ВЕТУВАМ дека од понеделник ќе седам но малку покасно... Спојлер Но знам дека нема да го изполнам затоа што ќе заспијам на компјутер уште во 11,а утре во 7 ќе се дигнам
Ветувам дека семестаров ќе почнам навреме на учам, да не ми се трупа материјал, па да дигнам паника 2 дена пред колоквиум
Ветувам дека следниот пат (за кој сум сигурна дека ќе го има), кај и да сум, тргнувам без размислување
Ветувам дека ќе престанам да ја грицкам кожава околу ноктите, да ми зараснат веќе.. Спојлер ,инаку вака крвава нема да можам да ги правам вежбите по микробиологија..
еве овде свечено давам чесен пионерски збор и ветувам дека - ќе го сменам однесувањето ќе се обидам да не бидам толку ладна и да покажувам повеќе емоции према луѓето кои ми значат - ќе прекинам да бидам толку негативна т.е да имам негативни мисли и дека ќе почнам да мислам позитивно - ќе прекинам да бидам толку наивна и да им верувам на сите и дека веќе нема да споделувам со секој интимни детали од мојот живот - ќе станам примерен студент и ќе почнан рддовно да учам - ќе пијам помалце - ќе станам посериозна личност доста е веќе со лудориите што ги правев периодов
Ветувам дека за некои пет минути ќе седнам да учам физика! Ама навистина ќе седнам да набубам! :geek: Од саботата се молам самата себеси да го отворам учебникот. Само седам пред него и тажно го гледам. Мислиш ќе ме изеде ако го допрам Срам да ти е Синтија!
...ќе бидам поактивна на форумов затоа што во последно време поради немање инспирација го запоставив... се надевам не ми замеривте, само немав поттик да пишувам, не знаев ни што, тоа е се
Ветувам дека ќе бидам поозбилна и дека ветувањата ќе си ги исполнувам И дека ќе почнам да учам и нема веќе да чекам да ми дојде јајцето на га*от
Ветувам дека и да паднам, ќе побрзам да станам. Дека ќе ги буткам во ќоше сите непотребности, дека ќе го постигнам тоа за што се борам. Дека никогаш нема да мразам и ќе бидам пред се' човек. И ветувам никогаш ама никогаш нема да бидам самобендисано, нарцисоидно суштество. Ќе се борам и другите да плукаат по мене, ќе се подзабришам и ќе продолжам.. ветувам дека никогаш гордоста и егото нема да бидат пред се друго..
Ветувам дека - Ќе посветам повеќе внимание на факултетот - Ќе почнам редовно да вежбам и ќе си го подобрам изгледот - Ќе се обидам да најдам работа за да почувствувам како е кога се работи и учи - Конечно ќе ги расчистам работите со 1 личност од минатото
ветувам дека утре има да ја смазам цела тема социологија па што сака нека биде и дека нема да попуштам на една личност безразлика на годините и положбата , и дека нема веќе да бегам од физика. доста ми се неоправдани, а и на мајка ми богами а напредувам во ветувањето дека нема да каснам, што речиси совршено го почитувам неколку месеци