...Ќе се хранам здраво, сакам рамен стомак до почетокот на јули. ...Ќе си земам каишки (за исправување на ’рбетот). Едноставно морам!
Дека повеќе нема да се убивам од плачење за секоја ситница... Нема веќе никогаш да дозволам да ме повредат... Ќе положам математика... Нема да се разочарам себе си
Eве, давам чесен матурантски збор дека од утре редовно ќе јадам, нема да скокам оброци и нема да ме мрзи да си правам јадење.
И јас скоро истово. Ветувам дека додека сум на факултет ЌЕ ЈАДАМ обавезно, нема да скокам ни доручек, ни ручек само затоа што ме мрзи да излезам до продавница и слично.. Ај промис.
Ветувам дека ќе се обидам да се осамостојам веќе еднаш, да најдам работа да не ги малтретирам моите родители. Ветувам дека веќе нема да се нервирам за небитни работи. Ветувам дека нема да бидам толку насилна и агресивна личност зашто ништо не постигнувам со тоа. Ветувам дека ќе дадам се од себе да направам што подобра личност од себе да си изградам самодоверба и да си го живеам животот како што јас сакам и умеам и тоа.
Ветувам дека повеќе нема да ми биде страв дека ќе се разочарам себеси. Ветувам дека ќе дадам се од себе, а знам дека тоа е и повеќе од доволно. Ветувам дека ќе се потрудам да бидам најдобра, како што бев до сега... А ветувам и дека ако не се случи тоа што го посакувам, нема да бидам тажна...Со главата крената ќе продолжам понатаму... :geek:
Дека нема да се нервирам на сите неправди што и оваа год.ќе ги доживеам на факултет! Спојлер ако се лажеме
Ветувам дека веќе нема да бидам толку слаба... Ветувам дека ќе покажам заби пред тие што си заслужија, пред тие што упорно не го гледаат или не сакаат да го видат сето тоа што го правам за нив! Ветувам дека ќе расчистам со некои работи, што побрзо толку подобро. Мислам дека заслужив и јас малку среќа!
Ветувам дека од утре ( тоа е всушност денес ) , ќе си легнувам навреме , или не , викенд е не гарантирам , но недела за понеделник сигурно .