Весници Обично не читам весници ама кога одам кај дедо ми, ако налетам на некој си читкам по нешто, да ми помине времето. Најинтересни ми се Време со Шпиц (тие заедно идеа, нели? ) и Вест.
Весници Татко ми обично секое сабајле оди и купува Нова Македонија.Тоа му е рутина,секое сабајле . Понекогаш знам да го разлистам кога ми е досадно.Јас да одам да купам весник од типот на Нова Македонија,Дневник,Вечер - Никогаш.Освен ако тато ме прати некогаш. Обично читам магазини како Космополитен,Убавина&Здравје...Некои такви.Тие ми се најинтересни и нив со уживање ги читам.
Весници Весници онака понекогаш кога ќе здогледам интересна вест а списанија често читам најмногу Убавина и здравје, Unique и Joy
Весници Читам само ако ме пратат моите до продавница и по пат накај дома ќе разгледам што има и толку од весникот,додека списанија си читам.Сега во последно време воопшто не ни купувам си ги симнувам од нет,малце поекономична станав
Весници Најчесто читам Вест, скоро секој ден го купувам, а кога ги имаат оние додатоци - обавезно. И Unique читам, имаат интересни рубрики.
Весници па најчесто читам шпиц,вест unique i joy убавина и здравје а понекогаш и тие свет и скандал,браво
Весници Јуник и убавина и здравје си ги читам редовно.Дневни весници и немам некоја навика да купувам па ако начекам од некаде читнувам.Обично вест може да се најде по дома. На интернет и немам некоја навика да читам..
Весници Ако купи тато читам, ако не не ми текнува на весници Освен некои списанија како што е BRAVO каде што има за познатите личности
Весници Весници...ако налетам на некој од дедо, инаку не купувам. Списанија ТАА редовно, Unique и Убавина и Здравје понекогаш и ОК, но сосем ретко!!
Весници Ако има весник по дома така ќе го разлистам, посебно ако е вест прво ќе си го ѕирнам секс ќошето а да идам специјално весник да купам - не.
Весници Сакам да читам весници, уживам и се опуштам дури читам. Отсекогаш читав, како помала читав кога моите дома ќе имаа купено, а потоа почнав и јас да купувам. Кога бев средно секој понеделник, среда и четврток со цимерката купувавме „ Вест“ бидејќи имаше и додаток и кога ќе се вратевме од на училиште, дури се одморавме читавме весници Најчесто купувам „ Вест“ - најубав ми е, а од списанијата - весниците што одат како додаток на „ Вест“, „ Теа модерна“ и „ 24 часа здравје“, па „ Убавина и здравје“, „ Јоу “, порано купував и „ Таа“, „ Bravo“ но сега немам купено не знам од кога. Кога имам повеќе слободно време, читам весници и списанија on-line.
Весници Секое сабајле со дедо ми чираме Утрински весник и Шпиц. Порано редовно ја купував ТАА, а сега од време на време Unique и Убавина и здравје, ама не ми се нешто посебни, особено Убавина и здравје кој што чини 69 денари, а е преполн со реклами. А тие трачарските од типот на Крема и Свет каде што има каква боја гаѓи носела Дара Бубамара и колку пари чини ташната на Карлеуша никогаш не ги купувам.
Весници Под весник подразбирам рециклирана хартија и олово. Овие магазиниве не се весници. Весникот е дневна литература, толку трае , еден ден. Само јас и пензионеров карши мене купуваме весници, и уживам да ги читам особено колумните и тоа судокуто на крај како тепрапија ми доаѓа, па кога ќе го видам показалчево потемнело од мастилото..мераци. Ми пречи што се многу партизирани, одма знаеш кој е уредник на весникот и информациите им се вчерашни. Треба малку да се потрудат повеќе, не само да препишуваат информации кои се појавиле во медиумите туку и тие да имаат истражувачко новинарство.
Весници Неам навика да купувам, тоа обично им го оставам на мојте.А од веснициве интересни ми се Свет,Убавина и Здравје и Моја тајна
Весници Додека бев во Скопје уште од вечерта си купував "Вест" и "Шпиц" ( поради кусурот од 5ден ) а го читав сабајлечки со утринското кафе. На нив сум навикната и не би можела други весници да читам .Ми се допаѓаше тоа што во понеделниците имаше додаток "Крстозбор" па убаво ми доаѓаше таа "гимнастика на мозокот" на почетокот на неделата ама сега го даваат за викендите ...Но сепак на нет си решавам скандинавки ... Но откако сум во мојот роден град ретко читам затоа што немам каде да купам весник во близина, само албански весници ми стојат на располагање ... Знам понекогаш "Фокус" ,"Ентер" и "Убавина и здравје" да купам...Алергична сум на "Свет" и "Крема" стварно незнам како ги читаат
Весници Личо не купувам јас весници ама сакам да ги читам Од последната страна секогаш го листам А од списанија редовно купувам ТАА
Весници Ги читам сите, за жал се почесто ги читам на нет место да ги купам... ама пошто работев новинар во весник, изгледа затоа и ми се одмили таа навика да ги купувам страниците да ги душкам ммм ма ќе се врати кај и да е хахах Дневник би на прво место. Утрински ми е тука некаде, а Нова Македонија веќе подолго време ме изненадуваат со добри приказни и тоа еј неполитички (пошто инаку главно политика и читав и пишував де ...) Вест го читам за викенди најмногу и ради колумната.. добро се смеам секој пат ... од овие Теа и сличните, ги зимам кога ќе налетам некаде на нив и да ги читкам од почеток до крај. Списанијата не ми се нешто посебно интересни макар што сакам понекогаш да видам добра слика од која што се инспирирам што да си купам (Гардероба) а и рецепти ехе... готвам одма после хахахахах