Леле човече, темава е да се направи разлика меѓу христијанството и црквата, а вие и двете ги ставате во еден кош...христијанството не може да биде мафија само по себе, а тие што ги користат (да не речам злоупотребуваат) неговите учења за такви цели заслужуваат да бидат наречени се` освен христијани. Разликата меѓу било која вера и религиозен објект на истата се состои во тоа што со второто раководат само луѓе, оние од крв и месо. И како што ги има во сите професии одговорни и неодговорни, добри и лоши, совесни и оние кои си ја злоупотребуваат положбата, така има и во религиозните објекти...не можеме да очекуваме нешто поинаку. Важно јас ги почитувам и религијата и црквата, а тоа што преку нив некој се обидува нешто да постигне го оставам на неговата совест и му оставам на Бога да пресуди за таквите. Само ми е криво како само ние можеме да збориме против поповите и да ги ставаме на тапет на дискусија, а оние од другите религии никогаш немам слушнато да зборуваат против нивните свештени лица...затоа нема да не` биде, разединето стадо сме, ќе се испоизедеме еден со друг.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Инспирирана од денешната случка, кога по повод верскиот празник Илинден бев на црква и видов дека извадиле нова икона, и тоа не внатре туку надвор пред црква ми се наметна прашањето: Каде одат парите кои ги оставаме во црквата? Каде завршуваат парите, даровите што народот ги остава во црквата? Јас колку што знам тие пари се наменети за сиромашните или за изградба и обновување на црквите, меѓутоа еве можам да кажам дека во моето место црквата нема сменето фасада со години (буквално е поцрнета). Дали навистина тоа е така или парите се присвојуваат од страна на поповите? Дали вам или на ваш близок ви се случило да се почувствувате „ограбени“ од страна на свештеник?[/i Мајка ми има кажано, дека на последната задушница, попот фино лепо на глас објавил за пеењето на гробот да му спремаат по 100 денари. Покрај тоа додал и дека срамота и греота било на поп да дадеш 20 денари Мајка ми во раката држела 50 денари и овој забележал и ни срам ни очи и’ се обратил: „Госпожа, и за тебе важи ова! “. Видела не видела мајка ми извала 100 денари. Каков е овој безобразлук??? Што ако немала мајка ми да даде повеќе пари!? Зар немало попот да пее на гробот? Срамота. Некој можеби ќе рече дека не сме обврзни да оставаме пари во црквата, меѓутоа што се со парите кои мора да ги дадеме при погреби, крштевки, венчање? Бидејќи јас не сум упатена баш, еве нека каже некој кога колку пари се плаќа - и дали навистина цената е приспособлива за сечиј џеб? Споделете искуства. Спојлер Секако ова не се однесува за сите цркви и сите свештеници. Ако сум згрешила нешто, нека ми прости Господ, ама се надевам дека и вие ќе се согласите и ќе потркепите со примери, дека неретко и ова се случува.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Да сме ограбувани, почнувајќи од едно светење на вода, за кое бара 100 ден, а не колку му оставиш, па по ред сите работи кои ги вршат.Па и мислам дека не сме слепи кога гледаме какви коли, куќи и одмори имаат, се е за пари. Нека ми прости Господ ама јас лично сметам дека најголем дел од овие свештени лица кај нас се и најголемите криминалци. Толку од мене, мислам дека и не вреди да коментирам за нивниот безборазлук повеќе, зошто го има во голема мера.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Kога сум во црква не помислувам на тие работи....давам колку имам. Но ете како случајот со водата,мислам дека се е претерано.....нека даде кој колку има. Просто, не сакам да помислувам на тоа......и се надевам дека тие пари одат на вистинското место, а не во нечиј џеб-каде што не треба да бидат.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Да, луѓето се ограбувани и тоа на велико! Не би да коментирам многу многу на темава, се согласувам со коментарот на 1209 над мене, да не ги повторувам истите зборови.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Еве ти пример Зејтинот што го оставале во црква за Велигден, на попот жена му имала продавница, па таму си го носел да го препродава Дедо ми ми има раскажувано, порано во село за време на постите, отишол до кај попот, а тој на масата распослал месо, мрсно и си јаде си јаде. И прашал дедо ми зашто така, зарем тој не пости, попов рекол дека ние постиме за тој да јаде 90% сте ограбувани од црквата. Реков сте, зашто не одам во црква, а и кога одам освен свеќа, не оставам пари или храна. Има многу повеќе начини да се помогне на човек, да се помогне во изградба на објект, да се биде поблиску до Бога. Црквата одамна го изгуби своето значење, а поповите станаа меѓу најбогатите луѓе во земјава. Човечката алчност нема граници. Повеќе мир и утеха и разговор со Бога ќе добијам во еден манастир, отколку во црква. Црквените тарифи растат со цената на горивото, порано кај баба ми на слава велеше попот -колку имате толку. Сега се си има цена имам доста за кажување на темава, ама уште кафе неам пиено
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Немојте да избрзувате со судење , оти со каков суд судиш со таков и ке ти се суди , со каква мерка мериш така ке ти биде мерено! Имајте почит за божјите избраници , а бог ке им суди за делата. Многу поважно е тоа што лугето крадат од Господ, заповед е да се дава десеток!
