Порано, редовно купував Тин-шема, праќав цртежи и модни креации како луда, имам земено и награди. Уште си ги чувам броевите, обожавав да ги читам тин-проблемите, кои (посебно ако беа од некоја +18 категорија) речиси секогаш добиваа опфатни одговори. Купував и ТАА, многу ми беа интересни статиите на Данка Смотанка, имаше интересни анкети со рандом читателки (мислам дека поставуваа прашање и секоја одговараше по пат на СМС, најоригиналните добиваа награди). За тогашно време, ова било премија. Сега немаме ништо или пак, дури и тоа што го имаме (веќе) е тотално непрепознатливо во моите очи поради бројните модификации, што во рубрики, што во уредници итн. Купував Убавина и здравје, ама не знам ниту дали уште го пуштаат во продажба - одамна немам приметено нов број низ нашиве трафики. Јуник купувам онака ради реда, ми се наоѓа понекогаш со цените за козметиките кои ме интересираат или пак едноставно за плакнење очи на добра комбинација и ми служи како еден вид инспирација да си ги комбинирам моите алиштенца. ТАА одамна е веќе сè освен, тоа што беше. Во последно време, се навлеков на Bravacasa. Со мајка ми сме ко некои навлечени и само собираме броеви, сигурно ги имаме сите од последниве три години. Прекрасно списание ми е, за апсолутна релаксација и изолација од просторот и времето, на страна од сите оние „трачеви“ и начини на шминкање според хороскопот and so on. Имаше и едно наше од ваков тип, Мој дом се викаше чинам, ама не знам дали уште го печатат.
Во последно време ништо интересно кај нас. Unique понекогаш, ама многу ретко. Порано ги читав Развигор, Наш Свет додека бев во основно, средно Bravo, па ТАА редовно го купував, многу ми беше интересно, Тин Шема, па со мама Теа Модерна. Сега повеќе сум по онлајн читање вести.Особено од странските Daily mail, Sun секојдневно ги читам, има многу интересни вести од шоу бизнисот, спорт и секојдневни настани од светот.
Претходно купував многу списанија веќе сите интересни работи, мода ово оно на нет ги има на еден куп страници
Денес е во прoдажба Unique со подарок од Орифлејм. Досега кај нас во малото најдов само со подароци од Tender Care Balm-Almond,Neo Chic-Bright Pink кармин,и некакво моливче од колекцијата Sparkle in Paris. Moјата потрага продолжува-Heading up to center
Порано секогаш едвај чекав да дојде ден кога во трафиките ќе донесат оправдано присутни, теа шема, теа модерна, некогаш браво. Чекав да дојде среда за да го земам новиот број на наш свет. Па до 6 одд земав kids, M&M, па колку ли бев среќна. Ах па колку се радував кога мајка ми ќе купеше Убавина и здравје па да си ги гледам сликичките од нови блузи, фустанчина, па сметав на калкулатор што се можам да си купам. А сега незнам............... нема ништо што ме привлекува
Веќе не купувам, следам многу модни страни на нет и исто ги има многу од списанијата, помина тоа време кога чекав за списанија
Браво си купувам редовно само што каснат 2-3 месеци е глупаво.. :/ По некогаш и убавина и здравје,ок и си зимам редовно космо списание..
Читам „Наш Свет“ но некако досаден ми стана. Истите работи ги пишуваат по 300 пати...Всушност, не знам дали ќе продолжам да го читам оваа учебна година.
Мислам дека чинеше 80 денари, не знам одамна не сум купила, сега не знам колку е, а за Охрид-не сум го видела , не знам ама побарај може го има.
70 денари е, пишува таму горе кај цените во српски динари, има наведено колку кошта списанието и низ другите Балкански земји каде што го увезуваат. Јас ова го купував исклучиво тогаш кога одеа подароци со него. Си штедев од парите за ужинка и си го купував. Омилено ми беше - преполно со информации од најразличен карактер, а кај нас за жал такво тешко се наоѓа. Одамна го немам приметено, го има уште? Ќе си купам ако го има, се надевам дека не смениле многу од пред седум-осум години.