Весници Во последно време ретко купувам весници,зошто скоро се што ме интересира прочитам на интернет.Порано купав скоро,а сега ептен ретко.Купував Таа и уште ги чувам,ги колекционирав списанијата....ама тоа беше одамна и помина.
Весници Дневните весници обавезно ги читкам :geek: со утринското кафе ..... Од дневни весници најчесто купувам Дневник и Време најмногу ми се допагаат и мислам дека имаат најобјективни вести. Од неделните и месечни списанија сега ретко купувам бидејки се информирам онлајн најчесто, инаку на времето уште како мала со нестрапение ги чекав новите броеви на Росица ,Развигорче , Наш Свет и Нова Македонија (да видам да не ми се паднало нешто) ... Подоцна Продолжив со Тин Шема , ТАА обавезно се купуваше секој месец , Браво си купував за постерите сега кога купувам најчесто купувам Joy ,Cosmopilitan, Здравје и Убавина.
Весници немам некоја навика да отидам до продавница специјално и да купам весник. значи весник може да купам јас лично само ако ме ,,спрепне,, а дома кај нас постоја има весници, татко ми само купува, и сакам да ги читам. посебно ,,вест,, интересен ми е, хороскоп обавезно читкам, нешто рецепти ова она.... и секогаш, ама баш секогаш го читам весникот од позади па одам напред а вие? велат дека тие што читаат така, подолго живееле инаку доста читам и ,,свет,, дека сестра ми го купува и сака сите трачеви да ги знае во целост, секој весник што поминува во куќата, поминува и низ моите раце
Весници Многу сакам да читам, без разлика дали дневни весници или магазини и списанија. Дневните весници ги читам на интернет и тоа Утрински весник, Дневник или Вест, а од списанија купувам Јуник, Убавина&Здравје, Џој, 1Е. Ме заинтересира да го разгледам Космополитен, кажете ми дали кај нас ја има српската верзија или само хрватската??
Весници Кај нас доаѓаат и двете верзии на Космо, и хрватската и српската, само што сега хрватската ја носат со еден месец задоцнување (ако сега е излезено септемвриското издание, кај нас ќе го најдеш само августовското) - што и не вреди да го купуваш бидејќи е доста скапо, барем знам дека беше 250 ден. кога јас го купував (тогаш сеуште доаѓаше на време). Српското е нешто поефтино, ама не знам дали доаѓа на време. Како и да е, темите се горе-долу исти, само авторските колумни и статии се разликуваат. А другите се копи-пејст. Можеш и онлајн да си го читаш хрватското, еве ти линк http://www.cosmopolitan.hr, и верувај, се се повторува од старите броеви што ги имам и јас дома.
Весници Баш прееска кај мене доле во Рептил гледав, го имаше само хрватскиот Космополитан и беше 120 денари, августовски број. Инаку нели сте приметиле Џој стига со доцнење? Моментално кај нас го има јулскиот број а излезен е септемвриски, никаде не гледам августовски број а камоли септемвриски...
Весници Сакам да читам весници! Ме подсеќа на она стари добри времиња! Кога без интернетот, беше супер, се имаше живот! А сега сите се џарат во мониторот, и читаат статии за тоа како Бритни не носи градник.....и слични глупави работи! Исто така се сеќавам кога бев помала, излегуваше едно списание, беше 20 денари,Тин Шема,во весникот Вест се продаваше..........ех тие времиња ми недостигаат! А морам да се надоврзам на темава, ужасно ме нервираат трачарските весници, како што се Свет, Скандал. Крема.....
Весници Мислам дека не! Но не ме фаќај за збор, мислам дека Теа посебно излегува! А Тин Шема, беше буквално шема за нас средношколците!
Весници Веќе компјутерот ми станува здодевен па знам да се опуштам со добра музика и со Таа & Тој , Unique , Убавина и здравје , Bravo ,
Весници Не читам весници, само по некогаш кога ке видам дома некој па ако немам друга работа го прелистувам.
Весници Сакам да читам весници иако обично ги купуваме кгоа во нив има некој додаток. Омилен ми е Дневник а и Вест е добар,само што е повеќе таблоид
Весници Обавезно и тоа секој ден.Знам дека може да се читаат он лајн но јас никогаш не го практикувам тоа,подруг ми е филингот коа ми е весникот у рака,па си разлистувам (секогаш од назад кон напред а појма немам зашто),си читкам нормално она што ќе ми падне во око најнапред,ама знам да го прелистам и по вторпат па да им посветам внимание и на насловите кои не ме заинтригирале од прва Го читам претежно Дневник заради интересните колумни,а и Вест но сепак тој ми е повеќе како за забава,за ентертејмент содржини) Насловот беше за весници така да тука застанувам,списанијата и жолта штампа за во друга прилика....
Весници Читам весници секој ден, и тоа во печатена форма... Некој погоре спомна дека ги купува поради додатоците - мене искрено повеќе работа ми вршат флаерите отколку додатоци од типот на Антена, Викенд, Теа, Теа кујна... Внатре ама буквално нема ништо интересно за мене...ЧАт пат по некое интервју само во Теа, мада со оглед на тоа што најчесто интрервјуата се со некои што не ги знам , не ме ни интересираат.. А ТЕА кујна сметам дека е вистински промашај. Јас многу сакам да готвам и секогаш ги читам рецепетите, ама во ова списание се некои чудни состојки пишува з акои никогаш не сум слушнала... Тин Шема исто така нема ништо интересно. Порано едвај чекав да излезе тоа списание имаше се и сешто, ама сега буквално нема што да се прочита
Весници Читам што ми дојде при рака, од утринските па се до жолтиот печат. Од дневните весници би го издвоила Утрински весник, а од оние нашите неделни/месечни весници и нема некој поасален што понудил интересни теми, порано читав Тин - шема и Теа модерна ама во последно време за никаде се.
Весници Немам навика да купувам, а ако имам во раце читам и тоа никогаш не ми е доста. Значи само некој да ми купува . Обожавам секакви информации да прочитам, ама дека не купувам често, весниците си ги читам на интернет
Весници МНоооооогу ретко купувам весници. Па и досадни ми се по малце. Едино Вест сакам да го читам, тој ми е така поинтересен.