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Верувам во Бога, не во религија. Верувам во добрина, давање, љубов, не верувам во заповед или казна ако бидам грешна или послушна. Не верувам дека едно одење во црква ќе не направи поблиску до Бога или поголем верник (истата онаа црква во која отворено не делат по пол). Верувам дека ако сакаш на човека да му помогнеш, ќе му помогнеш директно, а нема да отидеш во црква пред Бога да му ги дадеш парите/предметите, за да си ги оправдаш своите дела пред неговите очи, да се покажеш дека си добар и послушен верник. Зарем Бог не гледа секаде? Не верувам во црквата затоа што го користи Бога за да се збогати себеси, своите луѓе. Го искористува буквално името на Бог. И не, верувам дека поповите не се божји избраници, затоа што на огромен дел од нив не им се јавил Бог на сон и им рекол да станат свети лица, туку избрале да ја школуваат таа материја, зашто знаеле колку пари ќе им донесе (како што сите бираме каква професија ќе имаме) Немам намера да навредам или повредам нечие верување или мисла, ова е само мое. Но исто така нема ни да дозволам некој моето мислење да го осуди или да ме заплаши со божјите казни, затоа што сите можеби имаме различен Бог, ама битното е тој истиот да е олицетворение на добрина и љубов.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Само гледаат кај има шанса да се земе, и тоа без срам и очи си бараат поповите. Сепак кога одам во црква не мислам на тоа, во себе си кажувам за што и за кој ги оставам парите и толку од мене, честа и должноста сум си ја исполнила а потоа тие како ке ги употребат парите тоа е на нивна совест. Ако за неправилни работи ги користат нивен е гревот. Добро што на гробиштата кај што ние одиме не доаѓа поп па немора и за тоа пари да даваме, или за светена вода, бесплатна е.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? *KRAVCE* СЕКАКО дека со едно одење во црква нема да бидеш поблиску до Бога-ќе ти требаат доста посети по светите храмови,доста добри дела,да ја чистиш душата од лоши зборови и дела,да си ги сакаш и ПОЧИТУВАШ РОДИТЕЛИТЕ...има многу работи кои треба да ги правиш за да бидеш поблиску до Бога. Е сега за поповите-дебел леб јадат за да стигнат до свештенството,немој да си БАЗИЧНА,малку информирај се па ако мислиш дека е акцентот на парите во таа професија тогаш стани и ти,води испоснички живот како нив,работи како монахиња да те видам,па ќе правиме муабет после.. Е сега за темата.. Дали сме ограбувани или не незнам,не ме ни интересира,знам само дека се што дарувам и оставам им оставам на светците кои ми помагаат и ме чуваат,дарувам за да се изградат нови храмови бидејќи си ја ЉУБАМ верата. КОГА СО МОИ ОЧИ ЌЕ ВИДАМ ТОГАШ ЌЕ ПИШАМ..До тогаш,молк..
Дали сме ограбувани од страна на црквата? Ете да ви кажам една приказна. Поминал некој човек покрај просјак и му оставил парички. Некоја жена го видела и се разлутила-зошто му оставаш кога гледаш дека џебовите му се полни со пари. И тој и одговорил-мила дамо,јас не правам милостина на него тука на себе. Важно е да даваш,за да може да ти се врати и ти да добиеш.
