Ветувам дека мноогу повеќе ќе учам! Ветувам дека повеќе ке се сакам себеси! Ветувам дека ќе ги оставам цигарите! Ветувам дека повеќе нема да се карам со дечко ми за глупости! Ветувам дека нема да се нервирам и да плачам за секоја глупост! Ветувам дека ќе се здебелам 5 кила!
Не ветувам бидејки после ке бидам разочарана ако не го исполнам ветувањето, затоа не планирам.. ке забочнам со ветувањата овој момент
Ветувам дека ќе почнам да вежбам. Ветувам дека овој семестар ќе ми биде исто добар како и претходниот. Ветувам дека ќе го ценам тоа што најблиските го прават за мене. Ветувам дека ќе го издржам овој тежок период со храбро срце.
Ветувам дека ќе почнам повеќе да учам. Ветувам дека за натпреварите ќе се подготвам најдобро што можам. Ветувам дека повеќе ќе вежбам. Ветувам дека ќе играм кошарка. Ветувам дека ќе им се одмаздам на моите "другарки"
Ветувам дека ќе ги средам оценките. Ветувам дека ќе пазам на однесување и тоа да не повредувам постојано невини личности. Ветувам дека ќе ја вадам шминката секоја вечер, иако некогаш ме мрзи. Ветувам дека ќе се обидам повеќе да се смеам. Ветувам дека конечно ќе ги прочитам Еквинокс, Пиреј, Оркански височини и сите други книги кои сум почнала да ги читам и на крај сум ги баталила.
Ветувам дека ќе се отварам повеќе, ќе комуницирам, нема да кријам ништо што ми лежи на срце, затоа што сега се' ми се насобра и многу ми е тешко.
ВД ако уште еднаш ме разбуди свекрвата од спиење рано (пред 12 ) за да направам јас ручек, а потоа ми рече дека ручекот е ваков, таков, онаков, секаков само убав не, ќе и го треснам цел ручек на земја (секако прво ќе си оставам за мене и маженцето, а остатокот ќе лета).
Ветувам дека ќе продолжам да учам, без да бидам приклучена на ниедно место на социјалниве мрежи, па ова се ќе беше освен учење. Два погледа во книга, три клика и еден поглед на страницата и пак назад тука и на фејсбук , е не бива. И да не бидам толку лоша, ќе морам да се одјавам .
Ми требаше ваква тема за да ставам крај на некои работи Ветувам дека се тоа што беше од мене веќе ќе биде бледа сенка на онаа што ќе бидам СЕГА ! Промении кои мораа да се случат порано или покасно
Гледам што сум ветила пред почеток на второ полугодие и умирам од смеење. Ништо, ама баш ништо од ова не исполнив и се успивам повторно само затоа што ме мрзи да станам десет минутки порано за да имам таман време да ги врзам старките, па ми бега автобусот секое утро. Ветувам дека нема да паднам во искушение и да каснам од медењацине што стојат во кујна.
... нема да се прејадувам веќе и не барам утеха во фрижидерот ... дека ќе поработам на самоконтролата ... дека вечер сериозно ќе седнам и ќе учам
Ветувам дека ке дадам се од себе да ја задрзам врската и дека ке бидам верна и искрена,мозеби и ке се залјубам но тогас сум најлоса ветувам ке се сменам ... и дека од денеска ке седнам да учам
Ветувам нема да зборам лошо за екс ветувам за пола саат ќе одам да учам ветувам нареден пат кога екс ќе се јави , нема да се дерам , ќе му спуштам.....
Ветувам дека ќе пронајдам нешто вкусно за јадење (пица,гиро,тост,хамбургер уатевр) и ќе го јадам и јадам и јадам со мерак! И ветувам дека на следниов тест проклет математика, мај ласт ченс ќе добијам 5 (а не сум добила цела година).