Одење на гробишта 1.Ако некој е фатен од полиција со 3,5 килограми на марихуана тој според законот е дилер на дрога ако ја конзумира таа дрога тогаш е џанак, тоа не се измислици туку факти, факт е и дека е потпишана петиција за негова промена и владиката нема никако реагирано, ќе си почекаме да го затворат или депортираат за негова промена. 2.Каде е запишано тоа дека од Бога му е дадено да си прави што сака во своите епархии? Кога и кому му го кажал Бог тоа, срамота е на ваков низок начин да се служите со името на Бог ! Владиката не е одбран од Бог туку од негови колеги тука на земјата, ниедно свештено лице не е поставен на местото од Бога туку си завршил училиште, факултет и тоа му е професија. А тоа дека некој поп бил распопен дека прошетал пијан низ чаршијата, мижи асан да ти баам работава, поповите не ги расчинуваат ни за поголеми злодела а не пак за пијанство. 3.Јас бев во црквата во Рокдејл пред 3 месеци, немаше казино а ти кога беше па виде дека има ? Како бре кога шириме лаги за владиката сме Австралијанци а кога треба да даваме пари за црквите сме Македонци? Сите 300.000 сме лажговци? И ете уште еднаш ќе прашам од каде му се на владиката 4 милиони долари кој ги има дадено по судовите тука, негови од џеп се или на лажговците тука? И не не се нервирам, нема потреба, ниту во реалниот живот се нервирам а за тука да не правам муабет
Одење на гробишта 2. Значи цела еклисиологија (наука за црквата) говори за улогата на епископот(владиката) во Црквата, за неговите права и должности. А ако на владиката гледаме како на професионалец, тогаш не можеме да бидеме православни христијани. Попот не беше распопен, но беше строго казнет, испратен во парохија каде што пиле не пее... 3. Епа нема сега казино, бидејќи црквата му е вратена на владиката. Во Австралија има голем број на Православни Христијани - верници, кои знаат што е Епископ и кои не шират клевети за својот Епископ. Дали сте Македонци или сте Австралијанци, тоа во случајов ништо не менува. (Вие по етничка припадност сте Македонци и никој тоа не ви го брани, но по државјанство најверојатно не сте иако некој ви даде дури и право на глас.) Парите кои се потрошени во одбрана на Црквата и нејзиниот ред и поредок се црковни (макар што владиката велеше дека се од некој анонимен донатор). Ама нажалост ние не знаеме што е тоа Црква.
Одење на гробишта Ако е наука тогаш тие закони се донесени од човек, Бог никако не им дал за право на поповите сами да одлучуваат кој е добредојден во неговиот дом а кој не а уште помалку сами да одлучуваат кој е достоен за да се крштева, венчава или опејува..........нели сме сите негови деца,тоа не учи библијата. Јас гледам на поп, владика итн како на луѓе на кој тоа им е професија, кога ќе се однесуваат како свештени лица тогаш ќе гледам на нив како на духовни отци а никој не може да ми каже дали сум или не сум православна христијанка. Кога тие нема да се возаат во најскапите автомобили, да уживаат во луксуз и материјални добра тогаш ќе гледам на нив како свештени лица посветени на служење на Бог. Црквата во Рокдејл никогаш не била одземена па вратена на владиката, нешто слабо си информиран исто како што тврдеше дека има казино, па сега нема казино од кога е вратена на владиката. Дали клеветиме или не наше право си е тоа, ако 300.000 верници бараат промена на владиката МПЦ е должна да ги задоволи