Дали сме ограбувани од страна на црквата? не сум БАЗИЧНА искрено не го разбирам поимов Со мои очи имам видено како човек станува поп, како се преселува од стан во куќа и од таа куќа гради палата. И не, неможам да станам поп, зашто тоа право го имаат само мажите нели Јас убаво си реков погоре, тоа е само мое верување и мислење. Во ниеден момент не те наведов тебе исто така да размислуваш. Како и се овде на форумов Јас се осеќам поблиску до Бог кога му се радувам на животот, кога ги сакам луѓето околу мене, кога им помагам на блиските па и далечните. И да, сметам дека едно одење во црква ниту ќе ме направи подобар човек, ниту поблиску до Бог. Јас, лично ЈАС ја сметам како една професија, бизнис што расте, се богати, се базира на пари. А вербата во Бог не е верба во пари. И не се согласувам дека за да си ја исчистам душата ќе треба да направам еден куп посети по свети храмови. Се си има рамнотежа, направи едно лошо, врати со дупло добро. Ако некој мисли дека ќе си се исчисти од гревот (иако ова е под знак прашање, што се е грев) со тоа што ќе оди во црква, тоа е негово право. Јас, за да си ги простам или ми ги простат грешките и недобрините, се трудам да бидам подобра личност и повеќе да помагам. Така си се чистам од сопствените “гревови“. Напоменав еднаш, ќе кажам повторно, секој различно верува во Бог. Ова е моето верување. Нема да дозволам нешто, некаде напишано да го обликува мојот живот и да ми вели дека ако направам вака ќе бидам казнета. Не, јас лично треба да сум свесна дека ако направам нешто лошо, си наштетувам сама на себеси, зашто злото ја јаде душата, мојата, а не на Бог и под своја волја, за себе, треба да се трудиме да бидеме подобри, а не за Бог. Ти го потенцирав и второто, за оставањето пари и дарови во црква, ама нема да кажам ништо за тоа, понекогаш е подобро да се молчи. И да, со свои лични очи и на своја кожа ја имам осетено алчноста и празнотијата на свештените лица, затоа што биле и во среќните моменти, на слави, и во тажните, по гробишта и секаде исто се однесувале.
Зошто гледате на неверните, барајте свештеници кои се верни на Бога, можеби се малку но ги има. Најважно од се е да се сака Господ со цело срце ум и разум, и да се сака ближниот како себе си! Вистинките деца божји треба : 1. Да се молат 2. Да читаат Библија 3. Да помагаат на другите 4. Да даваат десеток 5. Да сведочат за Исус.
Незнам што ме спопадна денес да пишувам на оваа тема. Од секогаш сум се држела со резерва, зашто за оваа тема секогаш ќе има отворена и вечна дебата, а не сакам да навлегувам во конфликти ниту да ги појаснувам своите верувања. Само очекувам, давам почит, па би сакала и да го имам за своето размислување, ако не почит, барем разбирање Нема да коментирам за вистинските божји деца, затоа што различно го перцепираме поимот. Ти си религиозен, а јас само верник, тука има огромна разлика. Верувам дека нема потреба од посредство, ниту олеснување на душата од примерот -бев во црква оставив пари за сиромашните, моето добро дело е завршено. Јас сакам да знам дека диреткно сум помогнала, ако можам, а не само да си ја смирам совеста. Затоа и не ми е разбирлив поимот -тоа што тие прават со парите кои сум им ги дала, е на нивна грижа. Зарем тоа е вистинското помагање, или само олеснување на сопсвената совест и исполнување на душата и мислата дека нешто добро е направено. Јас би рекла помагање, да се расне нечие его или алчност. Она што религијата, не една, сите, го прават, според мене само го раздвојува народот, наместо да го обедини. А тоа не е она што јас го замислувам како Бог. Ама тоа би било во друга насока. Темата ја споија, овде станува збор за христијанството, па затоа ќе се повлечам со сопствените верувања и размислувања.
