Ветеринарна медицина

Дискусија во 'Образование' започната од Faline, 26 јануари 2012.

  1. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Ајде јас тазе запишана дави одговорам на се, само малце каснам, денес беа уписите :)

    Прва година се учи биологија, биохемија, анатомија, статистика, хранливи, отровни и лековити растенија, благосостојба, хистологија со ембриологија, физика, хемија, вовед во ветеринарна медицина.

    Кога ги видов предметиве мислев дека растенија, биологија ќе ми е прелесно, сигурно 9-10 ќе имам. Сосема спротивно, растенија едвај 6 извадив :) Хемија е тешко, многу, за еден семестар се полага органска, неорганска, стехиометрија и општа. Физика тешко е ама се успева да се научи. Биохемија и биологија ако реши професорот некогаш да ги прегледа ќе поминеме, ние сите 30 души бевме на испит и уште никој не поминал, не бута цело време. Антомија колоквиумите се страшни, читаш и не ти се верува дека такви прашања можел да смисли :) На испит сме сите и тоа, се полага усно, од 2-3 пат пушта, малце да те помучи :)

    За упис сите влегуваат во државна квота, нема многу заинтересирани, првите 10 на список првата година не плаќаат партиципација (200 евра). Факултетот е 11 семестри, тежок многу, потежок е од медицина, прва година многу полесно тие на медицина поминаа од нас а исти предмети имаме, ама се постигнува со редовно учење.
    Напорно е што предавањата и вежбите се задолжителни па од 8 до 1-2-3 се останува секој ден на факултет. Вежбите се интересни, предавањата знаат и досадни да се ама се на се интересно е.

    Ако нешто друго ве интересира прашувајте слободно :)
     
    На icegirl и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Офболи кажи ми дали се терсене професорите како што се пример на економски да се иживљава врз тебе само зашто му се може и кажи ми дали предаваат да можеш да разбереш или само така колку да се предаде?
     
  3. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Затоа што сме многу малце- до 30 студенти најмногу, пак поблиски се професорите со нас отколку на правен/економски кај што има 1000 запишани. Предавањата се по 1-2 саати, предаваат на power point со слајдчиња најбитното и внимателно, се учи од предавања, смееш да прашаш, секој ќе ти објасни, иако јас повеќе учев на вежби и поинтересни ми се.
    Има и терсен професори нормално е, пример биологија и биохемија предава ректорот на УКИМ, биологија полагав на 6 јуни, биохемија околу 20 јуни и уште немаме резултати.
    Или идеш на закажен термин на полагање, а професорот не е таму.
    Тоа е нормална работа на факултетите кај нас.
     
    На icegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MajaP

    MajaP Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    jas sega pocnuvam cetvrta godina, vo jazicen smer sum ama toa nema vrska neli? samo za matura treba da odberam biologija ili hemija za da se zapisam? najcudno mi e zosto se uci fizika na toj fakultet :^)
    najgolema zelba mi e da rabotam so zivotni, neznam kolku e realno zatoa sto ete kako sto vikaat site mnogu e tesko, ne sum imala nekoja ogromna ljubov prema hemija i biologija nikogas ama vo sekoj slucaj ne mi bilo tolku tesko kako matematika :D
    fala vi na site za komentarite mnogu povekje me informiraa otkolku portalot za fakultetot 8)
     
  5. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Примаат и со училишна матура затоа не се секирај, јас полагав географија а можев и со ликовно да влезам :D
    Хемија јас немав основа ни од основно, ни од средно па успеав да научам и највисока оценка имам :lol: , физиката не е тешка, скоро сите ја положија, да не те плаши тоа :)
     
  6. MajaP

    MajaP Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    a se ucat mnogu latinski termini kako vo medicina?
    i isto, mi kazaa deka rabotele na mrtvi zivotni studentite taka? ne mi e gad ama moze da mi e mnogu zal :/
     
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Да. Секако дека има латински. И да-се учи на лешеви. Така се учи анатомија.
     
  8. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    MajaP се учи физика ама физика во медицината не е онаа обичнана физика
    Јас сум влегла во првите 10 рангирани и прочитав дека првите 10 добиваат стипендија (и Офболи го спомна истото). Е сега не ми е јасно дали таа стипендија се оние 200 евра што треба да се платат во годината или...?
    Едит: А и уште нешто како се пополнуваат тој пријавниот лист, формулар за упис на семестар и статистичкиот лист? Прашувам зашто гледам незнам во кој од овие три беше има предмети што се избираат а јас незнам кои се предмети
     
  9. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Така, тоа не е обична физика, биофизика е иако ниедно биофизичко прашање не ни даде таа на колоквиуми :D

    Стипендијата е првата година не се плаќаат тие 200 евра,за другото околу 1000-2000 мислам испаѓаше да се плати, ќе отидеш во книжарницата спроти факултетот и че ти дадат таму се што треба, уплатниците на факултет на студентски најчесто ќе ви се објавени како треба да ги пополните, а за изборни во прва година нема :) Ајде со среќа колешке :)


