Ветувам дека ќе работам на реализирање на плановите кои одамна ги имам поставено, а никако не ги остварувам, што во последниот период ми создава голема фрустрација и притисок. Се обраќам кон самата себе... "Сфати еднаш дека остварувањето на овие планови ќе ти го направи животот многу поубав и задоволството од самата себе ќе си дојде неминовно, а истото ќе ти биде поттик да реализираш уште поголеми планови".
Ке бидам по упорна и непопустлива кога треба.Се почесто да го изговарам зборот "не" за да го ценат многу повеќе "да".Повисоки критериуми,се повеќе принципи.Штит од оние што психички ме малтерираат.Поцврст карактер,поголема стабилност.Повеќе работи ке си чувам во себе и за себе,и ке бидам многу по недостижна.
Нема да се замарам со глупости, со туѓи проблеми и размислувања. Ќе си правам како што мене ми е ќеиф. Како што мене ми е најарно!
За секоја една работа од сега па понатаму ке размислувам трезвено и со ладна глава. Нема да ги повторувам истите грешки кои скапо ме коштаа!!
Ветувам дека повеќе ќе работам на менталната хигиена. Одамна не сум направила генералка за душевно прочистување и разубавување. Голем неред ми се собра, а не поднесувам хаос.