крај, бидејќи со нив некаде можеби за некој неверојатно ама просечно свештеник може да зема од 20 000 до 25 000 денари месечна плата ( иако многу мислат дека се зема повеќе), значи просечна административна плата. Од ова морам да напоменам дека овие поскапи тарифи како венчавка, крштевка... сите пари не одат за свештеникот, тука се вклучени и Црквата, епархијата, значи се оделува процент за нив. Сакав да разјаснам доста важно прашање, зошто свештениците имаат толку пари, па купуваат скапи коли...? Одговорот лежи во економијта, а пред се постот. Како? Ако видиме најреално, се пости 2 дена секоја недела, 4 големи пости од по месец и повеќе денови и плус некои други празници исто кои се посни. Фактички повеќе од половина од годината семејството на свештеникот пости, а на основа на тоа се добива повеќе заштедени пари. Наместо едно просечно семејство кое не пости и секој ден купува едно црево салама (земам пример) или некои други работи како 2 кутии цигари, алкохол, и тоа троши просек најмалку 200 до 300 денари дневно, кај свештеникот не е така. Кај нив навистина се заштедуваат доста пари, кои се разбира ќе бидат потрошени за други цели, иако пак ќе речам во очите на другите луѓе тоа изгледа сосем обратно. Затоа и напишав претходно дека на некои работи не треба слепо да им се верува иако изгледаат навидум така како што мислиме и гледаме ние. Ако не верувате навистина проверете, обидете се да постите, да поминете со помалку и пред се со поскромна храна и навистина ќе видите, ова ви го пишувам од лично искуство. Тарифата за пеење леб за слава или нешто друго, не е дојдена случајно. Цените и пресметките ги напишав, а кога ќе вклучиме (морам пак да се фатам за бензинот) пари за бензин, бидејќи нормално треба да се отиде и дома и на гробишта и во Црква, пак таа груба пресметка се намалува. А ако му дадеме 10 или 50 денари, а не 300, навистина кутриот човек нема да има пари за бензин, а камо ли за дома да однесе на семејството. И на крај од што ќе живее тој и неговото семејство? Се скапо, од леб од масло од шеќер...... Другото што ми го постави како прашања, се одговорив, освен за спорот на СПЦ и МПЦ. Не сум на позиција точно да одговорам на ова прашање. Од мој личен аспект ( а исто и на други ), во овој случај се работи за национално неприфаќање. Не се работи за нас, одговорот е во СПЦ, оти тие не не признаваат како самостојна православна црква. Работата е во тоа што после Русија како најголема православна држава, по неа иде Србија, а тие две се многу цврсто поврзани. И ете го одговорот. Кога Србија како втора по големина православна земја е во попријателски односи со најголемата православна држава Русија, мислам дека нема потреба повеќе за зборувам. Само едно ќе додадам ( не според мене туку според еден свет (морам да потенцирам Српски старец)), ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ, ТЕШКО ВРЕМЕ КОГА, БУКВАЛНО ЦЕЛО ПРАВОСЛАВИЕ ЌЕ БИДЕ ЗАСЕГНАТО, А ТОГАШ НЕ САМО СРБИЈА, РУСИЈА, БУГАРИЈА, ТУКУ И ГРЦИЈА И СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЗЕМЈИ ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ И ЌЕ РАЗБЕРАТ ДЕКА НЕ БИЛ ПРОБЛЕМОТ ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА,ТУКУ ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ТОЈ ПРОБЛЕМ. ВАЖНО ТОГАШ СИТЕ ЌЕ СТАНЕМЕ ЕДНО. Само има време дотогаш, ќе дојде и тоа време. Овде ставам точка, повеќе не дискурирам за свештениците, пак ќе речам секој ја гледа работата од страна од која што сака да верува таа личност.И за да не дојде до некое препукување, најдобро да престанам да пишувам за нив. На оваа дискусија и нема крај. Ќе се послужам со зборовите од Господ,-„ кој има уши нека чуе кој има очи нека види“. Поздравче мила
Серафима ми се допаѓа начинот на кој размислуваш. Но еве конкретно уште едно прашање. Зошто црквата да ги дели луѓето на национална основа кога треба да ги соединува? Јас разбирам дека поповите треба да живеат од нешто,како секој човек. Но,не е како порано. Каков е тој став "кога ќе имаш пари, тогаш ќе ти пеам"? Порано без тарифи како пееле? На вода живееле? Не ми е јасно како тоа на процент да работат? И зошто ова го прави само православната црква,а не католичката? Она што треба да се спроведе како единствена солуција би било, свештенството да добие голема помош од државата, да бидат поддржани, заштитени.