    И се работи на мртви лешеви, 3-4 саати неделно, сега дури и мирисот на формалин ми фали :lol: Првите 2-3 часа нормално ни беше и жал и гадно ама на крај не ни го гледаш како куче, на се личи само на тоа не :P
    И латински има многу, прва година не толку, ама до 6 треба се што знаеш на македонски да знаеш и на латински, лошо е што нема баш за се учебници на македонски па на хрватски треба да се учи, што мислам ми беше најголем проблем, јас не ги разбирав тие работи на наш јазик а не па на друг, ама и тоа положив 8)
     
  10. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Благодарам колешке :D
    Звршив работа поднесов се сега треба само индексот да го земам во септември :clap:
    Ај ќе видиме од септември ама мене ми звучи интересно :)
     
  11. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Јас пак! :lol:
    Офболи кажи ми кај е тој амфитеатар да не лутам да го барам :)
     
  12. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Знаете така дека имате најсовршен пречек од сите факултети во Скопје? :D Прво деканот, ректорот и сите професори ќе ви кажуваат за факултетот па секој посебно ќе добие подарок (маичка, усб, тетратка, пенкало) у индекс од деканот.После ќе имате огромна маса со секаква храна, пиење, и не се срамете јадете! Ние лани се срамевме и се остана, годинава може ќе ви дојдеме да се дојадеме :D

    Иначе, амфинтеатарот е на вториот влез за факултетот, од десно бараката со црна врата. Кога ќе влезеш во ходникот не глејте лево има резултати |( , одма лево првата врата од ходничето кај што има кафемат.

    Ајде со среќа, да си фатиш озбилно работава со факултет, денес страшна демотивација добив. Во 3 година само 5 души запишуваат, се друго квадрат :(
     
    На icegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Еееее па ти ќути што кажуваш требаше да биде српрајз :D Иначе повелете слободно каснете си не се срамете :P :rofl:
     
  14. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Дали во ветеринарниот факултет примат со успех добар со тројка ? што најмногу знаење се бара и има ли пракса факултетот ? строго ли е ? заенетерисирана сум да се запишам таму ама како што читам дека било ептен строго нешто страв ме ваќа :?:
     
  15. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ќе те примат. Многу малку се запишуваат на ветерина. :)
     
  16. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    На секој факултет е строго, како што треба да биде на факултет нели
    А иначе за успехот не се секирај ќе те примат, многу е мала заинтересираноста. За знаење пожелно е да имаш познавање биологија, хемија и физика(физика не толку ама хемија да зошто ќе ти биде тешко да ги сватиш работите ако не си учела хемија претходно). Ако имаш желба запиши се не се мисли многу, до душа имаш уште време ама пак размисли си убаво. :) ;)
     
  17. Anne09

    Anne09 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Јас имам голема желба да учам ветеринарна медицина, но сите ми велат дека е многу тежок а и не вреди во Македонија.. :( Ми одат и англискиот и францускиот ама воопшто, за ништо на светот дури и да ме убијат не ми се оди на филолошки. Од дома ми велат да изучувам англиски, демек многу лесно ќе најдам работа, ќе работам во друга земја и уште какви не с*рања. |( Сега не знам што да правам, се мислам меѓу ветеринарна медицина или ќе биде некој сосема трет но не филолошки.. Плус тоа, секој втор што ќе го прашам каде ќе оди или е на факултет ми одговара со филолошки. Пренатрупано е а и се соменвам дека половина од нив ќе го работат тоа што го изучуваат. Ама не можеш да им објасниш на моиве дома... :@
     
  18. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Anne09 Дека е тежок, тежок е, не викам не, ама ако имаш основа од биологија, хемија, физика и другите природни науки ќе ти биде полесно, зашто хемија пример тоа што е учено 4 години во средно ти го предаваат за еден семестар. Ако стварно толку сакаш оди и не му се секирај за работа или нешто слично, ќе видиш дека имаш многу опции за работа после, а и да си отвориш приватна ординација ако направиш реноме за истата ќе праиш солидна паричка месечно, така да се исплати за маката(бар според мене).
     
  19. eli2622

    eli2622 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Хелп, имам голема желба да се запишам на ветерина ама многу ми е страв да не заглавам па после да ги дуплирам годините од 5и пол на 10 и пол, па цел живот да се каам, се мислам првава година да ја пробам ( не у смисла ако иде иде ако не има и др факултети) ќе се потрудам премогу ама ако гурам нешто што не иде да се откажам и да се запишам на некој од приватниве. Јас немам никакво познавање од хемија,физика,биологија уште од основно, пошо ја мењавам струката, средно бев економско и таму знаете нема никаква врска со овие предмети. Моите ми даваа мала подршка пошо тие сакаа да се запишам на приватниве, се плашат дека воопшто нема да ми иде и дека нема да успеам и тоа ми е најголем демотиватор од целава работа. А еве уште 1 месеец има пред запишување, главава ќе ми пукне, а ако не пробам подоцна сигурно ќе се покаем што не сум пробала макар и што не сум успела. Многу ги сакам животните.. Тие ми се најголема мотивација покрај се, и секојдневно сум опкружена со животни( се осетив ка у зоолошка да живим хаха).. Па некое Советче да ми дадете ако не ви е проблем.. Од моа страна ќе ви бидем благодарна пошо и немам уште најголемо време за размислуање макар овја 5 месеца се отупив за кој факултет да се одлучам. :) :)
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мајка ми има завршено ветеринарна медицна и сега работи како инспектор ( се извинуам...официјален ветеринар |( ).