Добра поента, но оваа приказна може и од друг агол да се гледа: а што ако „просјакот„ парите ги употреби за купување на оружје или други штетни работи кои потоа се користат за да им се наштети на други луѓе? Таков е случајот со католичката црква која иако самата полна со милијарди, од верниците проси пари за гладните и сиромашните, на пр. случајот со Мајка Тереза за која многумина поради недоволната информираност имаат позитивно мислење дека наводно им помагала на сиромашните собирајќи безбројни донации од богатите. Во реалноста парите остануваа на конто во банките уште повеќе да се намножуваат а сиромашните речиси ништо од тие пари не видоа иако имаа алармантна потреба од храна и соодветна медицинска нега. Иако редот на милосрдните сестри на банкарската с-ка имал огромни средства, поради негување на култот на сиромаштијата тие просеа храна и одбиваа модернизација на своите болници и сиропиталишта. Ми текнува уште еден пример кога за изградба на оргули во скопската католичка црква а за потребите на дневните миси се бараа донации од обичните верници со цел купување и инсталирање на оргулите иако централата во Ватикан можела да ги даде парите како да се ситно а во интерес и на црквата и на верниците, па и пошироко.
Јас тебе те разбирам,ама збориме за различно ниво. Јас зборам за ниво-себе си,а ти збориш за глобално ниво. Не можеш да го промениш светот,да спречиш црквата или владата или комшијата да краде. Но може да се промениш себе си и својот свет. Да,просјакот може да направи нешто лошо на некој човек ама може и да ги собира за да донира,нели? Секогаш има две страни,зависи ти накај која ќе гледаш. Јас знам некои просјаци кои собираат пари и ги донират,или помагат на тие кои имат потреба. Знам и некои кои ги гледам сеа како просат а после низ град со бунда со која јас или ти никогаш нема да може да ги купиме. Но тоа не е поентата,тоа е на нивна глава. Секогаш има две страни,две сили,две енергии. Добро и лошо,плус и минус како сакаш наречи ги но кога ке се судрат тие две има баланс. Јас зборев за давање. Да направиш добро дело на себе и да дадеш,затоа шо се шо даваш и се враќа. Та тој на кого му ги даваш парите,или љубовта или јадењето што ќе направи тоа си е негово. И не мислам дека си религиозен кога одиш во црква оставаш пари,се молиш и палиш свеќа. И после се чудиш што е станало со твоите пари,дали злоупотребуваат со нив или пак ги наменуваат за добри дела. Да си помагаме меѓу себе,да помогнеме на бабта да помине улица,да даваме на тие шо имат потреба. Да почитуваш родителите,да простиш,да сакаш. Тоа можеш да го промениш. Твојот свет. Та нели бог е во сите нас..
^la-lita-e те разбирам, но јас тоа го напишав во контекст на темата „Верување,односот на црквата кон христијанството„ - а тоа е сепак глобално ниво кое ако не се воочи од народните маси тогаш тешко дека ќе има промени. Точно е дека она што можеме да го смениме е себе си и својот свет, но тоа за мене подразбира и промена на нашите ставови така што да размислиме за „просјакот„ , зошто е тоа така како што е, и како вистински можеме да му помогнеме - на пр. подобро е да му помогнеш да најде работа или му овозможиш соодветна обука, како што вели една поговорка: дај му на гладниот леб, утре ќе биде повторно гладен - но ако го научиш да меси леб, никогаш повеќе нема да биде гладен. Ми се допаѓа твојата реченица „бог е во сите нас„ - но за жал тоа одамна исчезнало од црковното учење. Оние христијани кои низ историјата подучувале такво нешто (на пр. Богомилите во Македонија) ги прогласувале за еретици. За црквата Бог е во храмовите изградени од малтер и греди, реликвиите, ритуалите и далечните небеса.
Јас видов дека некои феминки дискутират дали се ограбувани или не за парите кои ги оставаат во црква и затоа и на прво место го напишав тоа за просјакот,дека и да дават,дури и да злоупотребуваат со нивните пари,неможе да направиме ние ништо во врска со тоа-важно е да даваш за себе си.Знам дека излезов од темата ама гледав да се надоврзам со тебе,со твојот коментар после. И жално е да гледам како некои мислат дека Бог е само на иконата во црква,а не и во животното кое го тепат,дрвото кое го сечат,девојчето кое навредуват. Мислам дека и се разбравме кој шо сака да каже,за таа тема има многу да се дискутира.