За ова да ти кажам право, се зависи од некој друг. Како и во политиката, можеби од две спротиставени личности, за кои понатаму и подоцна некој друг помеѓу себе ќе се спротиставува, само за да задоволи некои каприци и фикс идеи на некој друг. И на тој начин се создава таа национална спротиставеност. А се додека не се надмине тој проблем односно националната нетрпеливост, ништо нема да биде дотогаш се ќе биде исто како и сега. За ова, искрено се зависи од карактерот на самиот свештеник. Пак ќе речам еден ќе го направи тоа ама се додава како епитет за сите. Знам ти кажуваш од искуство, ама затоа е тука неговиот претпоставен, владиката, кој треба да се запознае со тие работи. Во минатото како прво скоро сите живееле во село. Се работело се, еден свештеник за едно село, немало ни коли, ни бензиски пумпи, немало продавници, не се продавал леб, сите сами си произведувале, мелеле во воденици и си правеле леб, сами ткаеле облека... Тогаш во тоа време сите се сакале, живееле сложно, помагале еден на друг, а на тој начин живеел и свештеникот. Во блиското минато владеела слогата, а пред се и над се љубовта. Имало, но во мал процент завидливи и лоши луѓе кои правеле штета, ама тогаш бидејќи сложни ги решавале проблемите сите заедно. Тогашниот свештеник немал кола туку коњ, и за работа и како превоз за секаде. Значи сепак живеел од народот, но тогаш како денес што ја зема платата, тогашниото семејство му давало во натура. Некој парче сирење, некој парче месо, некој облека... Ова го знам од кажување на баба ми која живеела во тоа време и таа ми има раскажувано. Арно ама денес времето се промени. Денес љубовта е заменета со омраза, доброто со завист (зошто тој да има а јас не)... Извини не ти го разбирам прашањево, ако сакаш преформулирај го малку . Овде малку е покомплицирано прашањево. Пишав римокатолиците се доста јаки, пред се финански. Можат сами да си ги покријат сите работи, а особено нивнте свештени лица, искрено сите знаат дека не се женат и не создаваат семејство туку живеат во целибат. На тој начин тие живеат на еден начин како кај нас што има монаси, така таму живеат тие. Значи не се потребни пари ни за семејство (бидејќи го нема) и тој работи пред се за цркавата, а на цркавата не и претставува проблем да одржува во живот една личност. Морам пак да напоменам за откупот на гревови (индулгенција, ако згрешиш се исповедаш и за да ти биде простен гревот плаќаш пари), како најважна алка од синџирот на финансиската состојаба кај римокатолиците. И ова го одговорив уште на почетокот кога прв пат коментирав на твојот коментар. Така нема да има ни препукувања, ни озборувања, ни различни други неубави работи кои се кажуваат за свештениците. Само едно сакам да додадам како пример. Верувајте ние сме срам за нашата Црква (без навреда). Навистина треба да се огледаме и да земеме пример од муслиманите во исламот. Како само се држат и живеат, а ние живи ќе се изедеме. Немам слушнато коментар од нив за нивниот оџа, значи никаков негативен коментар. И оџите се луѓе и тие грешат ама нивните грешки се покриваат и не се кажуваат. Треба многу да работиме на оваа тема. Поздрав мила , се надевам дека ти одговорив на прашањата.
Серафима мене ми одговори на прашањата,а и сама си одговори на прашањето зошто јас не ги сакам свештениците. Причините ги наведе во одговорите на моите прашања. И порано имало завист,само не тоа не биле парите, туку на пример земјата што ја поседувале. Прашањето кое побара да ти го преформулирам. Тарифата им е препишана од раководителите на МПЦ. Согласно со законот би требало и свештениците да издаваат фискални сметки на кои според мене би требало да пиши : "пеење лебче" 300 ден +18% ДДВ на предпоследното прашање финансиската состојба на индивидуата ја проценуваш според вероисповеста?
Црквата и верата кај мене функционираат обратнопропорционално. Според мене, тоа дали верувам во господ, во алах, во буда или во шпагети чудовиште е чисто моја интимна работа. Но не ми е потребна црква на која ќе и припаѓам ако сакам да верувам. Можеби еден ден ќе морам да се определам официјално, доколку стапам во брак но да е до мене, никогаш не би им дала еден денар на ниеден поп ниту свештеник кој подоцна ќе ме прошиша на пешачки со неговиот нов мерцедес. Како што веќе пиша Гордана во воведот, сосема верувам во тоа дека она што е изнесено во Библијата е нечие дело со цел - да се поведе простата тогашна маса и да и се одредат некакви правила на однесување. Единствената моќ и контрола на тој начин ја добива црквата. Слушнав дека ги спомнувате католиците. Морам за жал да констатирам дека се бетер од православните. Ценовници колку сакате. Не може да се мажите доколку не сте крстена. За да ве покрстат треба да одите на еден вид на „курс“ не знам како да го наречам со месеци додека самиот свештеник не одлучи колку сте подготвена за тоа да станете католик. Арно ама шмугнете му во дланка неколку еврица, и експресно ќе станете католик. Крштевка - истиот случај. Не смее да се крсти детето доколку е вонбрачно. Ајде пробајте ја пак финтата со еврата, па ќе видите како брзо се крсти вонбрачно дете. Плус се напнав пред некој ден за време на говорот на папата во Urbi et orbi, ќе ми зборува за Кина и за не знам ти какви светски проблеми, а да си ги средеше малку повеќе педофилите? Сакала нејќела, не можам и не сакам да бидам дел од нечија црква која дозволува вакви работи. Јас ќе си верувам и ќе си ги терам домашните традиции, но нема да полнам нечии џебови без дно и нема да мијам нечии крвави раце.