барањата на своите верници затоа што црквата ја праваат верниците а не попот. Дали имам македонско државјанство или немам е најмалку важно а уште помалку важно е дали некој ни дал право да гласаме на црквата не и е место во политиката, јас со двајца родители Македонци без обзир што сум родена и растена тука можам да бидам само Македонка, не можам да бидам марсовка итн И пак ќе повторам спорот што го имаат верниците со владиката е поради притисоците и заканите на владиката да му се препишат црквите и манастирите во негова лична сопственот, ниту дал пари да се изградат, ниту ги наследил од татко му па да бидат во негова сопственост. Според законот тука МПЦ не може да поседува имот, сите цркви и манастири се во сопственост на македонската заедница и се дава 40% од приходите на МПЦ. Сите 4 тужби што ги поднесе владиката се изгубени а со тоа и неговиот кредабилитет како духовен водач. А место МПЦ да стои зад владиката и да троши 4 милиони долари народни пари во судски трошкови нели како духовни водачи место да се борат за материјални добра ќе беше подобро да им помогнат на голем број сиромашни семејства Тука се гледа колку се посветени на Бог Сигурно некој анонимно дал 4 милиони долари......да, да верувам во тоа исто како што верувам дека Дедо Мраз постои
Одење на гробишта Во март 2012 (мислам 18. не ме држете за збор), владиката Петар свечено влезе и ја просвети црквата во Рокдејл. До тогаш беше во целосна власт на антивладиката Игор Александров. Кај реков дека не сте Македонка? Главниот проблем е тоа што МПЦ не може да има имот во Австралија. А да си знаете дека се` што ќе дадете за Црквата, тоа повеќе не е ваше. Тоа е црковно. А со имотот на црквата управуваат црковни лица (пред се Епископот). Доколку некој сакал имотот да си го задржи не требало да прави црква, нека кажи јас си правам парацрква и мирна бачка. Никој нема ни да го тужи ни ништо. Овде сакаат ем црквата да им биде приватна компанија ем црква. Е тоа по каноните не можи (си пишува таму дека со имотот на епархијата управува владиката). Еве ви ги каноните на Православната Црква, најдете ми канон кој го прекршил владиката Петар, па јас ќе бидам прв кој што ќе ве подржи. http://svetosavlje.org/biblioteka/zakon ... ona-pc.htm
Искрено кога ова го прочитав, морници ме полазија . Колку само е вистинито, но и најважно се работи за вистински случај кој се случил пред извесен период. *** Во еден град, мрзеливите жители толку го изгубиле својот срам, што секојдневно правеле секакви безаконија. На крај на памет не им паѓало да се покаат и да го послушаат стариот и добродушен епископ, колку и да ги молел да се поправат. Луѓето си правеле шеги на сметка на стариот епископ и едноставно го бркале од себе како „досадна мува„ . Стариот епископ се упокоил. На негово место пристигнал млад архиереј и започнал да живее така што сите започнале да се згрозуваат, па дури и старите жители на тој град. Ете тогаш се присетиле на својот „драг, добар и кроток„ стар епископ. Најпосле не издржувајќи го непрестаното собирање на прилози, навредите... на новиот архиереј, жителите од тој град еднодушно започнале да се молат: - Господи, па зошто баш нам ни дарува вакво „чудовиште„?!!! Кутрите не ни знаеле како е правилно да се помолат, но после нивните долги молитви Господ сепак им се јавил на еден жител од тој град и му одговорил: „Барав за вас полош, ама