Од списанијата највеќе ги читам: ОК и Браво. А весници баш и не читам зш не ни ги купуваме. Порано секој ден купувавме но повеќе не.
Во Бг ги купував Cosmopolitan,Glamour i Joy,многу ми фалат! А сега гледам тука Unique е таков сличен,па можи него ќе почнам да го купувам. Bravo исто имам купувано. А весници ако се најди некој низ дома,го читам
Па весници слабо читам, иако татко ми редовно купува, мене не ми се многу интересни. Од списанијата Свет го купувам редовно, Крема и така и така. исто понекогаш купувам и Браво и Убавина и Здравје.
Јас па не знам зошто се уште упорно купувам Вест Од пуста навика изгледа... Весников полека но сигурно станува жута штампа. И не се сеќавам кога последен пат сум видела пристојна насловна без некоја разголена девојка или провокативен наслов. Насловот еден, отвораш весникот и читаш - содржината на статијата сосема друга. Ништо содржајно нема, а оние ефтините приказни и излозите на Лејла ми се па најидиотски. Од денес се преориентирам кон Дневник.
од весници читам (кога сум расположена) дневник, а од списанијата омилено ми е Unique. Го листав и Grazia, баш ми се допаѓаше, штета што го укинаа...
Бидејќи сум сеуште во основно ,читам ,,Наш Свет'' и секоја недела одвај чекам да дојде вторник за да ни донесат и одма го читам во еден ден,а исто така купувам ,,Bravo'' и ,,BravoGirl''.
Порано редовно купував весници, а сега одвреме-навреме кога има нешто интересно во нив. Инаку често ги проверувам електронските изданија. Од списанијата најчесто читам „Убавина и здравје“, но не купувам редовно. Единствено, редовно купуваме „Храна и вино“ . Порано секогаш купував „Таа“, „Bravo“, но сега не. Многу сакам редовно да ги земам списанијата за уредување на домот, но тие се поскапи .
Другарка ми цело живот ме зеза дека јас сум единствен човек кој го знае уште зависен од списанија. Ама ептен ги сакам, ете од мајка ми валјда ми е тоа, па жената го купува Базар од првиот број. Во основно читав Развигор и Наш свет. После се префрлив на Таа и кога ги разгледував за пред фрлање затоа што фиоките под кревет ми беа преполни сфатив дека Таа било жива глупост. Ама добро, тој период мислам сите го имавме. Сега од македонските, единствено Убавина и здравје чат-пат што купувам и Теа што попатно по гости разгледувам. Искрено, немаме квалитетни списанија. Ама ич. 90% од статиите што ги има во нашите списанија, два месеци претходно може да се најдат во некое српско или хрватско списание. Некогаш ни зборови не се трудат да сменат. Мајка ми е навлечена на Лиса, Базар и Блиц и по неа и јас. И овие знаат да повторат статија ама мене ми се допаѓаат. Но апсолутен фаворит ми е Сенса, српски списание каде се опфатени теми за јога, здрава исхрана, алтернативна медицина, self-improvement и слично. Само пофалби имам за ова списание, многу оригинални текстови и теми и прекрасни слики. Плус се прави од рециклирана хартија, мерак да ти е да го читаш.
Убавина и здравје , ама у последно време слабо содржините Ако имате предлог за некое српско/хрватско списание во тој контекст , совети од секојдневниот живот, здрава исхрана, здравје .. давајте наваму
Читам скоро на се што ке налетам ,кај другарки ,по гости итн .Од дневниве весници го листам само Вест_от .А од месечните неретко си купувам Грациа,Јуник и Космополитен.