1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ветеринарна медицина

Дискусија во 'Образование' започната од Faline, 26 јануари 2012.

  1. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Вака една од опците за факултет ми е ветеринарно,ме интересира дали некој од форумот е запишан на овој факултет или пак има знаења за него,па да споделите мислења,би била благодарна доколку се развие дискусија за овој факултет..би ми било од полза :)
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.478
    кажи што ти треба околу ветеринарен факултет :)
     
  3. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    По можност се :D Ме интересира каде има,колку години е,како оди,претешко е ?
     
  4. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    И јас размислував да се запишам на Ветеринарен ама немам информации од типот како одат предавањата, која е тежината на материјалот и такви работи. :?:
    Благодарам однапред за информациите :D
     
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам факултетот е доста тежок, е сега не знам дали е 5 или 6 години, во прва година се учи хемија, биологија, биохемија, биофизика и глобална анатомија, а понатаму во другите години се учат анатомии на одделни животни, и незнам кои други предмети, но битно тежок е тоа многу, јас би го ставила на исто рамниште со медицински факултет според тежината. :)
     
    На lazyy_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Па за тоа колку е тежок незнам ама сигурна сум дека е бар приближно со медицина(неможам да кажам тежок е или лесен е зошто немам никој таму за да ми каже), знам дека се студира 5 години. Биологија и анатомија да ти кажам право воопшто не ме плаши зашто ми идат тие работи и со задоволство би ги учела, е сега овие другиве се малку... :worried: . Како и да е фала ти на информацијата :D :)
    А ќе заборавев и ова дали би ме примиле доколку сум со послаб просек, зашто знам кога бев 3та година беа дојдени да држат презентација од ветеринарен факултет и тој рече дека безразлика со каков просек си можеш да конкурираш и да бидеш со голема веројатност да те примат бидејќи одзивот за тој факултет е мал. Ама тоа беше минатата година, којзнае како е сега :?:
     
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.478
    Искрено Ветеринарниот е многу потежок од Медицинскиот. Двете искуства ги имам :) Ако оди некој на ветеринарен нека се спреми за добро бубање. За запишување нема да има никој проблем бидејки секогаш има премал број на студенти. Минатиот упис едвај 25, од кои верувам 10 ке се откажат втор семестар. Еве подетално http://www.fvm.ukim.edu.mk/
     
    На icegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    71
    Минатава година колку беа примени во државна квота ? :)
     
  9. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Ејјј не ме плаши сега вака па и ти :P , ќе ме премислиш не за друго, а стварно сакам да одам на овој ама сите викаат тежок бил :worried:
    Ако тежината е во биологијата и другите предмети што спаѓаат под неа не верувам дека ќе ми биде тешко зашто биологија сакам и најлесно ја разбирам :)
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Не може ветеринарен да е потежок од медицински,ајде видете колку и какви предмети има на медицински и направете разлика.И не тропајте глупости едниот е за животни,а другиот е за луѓе.А кои се покомплксни суштества?Животните или луѓето?
     
  11. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Луѓето се покомплексни суштества, ама имаат една антомија, една физиологија, машки и женски полови разлики, хормони.....а на ветринарна медицина учат анатомија и физиологија за сите животни кои се различни и најчесто немаат допирни точки и сличности во нивната градба.. ;)
     
    На јоци.с и Anne09 им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.478
    agirl убаво кажа. значи мислам реков дека бев на двата факултета запишана. на медицина сеуште сум.
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    хаххахахах мојата прва љубов:животните..... ок во контекс на темава и јас сакам да идам на ветеринарен па јас мислам се што правиш со љубов лесно е барем за мене би го дала својот живот без маллку жал,би се фрлила пред кола за да спасам животно (не се празни зборови)вечно сум покрај домашни миленици и сеуште сум имамм маченце во случајов и да се навратам на темава мислам дека би можела да учам иначе и јас се плашам баш за тоа да не е претешко ама сега малку мајка ми како да ме охрабри ми рече ти сакаш животни па лесно ќе ти биде :wasntme:
     
    На supernova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    i kje ve prasav lesno li moze da se najde rabota vo Makedonija kakko veterinar?(za onie sto vejke rabotat ili znaat) blagoaram odnapred ;)
     
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    a icegirl kade bese sredno? posto spomna sredno 3god?
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Средно Ветерина има во Св.Николе.
     
  17. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    За сите заинтересирани за Факултетот за Ветеринарна медицина - се изучуваат 11 семестри, од кои последниот е пракса (одење по клиники и фарми). За тежината да не се залажувате дека е лесно, треба учење и редовност, но доколку се има желба и навика за учење нема да имате проблеми. Обично сите пријавени се примаат, професорите и асистентите генерално се добри..
    Во однос на вработувањето..каква што е моменталната ситуација во државава за секоја професија е тешко (освен за обоените ;) )..
    Ако ве интересира нешто друго слободно прашајте...
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Убаво се ама уууууу :devil: се нервирам ....единственото нешто за што се двоумам е ра работа. А колккави се можностите за да се пронајде работа во Македонија ??? За учење ок, за работа ок, ги прифаќам барем сметам дека можам да успеам ама за да се најде работа???А колкава е месечната заработка ? (во државна амбуланта)? Благодарам.
     
  19. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    Кики веќе одамна не постои такво нешто како Државна амбуланта..приватизирани се сите. Инаку во приватните платите се разликуваат и тоа многу (зависи во кој град си), ама ете за Скопје од некои 16000 до 26000 отприлика..
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.478
    Значи и по приватни платата е 12. 000. За повеќе од 12. 000 дека плаќаат никаде не сум слушнала, посебно за приватни зборам значи. Ветерината е тешка за студирање, но како што кажа Лео ако се има желба ке се заврши. Професорите секогаш се на располагање повеќе од било кој друг факултет (баш поради тоа дека мал број на студенти има на ветерина). За работа-како ќе се снајдеш. Како што е ситуацијава во Мк исто е со другите струки.