Ветеринарна медицина

Дискусија во 'Образование' започната од Faline, 26 јануари 2012.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.999
    Допаѓања:
    6.966
    Пол:
    Женски
    И за интерен и за екстерен важи, несоодветни помалку поени носат
     
    На Didimer му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mihaelceto__

    mihaelceto__ Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Гледам дека темава одамна не била активна но ќе ве замолам за совет од сите вас кои имате некакви искуства. Студирам на медицинскиот факултет во Скопје но некако не се пронаоѓам и не сум сигурна дека тоа е она што сакам да го работам па се двоумам да го променам. И кога се запишував се мислев помеѓу ветерина и медицина. Дали некој знае како е на факултетот за ветеринара? Усови, професори и слично? Ви благодарам
     
  3. RavenTheMystique

    RavenTheMystique Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Пред година време е ова постирано, не знам дали си се пребацила. Во последниве 3 години се има изменета програмата која овозможува (unfortunately) влечење на предмети и е прилагодено со останатите факлутети на УКИМ. Порано можеше да си ги слушаш предметите до 3та година, но за влез во 4та имаш услов - ова не е веќе вака.
    Да ти одговорам на прашањата: Услови - нема, поврзани се предмети, мора да имаш едни положени за да слушаш други. Профсори - сите бараат учење. Стипендија - ВИСОКА.
    Тие што продолжуваат од ветерина средно - каде им ставале оценки со 2 дефиниции кажани само колку да не се замараат професорите - тешко го совладуваат ОБЕМОТ на констнантни нови информации, тука убавина не ти помага само инатот од учење. (no offense)

    Ако има некој прашања во врска со факултетот во Скопје - стојам на располагање. (heidy)
     
    На Didimer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Didimer

    Didimer Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Уште од мала сум имала желба да одам на ветерина, меѓутоа навистина не знам каква е реалноста на факултетот. Односно се сомневам во тоа дали се "исплаќа", кога разговарам со луѓе околу темата факултет се соочувам со многу сомнеж и критика. Како да знам дали ја правам вистинската одлука? Дали и како се справуваш со истиот сомнеж околу факултетот?

    Знам дека малце каснам хаха, ама многу би ми значел совет ;-;
     
    На RavenTheMystique му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    5.570
    Пол:
    Машки
    Не ги слушај другите запиши тоа ти што сакаш.
    Работа се наоѓа, имаш многу избор во ветеринарна амбуланта, инспектор за храна, лабараторија за производство на лекови, зоолошка, полиција/војска да им ги одгледуваш кучињата исто мислам дека доста платено е и ретко се наоѓаат млади ветеринари кои сакаат теренска работа да одат по фарми сега нормално сигурно е по тешко со нив да работиш..
    Не сум студирал ветеринарен, ама имам познаници што се на овој факс само не Мк, учење бара многу, може и е потежок од медицина.. Ако ти одат природни науки како хемија, биологија би требало да се снајдеш..
     
    На RavenTheMystique му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RavenTheMystique

    RavenTheMystique Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Нема да знаеш дали ја правиш точната одлука, не е САМО до таа струка туку во било која област, било кој факултет ќе те натера да се двоумиш кога ќе бидеш под притисок, ненаспани денови, долги предавања/вежби. На крај се' ќе се исплати, пак ќе кажам, било која струка и да ја студираш.
    Во Македонија не се исплаќа да бидеш ама баш ништо, ако планираш да се упишуваш за висока плата, ќе се разочараш. Ако работиш државно, државата те плаќа, ако е приватно, колку наплаќаш - толку леб вадиш.
    Имаш многу опции по завршување на студиите, а има и многу пракса дур студираш: можности за мобилност преку програми на Cepuus и Erasmus+ за надвор од државата, и тоа летни школи, летна пракса во рок од 2 месеци минимум, студирање на семестар/година надвор.

    Мој совет - прошетај го факултетот кога има отворени денови (известувања на социјални мрежи пуштаат мислам), и сите прашања што ги имаш постави им ги на професорите/асистентите/студентите.

    А за сомнежот - тоа од себе не тргнува, туку од околината во која си, не ги слушај другите (семејството, пријателите, рандом познаници) за што ТИ да правиш со ТВОЈАТА кариера. И да се запишеш и да видиш дека не се пронаоѓаш таму - нема да ти биде трошење на време, ќе се стекнеш со нови пријателства и може во меѓувреме ќе разбереш што не/е за тебе. Има луѓе што се упишуваат, гледаат дека е “гадлива“ професија, и преминуваат во друга насока во одбирање на кариера.

    Гледај искуства на youtube од други vet students, не е баш исто тука ама убаво е да видиш со што се справуваат.

    Можете и во чат да ми пишете прашања.(hollest)

    Точно, бараат многу учење и е потешко и пообемно од хумана медицина.
    И да не ти одат природни науки, нема нешто што не се учи, може и со тек на време да си ја засакаш струката ако претходно не те “бивало“.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.