Мораше да споделам... Таква кореографија, костими, шминки, ма сВе, а гласовни моќи... нема простор да се земе здив од убавини. BTW песнава е билингвална. Вреди да се погледне спотот и секако песната наизуст да се научи : http://on.net.mk/video/muzika/srekjna-nova-ok-pozz (ако има проблем изворот- ја има на јутуб, кој мене за жал ми е блокиран )
Истава информација ја имав сретнато негде на некој наш сајт ама беше пред месец дена не ми текнува каде читав како и да е мислам дека доброе е да се прочита сакам да ја споделам со вас,искрено многу се разочарав,кај се труеме со храна,воздух па и со облека ли http://atma.hr/greenpeace-otkrio-otrovn ... tih-marki/ http://atma.hr/modni-brandovi-zagaduju- ... -zdravlje/
[СДК] Сакам да кажам... Еве нешто за секојдневните фејсбук патетики Видете колку се сакаме... на Фејсбук! „Mмм... Јас и љубовта уживаме во парк на сонце, ммм јас и срцето јадеме цезар салата, ммм во Резиденцијата кај срцето дома, ммм дува ветре ние на жичарницата на Водно...“ Па и ние имаме врски, имаме дечко со кој шетаме, јадеме во ресторани, имаме секс кај него дома. Што од горенаведеното е невообичаено, па мора да се информира пошироката јавност? ЛЕЛЕ ШТО ЈАДЕВМЕ/ПИЕВМЕ! После ваквите статуси, следи и фотографија од макијатото во најубава шолја, највкусното топло чоколадо или домашно приготвените палачинки од златото. Дали испиеното кафе или изедената пица која не е пријавена на Фејсбук е исто како да не се случило? Дали овие „романтични“ парови толку си се здодеани еден на друг што времето минато заедно постојано им се сведува на фаќање Wi Fi, телефонот во раце и извештај каде се и што прават? ЛЕЛЕ КАДЕ СМЕ! Знаеме дека ви е здодевно и наместо да уживате во сонцето, вие си го трошите времето кажувајќи ни дека уживате во сонцето. По природа сте фалбаџии и многу ви е важно туѓото мислење. Додека некои го премолчија скијањето на Аспен зимава, вие го чекиравте и вашето санкање на кеј. ЛЕЛЕ КОЛКУ ВРЕМЕ СМЕ ЗАЕДНО! Потоа некако успеавте да стигнете од 4 месеци од врската и тука следи она 4 <3<3 Во ред е ако го скршивте вашиот „рекорд“ во врска, но толку оптоварувате што дури и ние научивме на кој датум ви е месечнина. И додека еднаш ни беше слатко, сега по 5-ти пат ни станува патетично. Ако ви е значаен овој датум, тргнете се од пред компјутерот излезете, почестете се некоја вечера (која ве молиме по можност да не ја фотографирате) и уживајте во ноќта. Еден на друг кажете си колку се сакате, а ние ќе го препознаеме тоа по сјајот од вашите очи кога ќе ве видиме. „Те сакам“ на Фејсбук не е одбележување територија, затоа што токму вчера мажот од еден од „најзаљубените“ Фејсбук парови ни се додворуваше на чат, без никаква почит кон сите тие срциња на неговиот ѕид. Сепак неразуздан, сепак див... Задржете го вашиот партнер така што ќе поминувате повеќе време во кујната и во креветот, а не пред компјутерот. Спојлер via NotForMen