не го најдов! „ *** Навистина Бог ни дава такви парохиски свештеници, епископи, какви и навистина заслужуваме. Но, од се тоа, ние сепак треба да го црпиме полезното и доброто од нив. И колку нашиот парохиски отец да е паднат во грев, ние да се трудиме да го видиме во него и позитивното. А на крај, и да не го видиме ние тоа во него и ако тој отец падне во своите страсти и не се покајува, Бог тогаш ќе ни ги отвори очите. Во нашиот живот ќе влезе нова личност, поточно оној кој сме го бараме и сме биле во потрага, нашиот духовен отец кој сме го замислувале. Не велам не и јас сум била една од тие кои имале сосем негативно мислење за отците, но тоа се смени во оној миг кога започнав да го барам доброто во нив. Ете тогаш сфатив колку грешев. Не бев достојна да помислам, а не пак да кажам нешто негативно за нив. Кога започнав да се споредувам во доброто, во постот, молитвата, пристапувањето кон Светата Тајна Причест, служењето... сфатив дека сум далеку, далеку од нив, а не подобра и сосем исправна. А зошто? Бидејќи можеби тој како човек греши, ама сепак се исповеда. Има во него покајание и свесен е за тоа. А јас така убаво се запрашав, дали сум се исповедала?! Кога човек се исповеда, еднаш, двапати, трипати за еден ист грев, еден ден Бог ќе му ги отвори духовните очи и ќе го поправи целиот свој живот. Додека оној кој се труди само да го види гревот во другиот и што е полошо се оправдува за сите свои гревови, зашто еднаш го видел отецот тоа да го прави, ете тоа е тешко. Тешко ќе биде на таа душа бидејќи се соблазнила, а не сфатила дека еден ден Бог ќе го привлече кон покајание или можеби во истиот миг кога тој другиот го видел, се покаил и тоа за него значело крај за тој грев. Мислам дека тука треба да бидеме ние како мирјани, многу претпазливи. Сепак е тоа мое скромно мислење, но сепак секој си прави за својата душа. Јас повеќе би претпочитала да се споредувам во доброто со отецот. Бидејќи иако тој прави можеби некој грев (пример пуши цигари), што ако во себе крие некое големо добро дело кое тоа по својата големина го потиснува тој грев?! А јас сум далеку од тоа и тоа за мене е само мисловна именка. п.с. Би сакала ова да го сфатите како добронамерен совет. Не би сакала некој да помисли дека на некој му судам, си судев самата на себе и на моите грешни и поранешни размислувања .
Мислам дека тука ќе е најсоодветен текстот....поздрав битерсвит со делот за Австралија Дневникот на еден поп Нов хумористично-сатиричен текст на Виктор А.К.А. Башлак, во негов стил . Денес е 18ти Декември, ќе шетам по куќи да крштевам вода. Порано бев поп во Новаци убајна ми беше еден куп пари земав, полно селото со луѓе, топој се тие сите, цело село во РЕК работат, уште песојте шо му ги немат вработено во РЕК. Сега па кај шо ме пуштија во едни три села поп да му бидам, секое село по 20 куќи има. То е онаму џенем, пилиња не пеат, по некој гуштер има, а од поодамна и ЛЕСИ СЕ ВИШЕ НЕ ВРАЧА КУЧИ во тие села кај шо сум. Ни се женат, ни се мажат, а пак не ни умират налет друго, а мене многу слабо ми е за пари. Ама ќути барем многу ме поштоват, ќе дојдат рака ќе бацат, ова она, стално за славата ќе ме викнат, а да ви кажам право си одам јас со попадијата сегде, ќе касниме ќе чиниме и дури за дома ни пуштат за два три дена да не готвиме. Среќа сега малку шо ја покечивме цената, порано земавме по 100 ден, ама Стефан