Ајде на помош женски!!! Никако да се одлучам што да си купам.....дали веспа или велосипед со мотор?? Веспата можам да ја возам и кога ќе бидам облечена со сукња, па убава кацига на глава...како супер бабичка....а велосипедот ќе го возам само со панталони...хммммм..а цените не се разликуваат многу...скапо е и едно и друго....Хелп Давајте идеи
Имаме таков тротинет, децата го возат...не е воопшто сигурен, ниту удобен..на едно камче ако заглавиш, отиде јабана
Веспа не земај бабе..ептен ретро баба ќе бидеш. Ако загинеш по нашиве улици, барем да загинеш со стил на електроточак.. пошо знаеш дека сообраќајната култура ни е нула Плус може и некоја субвенција ќе лапнеш...
опасно е за возење и со едно и со друго...врата од некоја кола секогаш може да ти отворат пред нос..ова шофериве воопшто не гледаат сувозачот кога ќе излага дали има позади некој..абе ке те бапнат и ке те залепат ко мува...... Веспа сакам, имам возено одамна....но и овие сега елек.точаци се супер( кога ке те фати мрза да вртиш педали)
Зошто си толку луда бе? Да беше постара ќе те категоризирав стереотипно и речев дека те пука криза во средни години, ама не. Иначе, земи ги двете. Еднаш се живее, шукур.
Не сум возела ни едно, ни друго, ама јас за електричен точак сум. Ем модерно, ем добро за животната средина, ем субвенции