Доста често знаеме да го искористиме зборот ветувам... На сите ни личи како да е едноставен збор, меѓутоа малку од нас знаат дека овој збор со себе носи тежина и обврска. Да се даде ветување е да се прифати обврска која мора да се почитува се додека не се постигне она што се сака... Зашто на некои луѓе им е толку тешко да исполнат дадено ветување? Дали е тоа поради нивниот слаб карактер, или пак е едноставно невнимателноста која ја поседуваат. Јас мислам дека е несериозноста и непочитувањето према оној на кој е дадено ветувањето. Колку луѓе пак во глобала ја сфаќаат моќта на зборот ВЕТУВАМ? Дали вие се вбројувате меѓу тие? Дали вие сметате дека постојат позитивни и негативни ветувања? Дали за позитивни ги сметате оние кои би влијаеле директно само на вас или пак сите кои придонесуваат добро за луѓето, а за негативни оние кои придонесуваат болка и тага? Па нели и негативното ветување е ветување и мора да се исполни? Нели и позитивното ветување е ветување кое не смееме да го заборавиме? Не треба да бидеме водени од тоа дали некоја работа е позитивна или негативна туку од помислата дека дадено ветување не треба да се прекршува. Дали вие со согласувате со ова?
Еј, таман се пофалив дека го пишувам првиот пост, ми се избриша. Ако се појават двата, да знаете за што се работи. Јас сметам дека ветувањето говори за карактерот на личноста и кога ќе се даде дека треба да се одржи. Сакам луже со цврст став, а таквите си стојат на ветеното. Е, сега да не зборуваме за негативни ветувања, оти тука станува збор за закани.
прво мила мислам дека ова е онака посериозна тема и дека не е за у кафе муабети ама нема врска а во врска со темата .... луѓето зборот Ветувам го користат и премногу несвесни за тоа какво значење има тој збор и кое е бедното чувство кога некој нема да го исполни тоа што го ветил па макар и да е ситница ... се вбројувам во оние што ретко викаат ветувам а кога ке го кажам тој збор и го исполнувам даденото ... така ме воспитале таква и сакам да сум ... не можам безцелно на некој да му ветам нешто ... ЕДИНствено лажно ветување што го кажувам секој ден е : Ветувам дека од утре почнувам со сериозно учење на материјалот по ред за да не ми се затрупа ... и нормално ова никогаш не е исполнето Кога нема да исполнам некое ветување на себеси што сум си го дала се осеќам празно и безвредно ... и баш затоа ретко ветувам на другите нешто освен кога сигурно можам да го исполнам ... и претежно им викам ке пробам ама не ти ветувам ... До сега не сум ги делела ветувашата на позитинви и негативни ... нема ни врска ветување е ветување ...Даден збор од некого на некој дека нешто ке биде исполнето ... Ретко кој тоа го почитува и го исполнува ... Ветувам го користат на секој втор збор . е така се изнафилозофирав ама си го кажав моето мислење
Кога самата на себе нешто ќе си ветам не го исполнувам тоа секогаш, но коа на некој друг ќе му ветам нешто тоа е за мене нешто што несмеам да го прескокнам и нешто што мора да го исполнам, но затоа не ветувам работи кои неможам да ги исполнам. Не би сакала да ги разочарам луѓето, затоа и не простувам кога некој ќе ми вети нешто, а нема да го исполни... памтам Еве денеска сама на себе ќе си ветам дека нема повеќе да се замарам и да правам глупости од кои само јас ги сносам последиците и нервозите!
Слаба точка ми е. Ако ветам нешто - МОРАМ (во буквална смисла) да го исполнам. Особено ако ветувам на некој друг. Е тоа е глупаво, што ветувањата кон самата себе не ги сметам за важни Ако не го исполнам ќе ме гризе совест три дена и ноќи, па на крај сепак ќе го исполнам. Затоа ВЕ МОЛАМ не барајте да ви ветувам, ми страда психава Ако некој не го исполни ветувањето кон мене многу се нервирам и се лутам. Па да, лутка сум. Знам често да се налутам и да бидам лута се‘ додека не ми се извини особата. И мразам празни ветувања, е често сум ги слушала, што е најтрагично од една иста особа. Приказна на која веќе и‘ го знам крајот.
Дека утре само малку ќе седам на компјутер. Ако ме видите вклучена повеќе од 1 час, карајте ме, бркајте ме.