рече од годинава по нова тарифа по 150, кој сака поп дома да му пеј треба да плати бе бате. Во Новаци си имав две, три женички, ама едната му беше ќерка на тој кмето и зато ме сменаја, јас знам кај ми е грешката, ама среќа шо Стефан ми е вујко од Добрушево сум јас, ама и од таму сме сите попој то ни е фамилијарен бизнис нас, иначе готов бев ќе ме скинеја. Сега овде за тие работи ми е полесно, можам да си имам во секое село по една за порајат да си бидам никој да не ме гиба. Пред да го купиме хотело во Струга, овој Изгрев шо е, каков ЏИП зедов Mitsubishi Pajero ама си го возам низ град, за низ села ја вадам Шкодата Фелицијата од 97ма шо ја зедов оти селаните ќе ме истрижат на лице место. ЕЕЕ тогаш убај пари напрајвме од овие тркалата од Австралија, со овој владиката кај нас шо е Петар, се договоривме со едно попче од таму од Сиднеј, да му продаваме земја во најлончина. По 20 долари како алва одеше, купват неписмените ајдеее СВЕТА ЗЕМЈА ОД СТАРИ КРАЈ. Ама то попчето таму шо беше го расчинија, одвај му куртули на нашите таму во Австралија, абе убај се тие за лажење во се верват, дури и на исповед се си кажват, па после ние му тераме сеир ко ќе седниме в кафана. Ама ако го фатеа тогаш поп Алексо ќе го отепаја, избега куртули. Сега пак и со свеќите си фатив бизнис, си носам свеќи таму, еден куп пари од то излегват, а почнавме да печатиме и календарчина и за да купват му велиме оти пеани биле. И бројаници од Србија носиме и тие ги продаваме по 100тка, паришта еден куп прајме. Сега се мислам да почнам пари со камата да давам, таму кај шо одам по некогаш комар да играм нема ниту еден каматар, па си реков да пустам и таму некој денар. Бев некни во Јован Бигорски горе, тие ме научија шо греој имам па почнаја да не ме прибират во манастиро. Толку грешен поп нема, така рекоја и ме избркаја, а јас па му велам „Море луѓе шо ви е бе, секој трет, втор, прв поп е ваков” ама не ме верват. Ете на пример некни во Петоко го гледам поп Атанас си јади бурек, а него го сметат за најарен. Не дека јас постам нешто, ама пак не пости ни тој. Драг дневнику одам сега да си ја повторам песната за после, да не ја заборам кој ќе се страми, не оти некој ќе ме сети ако згрешам ама не е убо!!!
Да верувам дека има многу попови што грешат но тоа не значи дека не треба да ја сакаме црквата,црквата е столбот на Исус,ако веруваме во Исус значи дека треба да го слушаме евангелието и да го проповедаме евангелието да кажуваме за неговите моќни чуда,за неговите зборови и заповеди,за тоа колку тој е добар,а за сето тоа треба да се оди во црква да се дружи да запознаваш нови луѓе да имаш сето тоа на кого да го кажуваш,да се шират твоите пријателства,можеби на некого ќе му го промениш животот со помошта на Бог како што мене некои луѓе што ме учеа за Бог и тотално ми го променија животот иначе немаше никогаш да знам кој всушност е Бог,мора некој да те посочи на тој пат.И не е убаво да се суди,единствениот на овој свет кој може да суди е Бог,.И ако поповите крадат пари и не знам таму што не си ти ништо повеќе од него,затоа што грев си е грев нема мал или голем грев,ако тој краде ти денес лажеш,се пијанчиш,пушиш цигари,оговараш и уште што не.За жал сите сме грешници на овој свет ама за тие гревови можеме да застанеме пред Исус и да се покаеме и да признаеме дека сме згрешиле па за тој да ни прости.Вечна нека му е славата !
