Весници не читам , али ако ми е досадно ќе пребарувам и ќе читам некои стари од пред 10 години или пак Теа модерна ... , а редовно ги читам Авон и убавина и здравје ..
Порано обожавав да купувам списанија и едвај чекав да ги разлистам и прочитам.Пораснав со ТАА,потоа еден период купував КОМПЛЕТНА,се додека не рипна цената на некои 100 денари. Откако излезе Убавина и Здравје,почнав да го купувам се додека не сфатив дека само го прелистувам и не го читам.Причината е што е полн со реклами и модни парчиња кои во секое време ми се достапни на интернет. Еднаш на автобуска си купив КРЕМА за прв и последен пат Боже мој,цел пат се каев зошто си ги дадов така парите,можев да си купам 3-4 пакетчиња паломи од стариот дедо и да му направам промет,отколку да се занимавам со глупавиот весник.На една цела страна ставиле некоја замислена звезда и три реда текст,кој е само некоја глупа претпоставка на новинарот. Додека бев во Скопје,а посебно додека одев на работа,купував Вест и со задоволство ги читав сите содржини во него,а обожавав да решавам СУДОКУ.Сега воопшто не ми е привлечен овој весник ни за на интернет да го читам,а не пак да дадам пари за него. Речиси се што има во списанијата и весниците сега е достапно и на интернет,така да многу ретко ги купувам веќе.
Весници чат-пат(зошто редовно гледам вести) А од списанија, обавезно купувам: Спојлер + македонското издание Венчавка
Јас сум тотален фрик за весници и списанија.Навика која моите ми ја имаат всадено уште од дете.Кај нас дома од секогаш се читале весници и списанија,татко ми и ден денес е во состојба да купи пола трафика! Дневни весници купувам од вечер и сега веќе ги имам прочитано утрешните .Купувам Утрински весник и Дневник.Вест не купувам никогаш зошто ми наликува на ,,жута штампа,,.Уредувачката политика на Дневник во последно време многу се смени,но го купувам од навика.Утрински весник ми е најреален и најблизок до моите лични ставови и размислувања. Од списанија купувам Теа, повторно од навика зошто со години излегуваше како додаток на дневни весници.Мое лично мислење е дека откако повторно стана самостојно списание,само првиот број вистински вредеше.Но, упорно ја читам со надеж дека ќе еволуира во квалитетно списание. Читам и Фокус, во замена за Глобус кој за жал веќе не постои во печатено издание. И да, Глорија хрватско издание.
Весници не читам Понекогаш, само хороскоп и го листам, па ако ме интересира нешто читам Од списанија секогаш го читам Убавина и Здравје, Таа и друпги
Па редовно го зимам OK хрватското списание за тинејџери. Интересно ми е понекогаш го земам и Крема и Убавина&Здравје.
Секој ден купувам Фокус и го читам наутро на работа со кафе. Купувам и Теа, Комплетна, Убавина и здравје, Јуник, Свет, Космополитен (српскиот или хрватскиот, а некогаш и двата зависи), Храна и вино, и некое ако ми се допадне.
Да прашам едно прашање за списанија, можда има, ама не сум обрнала внимание не ми ни текнало да побарам, затоа овде да прашам па сигруно ќе знае некој. Прашањето: Има кај нас да се купи странско списание освен тие што се на српски и хрваткси? Не ми текнало да видам низ трафикиве.
Тин шема, Теа, Браво, Браво Грл, ама тоа читав. Сега само Наш Свет и М&М. Не сум многу по весници, се информирам на интернет.
Нешто што уживам да го правам во слободно време е читање списанија, весници и сл. Не купувам често но кога купувам, купувам по неколку. Најчесто читам : Свет, убавина и здравје, теа, вест, храна и вино и мн други во врска со модата зависи кое ќе ми се допадне
Имаше порано и тоа од кои ти душа сака. Мислам дека и сеуште има, пред некоја година имаше и Космополитан и една од најпознатите Бурда, и многу други, имаше Англиско, Гeрманско, француско издание, ама цени, не прашувај мене ми е незамисливо 600, 700, 800 за списание па и милион страни нека е. Купувави јас, од нашиве порано тин шема, теа, таа, нашето убавина и здравје и други. Оk ми беше омилено како тинајџер, а додека го имаше кај нас, т.е пред да се распадне и во Хрватска нивниот Космопоитан Сега се поретко и поретко, незнам дали дека и нашиви си ги набија цениве(120-150 денари за списание и не е малку, и од друга страна бедна и очајна содржина )
Не можам да не ја споменам Мила - хрватско списание кое го читав во периодот кога бев средношколка (пред хх години) Сеуште се сеќавам со каква возбуда и исчекување (мислам дека беше во четврток) го купував секој нов број. Во тој период немаше многу женски списанија од ваков тип. Мила ми беше водич, библија, многу совети, трикови за убавина и денес ми се од корист. Со незамислива од сегашна гледна точка, страс и интерес ги голтав информациите за мода, шминка, нега, убавина, психологија, љубов. Се сеќавам на една фотографија на девојка со црвена боја на коса, блед тен, темни очила и црна ролка. Тогаш си замислив дека така сакам да изгледам и долги години негував ваков стил. Со еден збор Мила имаше огромно влијание во мојот младешки период. После почна војната во Хрватска и списанието многу се измени, престанав да го купувам, а и веќе ретко стигнуваше во Мк. После тоа купував Џоја, Севентин, па Космополитен. Со ерата на интернетот веќе најголем дел од дневните весници и списанијата ги читам он-лине. А Мила ми остана во срцето.
Леле..Најјако ми е после предавање,идам до трафика и ги купувам сите списанија шо ќе ми фатат око. Од Јуник,Убавина и Здравје,Таа,Космополитен,Свет па се до некои забегани детски списанија кои ќе ги дадам на внука ми(од сестра ми ќерќичката) шо никад нема да ги дадам Трошам минимално по 500 денари за едно одење во трафика,знам многу е ,ама па има ли поубаво од доаѓање дома и распакување на сите списанија да видиш шо ти се паднало Стварно неможам да одолеам,со едно чајче,списание,на кауч,мм перфектна комбинација...
Обожавам да читам весници и списанија!!!Од дневниот печат најомилен и најинтересен ми е Вест,додека од списанијата најчесто ги читам странските:Cosmopolitan,Joy,Ok,а од нашиве единствено Unique.Порано редовно го купував и Убавина и здравје,но во последно време го расипаа квалитетот на содржините
јас и мајка ми сме најголемите "манијаци" за весници секој нов весник мораме да го купиме..ако не го купи таа јас ако не јас таа ..