Јас би сакала да бидам. И така секој што ќе ме запознае ветеринарка ми кажува да станам, а и од мала сум сакала. Татко ми се обидел за ветеринар, но неможел да продолжи од условите во кој што бил тогаш. Требало да се породуваат крави и да не кажувам понатаму, гано ќе ви биде... Во втор план ми е ветерината зошто не би можела да поднесам ако на животното му се случи хируршка смрт. Но, луѓето се менуваат, ќе видиме што ќе биде. Сепак, би дала се за да спасам животно!
Од мала сакав да сум ветеринар, бескрајна љубов имам спрема животниве Сега почнав малку поинтензивно да размислувам за студирање ветерина, сепак е благородна работа да помогнеш на животинче Но, јас не планирам овде да студирам, на која и струка да одам, бркам нагоре Ќе видиме како ќе излезат работите.
Здраво,Се двоумам што да се запишам средно за после да одам ветеринарно... Ако може некој повеќе да ми објасни што предмети ќе бидат застапени и некои информации? Фала однапред
Дечки, размислувам за тоа кој факултет да го одберам од септември, а нешто што отсекогаш сум сакала да учам е ветерина. Биологија, хемија и другите природни науки доста ми лежат, а и во средно немав проблем со учење. Навистина мислам дека би била добра во ова но единствено мки е страв за тоа што сите велат дека овој факултет е мноогу тежок. Јас во средно многу учев и сега не сакам да поминам уште шест години затворена учејќи уште повеќе. Дали познавате можеби некој кој учел и какви се неговите искуства? Дали ќе можам да студирам, да имам добри оценки и социјален живот?
Имам едно прашање,сега можеби е смешно ама да прашам дали можи после ветеринарен факултет да се продолжи на постдипломски на наставна биологија или слично нешто на ПМФ?
Здраво. Сега ќе бидам 4та година средно, гимназија. Потоа сакам да продолжам на ветеринарен факултет. Ако има некој кој бил на тој факултет, ќе може да објасни подетално за факултетот?
Избрав екстерен биологија и сакам да се запишам на ветеринарен. Вие што сте студирале на ветеринарен може да ми кажете во кои години се учи хемија, физика и англиски? И дали добивате поени во зависност од кои предмети ги имате полагано на државна матура?
Се мислам помеѓу ПМФ и ветеринарна медицина, мислам дека второво повеќе ме влече. Моментално сум ПМБ смер и ми одат латински и биологија но хемија не баш xD имам 5ка и по тоа но не ме интересира превише, со сила учам колку сите да ми се 5ки. Има ли премногу хемија/биофизика тие предмети? И видов нешто дека имало ветеринарна медицина (англиска програма). Што е разликата? На англиски ли се учи?
Jas sum taze zapisana godinava 2020 2021,pa kazi prasaj sto sakas da znaes da, imaat nova programa na angliski. hemija ti e se sto imas uceno vo 4te godini sredno vo 1 semestar, imas 3 kolokvkumi, eden usloven prakticen ispit kojsto moras da go polozis za da polagas kraen zavrsen ispit. ima kolokvoum po opsta hemija (teorija), neorganska hemija, organska hemija. prakticniot e stehiometrija (pismeno go polagas iako se vika prakticen) i na kraj ispit no ne znam toj za sto e, ne go polagam, so hemijata skarani sme a sto se odnesuva do biofizika, ima mnogu raboti sto se povrzani so fakultetot t. e. strukata no vo fizicki nauki, ti predava profesorka od PMF, i iskreno, tezok covek. ke te iznamaci za da polozis, polagas 2 kolokviuma i ispit (mora ispit).
Јас планирам да одам ветеринарна медицина меѓутоа се плашам дека во врска со хемија оваа година немам научено многу поради онлајн наставата и професорката која не знае да користи microsoft teams зашо има ко 65 години веќе Се надевам дека со некои приватни часови и youtube vids би можело да се надокнади тоа, колку да се положи?
se raboti za opsa hemija, najlesnoto od hemijata, osnovna hemija, takada so privatni casovi sigurno ke polozis
Здраво на сите.Може ли некој што е запишан на ветеринарен факултет да ми пишее,ми треба еден совет.Фала однапред
Помоош, колку е важен интерниот предмет кој ќе го изберам во врска со факултетов? Знам дека за екстерен е пожелно Биологија или хемија, исто е за интерен?