Да разјасниме .. значи црквата не е таа што ве одредува дали сте Христијани или не ,Христијанин си ако веруваш во Христа во нашиот Бог и ако ги почитуваш и живееш по тоа што ни е проповедано од него а црквата е институција во која се свештениците и тие се должни да го продолжат Христовото учење како што тој заповедал е сега колку тоа е така тоа е на нивна глава тие се заколнале пред Бог и само тој ќе им суди ,точно е да дека има и чесни и нечесни попови или свештеници не се сите исти неможеме да ги ставиме сите во еден кош но ние не сме тие кои треба да им судиме може да не нервира тоа што го гледаме и слушаме од нив но тоа е нивни проблем и јас не сакам некои работи што ги гледам ете пример не ми е удобно ни малку пријатно кога ќе ги видам со мерцедеси или џипови од по 100 илјади евра не ми е ни малку пријатно кога бараат пари за крштевка,венчавка и погреб за светење вода за пеење на лебче за слава, многу работи не ми се допаѓаат пример мене не ми се допаѓа и тоа како се облечени нивните така наречени митри на главите што ги носат и облеката што ја носат се многу скапи тоа се многу пари една митра е од 1000 до 2000 евра накитени со сребрени или златни крстови ,позлатени и посребрени икони ,многу злато и сребро по црквите и манастирите јас не го сакам тоа но тoa e за жал денеска,свештениците се накитени со злато и сребро и носат скапи одежди тоа никаде нашиот Господ Исус не го кажал дека така треба да бидат облечени и накитени ,нашиот Бог носел една скромна и сиромашна наметка ништо на него немало единствено светостта го правела цар и одел пеш или на магаре не се возел во кочии и незнам што ,јас не викам дека свештениците треба да одат боси и голи или да одат на магаре ама можат ако сакаат да бидат скромни да имаат скромни автомобили скромни облеки и да бидат дарежливи тие пари што ги трошат за облека или скапи автомобили или поставување на иконите поточно денес скоро во сите манастири и цркви иконите се од злато и сребро направени а тоа на Бог не му треба нему му треба вербата на луѓето да веруваат во вистината а вистината е Бог е тие пари можат да се даруваат на сиромашни да се нахранат или да се школуваат или да се помогне на болни како ете што беше со малата Тамара да излезеа во пресрет да помогнеа од МПЦ на Бог не му треба позлатени и посребрени икони и позлатени цркви ама тоа е за жал дури апостол Павле вели ... на нив да нема ништо позлатени.посребрено или бакарно треба да бидат чисти да служат на Бога и на народот и да бидат меѓу него оти бог се гнаси од таквите ,но затоа ви викам нив има кој да им суди ние сме должни да ги почитуваме а другото е нивни проблем,како викаше една народна Колку И да си грешен попе јас морам од тебе да побарам прошка оти ти си пратен од Бога и нему му служиш така преку тебе мене Господ ќе ме слушне.е тоа е тоа
Одењето во црква не прави некого верник, а неодењето во црква незначи дека си неверник. Лично верувам во Бог створителот, слава му. Имам некое свое гледиште врз Христијанската веросиповест но ја почитувам и че ја почитувам дур сум жива, секој има право од различен аспект да ја гледа верата. Дискутабилно е и неутврдено чии тврдења се најточни, колку и научниците да објаснуваат хемиски и физички мислам дека не се објаснува се и баш затоа и верувам во таа надприродна сила. За црквата поготово православната, незнам ни дали да трошам зборови. Тие кои учат на почитување, благосостојба, мир и слично е баш тие се најголемите неверници и манипулатори кои си полнат џебови.
Точно одењето во црква не те прави поголем верник,како што кажав црквата и храмот се во душата на човекот може да си многу поправеден и побожен и од тој што секој ден е во црква јас лично познавам такви што нон стоп се во црква а од друга страна толку се изопачени и лоши ,верник не те прави црквата туку верата во Господ Исус Христос и неговото постоење ако црквата беше таа што ја ствара верата досега повеќе од пола народ ќе беа неверници поради недовербата на поповите и свештениците но и покрај нивните што ги гледаме и слушаме неубави работи нас тоа не не отргнува од верата затоа што знаеме кога ќе дојде денот кој ќе ни суди и на нив и на нас затоа ние да не судиме за нив туку тој што не создал .
Се извинувам ама не се согласувам баш со вас.Одењето во црква е битна работа.да има многу луѓе кој одат во црква а се неверници но сепак битно е да отидеш во црква да слушнеш проповед за Бог,многу е битно да бидеш меѓу повеќе луѓе,за да му служиш на Бог да кажуваш за неговите чуда.Не се само поповите испратени од Бог за да ги кажуваат чудата на Бог,Исус рече дека сите треба да го славиме него да му служиме,да го кажуваме евангелието.