Редовно читам весници и списанија.Од мала сум фан на печатените медиуми.Од дневните весници го читам Вест, а од списанијата Теа модерна, Јуник и Убавина и здравје.
Пред некоја недела, за прв пат во животот решив да купам американски Vogue. Речиси сите реклами кои што беа таму, ги имам видено предходно (Valentino, Gucci итн.), неколку интервјуа, неколку статии, мртва дива патка (!?) и тоа е тоа. За џабе парите. Не купувам повеќе! Некако ми е бесмислено да давам толку пари за работи кои што ми се достапни во секој момент на интернет. Мислам дека повеќе е колку да се каже дека еве купув Vogue, Harper's Bazaar и сл., отколку реалната потреба да се купат овие списанија... па 70% од нивната содржина се реклами на разни брендови... не ја гледам поентата, навистина.
Убавина и здравје најдобар магазин а + тоа и подароци вредни имам добијано причина плус секој 3ти во месецот да го имам во ташна.
Порано читав и сакав да си купам некое списание но сега не баш, кога ми се чита нешто такво отварам интернет
Порано како мала и весници си читав, а сега поретко. Од списанија Наш Свет читам, ама и тоа веќе не читам.
Обожавав да читам Наш Свет и со нетрпение го очекував секој нов број. Последно списание што го купив беше ТАА.
Редовно читам Unique(поредовно откога го намалија на 35ден), Убавина и здравје, а кога ќе сум повеќе при пари си купувам и Теа модерна(кога беше по 35ден, редовно ја купував,сега кога е 50ден, поретко).
Порано знаев така чат-пат да купам некое списание "Здравје и убавина","Unique" ова она... Одамна немам купено..
spisanie дали низ трафикиве низ скопје го има списането bravo posteri ???????....(иначе тоа е српско списание со постери,ама на корицата на интернет видов дека има и цена во денари МКД=25 ден)