Мене ова ме заинтересира. Ако не е таму, каде да го бараме Господ? _______________________________________________________________________________________ Во однос на парите. Отците немаат никаква допирна точка со парите од црквата. Тие живеат само од парите од требите што ги извршуваат. Само да бидеме реални, не секој отец може да си дозволи џип или некоја друга скапа кола, или пак вила, викендица... Можеби неверојатно за некои, но познавам отец/и кој има селска парохија во која има повеќе погреби од крштевки. Кој живее неделно со еден парастос (500 денари), но за него никој не се загрижува. Кој нема финасии да си ја поправи колата која му е стара 20 години, а треба да оди на парохијата. Никој не ги споменува ваквите случаи, но ете сепак сите ги ставаме на исто рамниште. Заборавивме дека не треба да судиме, зашто има Некој повисоко од нас кој ќе суди. Убаво кажа и некоја феминка, не значи дека парите секогаш злоупотребувани. Можеби тој отец или човек или просјак кој е озборуван, прави и многу повеќе добри дела и им дава на сиромашните. Но, тоа ние никогаш не го знаеме, но едно е сигурно, дека ако тоа е така, ние со нашите обвинувања и осудувања само си ставаме грев на душата. И пак ќе повторам. Има отци кои од раѓање се ситуирани. На нивните родители не им претставува проблем да им купат џипови или скапи куќи и викендици. Не значи секогаш дека нештото е онака како што изгледа надворешно, туку сепак постои некоја длабока внатрешност која и никој не ја знае. Зашто ние можеби го гледаме телото, но душата и мислите, не. п.с. Го одбранувам свештеничкиот чин. Кој навидум е лесен и прост, но не секогаш. Зашто сите ние судиме и никогаш нема да го знаеме нивното чувство, кога сите плачат (за погреб на некој млад човек или детенце, случај што денес е се почест), а тој треба да пее!
Во нашето највнатрешно, бидејќи ние сме храм на Светиот Дух, Бог е во нас _______________________________________________________________________________________ Но тоа не значи дека народот не би требало да размислува со своја глава. Имено ако Исус и апостолите живееле од работата на своите раце а не од проповеди и теологии тогаш тоа би требало да го прават и свештениците. Ова може да биде точно. Јас не гледам ништо лошо некој свештеник да има на пр. добар џип ако таа кола му помага некаде да стигне побргу за да дари искрени зборови на утеха и врши дела на несебична љубов. Тоа не е проблем, проблемот е што свештенството и теологијата се сфаќаат како професија од која треба да се живее (а во многу земји тоа го субвенционира државата одвојувајќи пари од даноците кои го плаќа народот), а тоа нема ништо заедничко со учењето и животот на Исус Христос и првите христијански заедници. Но зошто плачеме? Од каде е таа традиција на оплакување на мртвите? Исус подучувал: „Оставете ги мртвите да ги закопуваат своите мртви а вие дојдете и следете Ме!„ - црквата низ вековите и денес требаше да ги подучи на тие работи луѓето но тоа не се случи, наместо тоа таа даде свој придонес на одржување на култот на мртвите. Зошто се случува децата да умираат? На тие работи свештениците освен одговорот дека тоа се божји тајни несфатливи за човековиот ум, друго и немаат што да кажат па останува пеењето и ритуалите. Тие на луѓето требаше наново и наново да им го објаснат законот на сеење и жнеење за кој предупреди Исус од Назарет, за смислата на овоземниот живот, но наместо тоа во такви непријатни сиутации се нудат збир на фрази и церемонии. Која е потребата тогаш од свештеници? Доколку знаеме дека парите се злоупотребуваат можеме да престанеме да даваме и истите да ги пренасочиме таму каде постои реална потреба од нив, оти во спротивно може да се стане индиректно (повеќе или помалце) соучесник во евентуалните недела и еден ден пред законот на сеидба и жетва ќе мора да се положи сметка за тоа. Вистина ние не можеме секогаш да знаеме, но затоа треба да се прашаме себе си и да размислиме каде е помудро да се дадат средствата. Добра поента. Исус по смисла на апостолите им велеше: бев жеден и ми дадовте да пијам, бев гладен и ми дадовте да јадам, бев затворен в зандани а вие дојдовте да ме посетите - апостолите чудејќи се прашаа кога тоа ти беше гладен или затворен па ние да дојдовме да ти помогнеме? А тој им одговори дека она што му го правиме на најмалото меѓу нас Му го правиме Нему, на Христа.