Моето сфаќање за религијата оди подалеку од свеќи кои се гаснат минутка откако ќе излезете од црква, за да го претопат восокот по илјадити пат за да направат нови, оди подалеку од бакнување икони, оставање чорапи, зејтини, пост, причест и такви будалаштини. Не ми треба да одам во црква за да си ја олеснам грижата на совест, доколку секако ја имам, или да се молам некому - повторно во институцијата наречена црква. Језиви ми се попчињата во мерцедеси и бе-ем-ви-ња, ниту ме приближуваат кон Бога, ниту отсликуваат пристојана слика за христијанската вероисповед. Барем кај нас. За другите и не можам да зборувам, а искрено и не ми е гајле колку биле посветени муслиманите кон Алах како што прочитав погоре, кој им се восхитува, бујрум, нека им се приклучи, не гледам апсолутно ништо паметно во вероисповед која преминува во фатален фанатизам. Не верувам во цркви и не верувам во попови. Посебно на оние како Гуштеров кој изградил храм за да си ја олесни совеста и што би рекла Пирамид - да си ги испере рацете од гревови. Не, благодарам. Кој сака нека си верува и нека си оди, немам ништо против.
Извини што на секое мое мислење те цитирам, ама така ми е полесно да ти одговорам на поставените прашања. Точно е тоа што го напишав, а сега ќе додадам односно ќе си се надоврзам на сопствениот одговор. Не со цел да си противречам на самата себе, ама мислам дека пропуштив и занемарив еден доста голем и важен дел. Во моите мислења имам напишано дека навистина постои е ден мал процент на свештени лица кои навистина тоа го прават, но што правиме со другите со тие 99,9 % од свештениците. Не сакам да бидам многу контрадикторна, но според она што го заклучив, добив до знаење (од многу други), дека заради еден случај се добива толку негативно мислење и за другите. Во многу (може да се рече и целосно) прилики ги оправдувам и тие свештеници кои реагираат така. Зошто? Знаеш дека пишувам од доста сигурни извори, ама денешниот човек, домаќин и тој постапува доста на неубав и некултурен начин. Ќе ти цитирам само една случка од многубројните други од еден свештеник кој ми има кажано, а континуирано се случува скоро 99% од случаите:„ Влегувам во домот да испеам лебче за славата, а домаќинот уште не влезен дома, само што да ставам темјан во кадилничето, ми вика,- „ Попе ако пееш за 200 денари добро, ако не, не мораш“ , сега кого да оправдуваме. А што е најтрагично, тој истиот ќе каже на други дека свештеникот не сакал да пее, оти немал пари да му плати. Оваа случка се случува точно денес скоро насекаде. Ќе ти кажам и друг пример. Имам доста близок контакт и со полицијата. Еден ми го кажа следното: „ При рутинска контрола запирам возило. Возачот, ни добар ден, ни ништо започнува да вика, вие само за пишување на казни сте, само за тоа ги запирате луѓето, започнал да вика, кара... А јас го сослушав, доста културно од моја страна, и на крај му пишав казна. Пред се да не изреагираше така немаше да му се случи ништо, ама со неговиот недоличен пристап си заслужи. “ Не сакам да забегувам од контекстот на темата, ама морав да го напишам примерот, дека народот денес пред се нема трпение, се се‘ започнува со разговор на повисок тон. Да се земеме и ние во пример, ако некој ни рече дека сме многу убави, паметни, во тој случај каков ќе биде нашиот разговор, а каков би бил кога некој ни рече ти си неубава, лоша... ? Исто дојдов до заклучок дека (надвор од свештенството), ако се работи за обичен човек, ако тој згреши фактички треба да не ги сакаме и сите други луѓе, оти и тие се како него, сите личат исто (се надоврзувам на тоа што свештениците носат антерија имаат пинаков изглед од другите луѓе). Не треба така, без разлика за кој и да се зборува. Од се ова сакам потенцирам дека и свештеникот е човек и тој може да се разгневи и да изреагира на тој начин, а доколку некој му пристапи и со добар начин му рече, отец немам пари (моментално или воопшто), сигурно не е без душа и да му одговори на тој начин, дека ако нема пари не му пее. Значи се враќаме на првиот коментар дека, на човекот му е срам, страв, понижување, да каже дека нема пари. А што се однесува до зависта за земјата во минатото, тоа да. Но најважното е тоа што сакав да го потенцирам, дека и тогаш му се наплаќало на свештеникот, ама со она што имале, значи