Денес од весници не читам ништо, од списанија купувам Теа Крстозбор, Убавина и Здравје, Unique, Teen, OK.
Понекогаш купувам ОК списание, има интересни работи. Имам неколку пати купувано и Убавина и здравје, ама тука се некаде со цените и си реков поубаво да си купувам ОК, потинејџерско списание е да речам..
Здраво на сите и среќна нека ни биде новата 2019 година! Сакам да си купам некое интересно списание каде што ќе најдам рубрики како здравје, патување, хоби, живот.. си купив убавина & здравје, но од овој број не сум многу задоволна. Кое е вашето омилено? Не мора да биде македонско, може и српско. Благодарам!
Unique го купував долги години. Последнава година две, многу го расипаа, полни страни со реклами, слики, содржина никаква. Се префрлив на Убавина и Здравје. Подобро ми е.
Паметите ли од каде го купивте Vogue и дали беше американското? И ако знае некој, каде би можела да најдам такви странски списанија како Elle, Cosmopolitan... ? Низ трафиките во Скопје не сум сретнала
За списанија провери во една продавница во Центар, нешто World press - СВЕТ мислам се викаше. Таа е кога одиш од Соборна накај плоштад, т.е. на почетокот на улицата каде што се наоѓаат дом на градежници, слаткарница Крин.
Само од Космо читам чат пат, но и тоа не се сеќавам кога последно сум читала. Порано можеби повеќе читав и некои други, но сега веќе се има на интернет, па затоа и не читам нешто вакви списанија многу...
Одамна не сум купила ни весник ни списание. Порано купував, додека бев во средно претежно. Сега ги читам онлајн верзиите, ама некако не ми е тоа тоа
Во средно купував многу. Имам цела кутија списанија на таванот. Потоа се префрлив на книги. Сега на киндл. Ама ми фалат весници пошто немам социјални мрежи многу и друго е од весник кога ќе се прочита. Се мислам баш да земам па шо после ќе ги запалам најверојатно за оган. А многу сакам и крстозбори да решавам.
Здраво Ја видов темата и можеби не е активна, но веројатно некој знае да ми каже каде во Скопје може да се купат странски списанија како VOGUE ELLE и др, и на пр.хрватското LJEPOTA I ZDRAVLJE
Кај градски ѕид,карши сакам книги има една продавничка World press се викаше мислам,таму имаш списанија од ваков тип.