Навистина зборот “ветувам“ се користи, но не е важно само да ветиш, важно е дали ќе го испочитуваш тој твој збор и го исполниш ветеното. Кога ќе ветам нешто на некому се трудам да го исполнам тоа, затоа што си стојам на зборот и не би сакала ниту на празно да ветувам нити да ми ветуваат. Кога некој од блиските нешто ми вети(мама,тато) и ако тоа не го исполни многу се разочарувам, бидејќи не го почитува договорот, и не ме почитува мене, бидејќи сепак сум се надевала на ветеното,е сега и од после да го исполнат не е исто чувството кога ќе им префрлиш дека не си стојат на зборот и да те изненадат самите без да очекуваш дека во тој момент тие го испочитувале договорот. Зборот ветувам можеби некој и напразно го изговара, ама знам дека татко ми кога ќе каже ВЕТУВАМ, си стои на зборот и покасно или подоцна навистина го прави тоа што го ветил, кај него тоа што го рекол еднаш е закон и нема прекршување. Некои луѓе зборот ветувам го користат во одредена ситуација само за да придобијат нешто во сопствени цели, а после добиеното забораваат и дека го изговориле. Негативно ветување е она кое што си го ветил, а е штетно прво кон самиот себе, а потоа кон целата околина, не би требало јак човек со цврст карактер да дава вакво ветување,би можел во случај само да е огорчен од нешто или да направил некоја огромна грешка и во моментот му се чини дека нема излез па вика “Сега сите ќе ги убијам“,тоа е лоша постапка и во никој случај горенаведените ситуации не се оправдување за вакво ветување.Не би требало да помислиме на работи кои треба да ги направиме,а можат некому да му донесат болка и тага, не пак да ветиме такво нешто. Позитивното ветување секако дека е добро и не треба да се заборави, треба да знаеме да си ги исполниме ветувањата кон самите, а потоа и кон другите докажувајќи дека сме луѓе и дека цврсто си стоиме на зборот. Лично јас си ветив на самата себе дека никогаш нема да престанам да бидам ЈАС , ЈАС, ќе се потрудам, т.е ќе дадам се од себе да си го исполнам она ветеното односно она кое што сум го зацртала.
Ветувањето го сваќам како цврстина и одржаност на сопствениот збор,пред се како некое самопочитување. Искрено не се трудам никому да ветувам ништо,во оваа лудница од живот едноставно не знаеш каква прилика ќе те дочека,на каква сопка ќе налеташ и едноставно мораш да го погазиш сопствениот збор зашто некогаш едноставно идат такви ситуации...ама кога тоа ТИ ВЕТУВАМ ќе излезе од мојата уста ,веќе тргнува по патеката на реализација се додека не се исполни. Сакам тоа што ќе го кажам да биде факт а не ветар и магла!!! Можеби и затоа очекувам кога некој ќе ми вети да го исполни тоа,а не да се однесува како канти да тропале.
ветувам дека ќе бидам подобра личност и дека ќе се гордеат моите блиски со мене затоа што првите чекори кон тоа ги направив и затоа што знам дека тоа си го должам дури и на самата себе и затоа што сум храбра да издржам нови почетоци и предизвици ветувам....
Кога ке кажам ВЕТУВАМ,тогаш навистина е ветено и секогаш го исполнувам тоа.А ако во нешто не сум сигурна дека ке можам да го направам,воопшто не ветувам.Тоа важи за другите.А ако се работи за нешто што ке си го ветам самата на себе,не го исполнувам секогаш Мислам дека секогаш е полесно да го исполниш она што си им го ветил на другите,него она на себе.Е сега ај да пробам да ветам нешто ОД ПОНЕДЕЛНИК КЕ БИДАМ НААААЈРЕДОВНА НА ФАКУЛТЕТ И НИЕДНО ПРЕДАВАЊЕ НЕМА ДА ИСПУШТАМ
Не ветувам ништо и не сакам да ми ветуваат ...Сфатив дека многу ретко кое ветување е исполнето од страна на било кого.
Добри 90% од моите ветувања кон самата себе останале само `ветени`, се мразам кога си ветувам работи кои потоа не ги практикувам, кога не се држам до т.н. правила , па решив веќе ништо да не ветувам па што е тоа е ...
Ветувам дека нема да бидам повеќе наивна каква што сум. Ветувам дека во иднина ќе бидам лоша и нема да дозволам никој да ме повреди. И залудно ветувам кога знам дека ништо од ова нема да биде по мое. .... Само си ветувам.