со храна, облека..., а денес е доста друго времето и сега платежно средство се парите. Следствено на овој коментар, причината зошто не е тоа така, е многу едноставна. Иако е напишано од повисокиот врв, односно Синодот, сепак не може да биде, бидејќи тие не се под власт на државата, и затоа не може да се додаде и тој данок од 18%. А кога ќе биде тоа, тогаш и покрај тоа што свештеникот нема да зема пари од верниците, туку ќе постои и тие 18% на ДДВ. А сега кога би било тоа така, и свештеникот земе 18% ДДВ, буквално ќе биде линчуван. Исто доста важен факт во однос на тоа прашање е тоа што, ако дојде до тоа да Црквата биде под власт на државата, тогаш тарифите тотално ќе се зголемат и плус ќе се наплаќа 18% ДДВ. Дури тогаш нема ништо да биде и никој нема да цапне во Црквата. Буквално НЕ. Никаде не спомнав дека ако си римокатолик или муслиман... си богат, или ако си православен си сиромав или слично. Тоа не. Ти убаво ме праша зошто сето тоа го прави само првославната црква, а не католичката, и мислам дека убаво и разбирливо одговорив оти тие се финански помоќни од православните. Сакав да напоменам дека иако никој не кажува, имам слушнато дека кај римокатолиците, муслиманите... се плаќа годишен надоместок од страна на едно семејство. Во тоа се вклучува посветеноста на нивните свештени лица да ги извршуват нивните неопходни верски обрски, без разлика дали имаат од нешто потреба во текот на годината или не. Исто ова го знам од близок извор. Значи сепак не можеме да кажеме дека и кај нив ништо не се плаќа.
Другарка која беше католик,а воедно и еден професор ми го кажа следново (кој е католик нека ме поправи ако грешам): -имаат поорганизиран систем на дејствување *прават разни собири каде што се читаат извадоци од Библијата, се даваат совети итн. -до 3-4 годишна возраст црквата плаќа некој надоместок за потреби на децата во кое било семејство,а ако семејството е побогато по непишано правило тоа остава пари во црквата за потребите на останатите просечни или подпросечни семејства -крштевката колку шо знам е безплатна и со секое раѓање, црквата го дарува на новороденчето Да се сетам на другите работи, ќе ги кажам Главната работа е што финансиски црквата е зајакната бидејќи меѓусебе се почитува Друго, колку шо знам и кај нас е така, ако не си крстен неможеш да се венчаваш или кога ќе умриш не смее да те пее поп. Serafima случките ти се еквивалентни на моите. Ти имаш еден аргумент кај шо го браниш попот преку случка, јас противаргумент каде што ми создало негативно мислење за свештенството. Црквата како света градба ја почитувам, но како институција не.
Имав еден наставник кој ни предаваше историја од 5-8 и беше многу паметен човек.. тој секогаш ни велеше дека религијата е свето нешто, но ни ја преповедаат луѓе во кои не треба да се верува.. ни велеше дека православнава црква и поповите се мафија и перална на пари.. Кога бев помала го осудував наставникот, како можеше да го кажува тоа, како не му беше срам.. секогаш кога ке ни го кажуваше тоа во мојата глава се вртеа безброј прашања, од видот нели црквата и поповите ја сочинуваат религијата, нели сите тие заедно се свето нешто, како ли би било да ја нема црквата, поповите се свети они ја проповедаат религијата и зошто наставникот ни кажува дека се мафија.. итн итн.. како растев почнав да ги сфакам работите.. и сфатив дека човекот беше во право.. особено ми падна жал кога пред некоја година еден бивш колега на татко ми, кои се прилични сиромашно семејство, им се роди детенце,.. тие сакаа да го крстат во црква, бидејки се верници.. кога отидоа им побараа пари, а тие во моментот ги нема, а попот ладно на тоа им одговорил дека без пари не може да го крсти детето и да се вратат кога ке ги набават.. толку ми падна жал во тој момент за нив, и толку голем презир кон некоја личност не сум почувствувала никогаш.. И знаете што се случи со луѓето? никогаш не се вратија пак во црквата.. ја сменија религијата, станаа католици.. крстењето на детето беше бесплатно, католиците им помогнаа многу во врска со бебето.. Плус пред некое време се секавам имаше некоја афера црквата и некој хотел што сакаа да го купат.. само не се секавам баш што беше.. не им доликува на "светите лице - поповите" тоа да го прават, али они си знаат.. Господ гледа..