Последно од весници читав "Вест" а за списанија сакам да читам, најчесто ги читам "Скандал" и "Убавина и здравје"
Списанија секогаш до мене има.. Секој нов број на Bravo го купувам, интересно ми е многу, наш свет од училиште , а од дневните весници не преферирам многу... освен ако има некоја интересна вест
Две години редовно го купвав секој број на списанието ТАА. Тогаш беше 70 денари и излегваше еднаш месечно, ама имаше навистина интересни работи. Исто така повремено го купвав Bravo Girl ама дека идеше со закаснување, се нервирав А во последно го купвам и Bravacasa каде има многу интересни идеи за уредување на домот. А ТАА прекинав да ги купвам оти демек штедам сега Ама имам преку 50 броја па си ги читам пак
Го зимам од време на време Unique . Го земав и вчера и искрено непријатно се изненадив, ми изгледа многу потенок за разлика од порано, а прите исти. Треба да проверам дали им е сменета дебелината на книгата или пак навистина им е намалена содржината. Искрена да бидам Убавина и здравје ми изгледа по квалитетен во однос на содржината, а притоа и со намалена цена од самот почеток, без никакви промени.
Пред некој ден слушнав од другарка дека имало списане бурда и дека во него имало креации за да си сошиеш нешто... Ако некој има купено бурда нека каже дали има убави работи внатре или само за џабе го има купено. Од напред фала за одговорот.
На прво место ми е ОК! Омилено списание, кое речиси го читам од а до ш. Исто така читам и Теа Модерна, Браво, Тин, Hello и некои други. А весници, не читам.
прашај по дома мора да имате некаде скриено Бурда, лично топ ми е списанието, поскапо е од секојдневниве ама се наоѓаат баш супер работи како модели за шиење.
Порано земав "НашСвет" сега "Браво"-Она Српското не Германското и едно исто српско списаније "Ок је Ок"
порано купував "Bravo" имав цела кутија полна сега имам друга кутија полна е со "Unique" и "Убавина и здравје"
паа...Ок тоа списаниее не го пропупштам сите броеви ги купувам иии понекогаш Браво ако има нешто инттересно...ии Теен кога ќе го начекам.
Денес си купив JOY и си добив поклонче 6 дневни влошки.Ем списанието е супер содржински ем изненадувааат шат-пат со по нешто...
читам дневни весници,го обожавам моментот коа го листам прва насабајле,од магазини убавина и здравје грација глорија хрватска..