Не видов тема за серијава па решив да отворам. Иако одамна ја даваат, можда и знаете што и како се случува ама пак ќе ставам во спојлер опис (го превземав од Канал 5) доколку некој го интересира сеуште. Спојлер Серија за една скромна и убава девојка Рејхан, која е израсната на село и е воспитана според традиционалните обичаи. По смртта на нејзината мајка, Рејхан останува сираче, но животот неочекувано и’ се менува целосно. Сакајќи да го смири својот разгален и неодговорен син Емир, стрикото на Рејхан, Хикмет, ја води во Истанбул за да ги венча. Рејхан на почетокот се противи на тоа, но бидејќи по смртта на мајка си нема никого освен Хикмет којшто нејзината мајка ја сакал како да му е родена сестра, ветува дека ќе се согласи на тој брак. На почетокот Емир не сака да се ожени зашто премногу ја сака својата слобода, но Хикмет успева да го присили на женидба. Поради тоа што е присилен да се ожени, Емир се колне дека кон Рејхан ќе се однесува толку лошо што и самата ќе побара развод од него, а тој ќе си ја врати слободата. Нивниот брак не го прифаќа ниту неговата мајка Џавидан, која од тој момент, како и Емир, прави се’ за на Рејхан да и’ го загорчи животот во нивниот дом. Единствена утеха таа наоѓа во нејзиниот стрико Хикмет и сестрата на Емир, Суна, која е болна. Уште една пречка на бракот помеѓу Емир и Рејхан е бескрупулозната девојка Џемре, која цело време чекала прилика да се омажи за него. И Џавидан планирала токму таа да стане снаа во нивното семејство, но одлуката на Хикмет, Емир да се ожени за Рејхан, ќе предизвика деструктивен бес кај Џемре, која на секакви начини ќе се обиде Рејхан да ја тргне од својот пат. И покрај сите противења, на инсистирање на Хикмет, Емир и Рејхан се венчаат, а тој почнува да го спроведува својот план. Рејхан се заљубува во Емир, но тој е несвесен пред фактот дека нејзината љубов и добрина ќе го променат. Ја гледате некој серијава? Јас ја гледам, добра е за тепање време. Само не е нешто wow, и не знам зошто толку многу епизоди снимиле, има над 280.
Единствена турска серија која ја гледам е оваа. Многу ми е некако бавна ама ме интересира што ќе се случи, кога итн Побарав на интернет како ќе заврши и не ми се допаѓа
Имаше во некоја епизода таткото на Емир мислам и велеше на Рејхан мајка ти ми беше како сестра.. Да не не биле брат и сестра?
Мислам дека не биле брат и сестра бидејќи Џавидан постојано повторува дека била слугинка мајката на Рејхан... А и на неколку наврати Рејхан кажала дека го смета Хикмет за вујко
Од култура Не знам стварно, но како што разбрав не му е вистинска сестра, туку тој ја сакал како вистинска сестра па затоа и му вика вујко. На брат му од Хикмет не му вика вујко, малото девојче на Емир му викаше братучед но не и на Рејхан. Така јас мислам, нз
Хикмет и мајката на Рејхан како млади се сакале, ама ја омажиле за друг. Потоа овај се оженил за вештицата. Кога на Рејхан мајката останува вдовица, Хикмет веќе е богат, и се грижи за нив, затоа Рејхан го вика amca на турски , или кај нас синхронзирано вујко. Кога умира мајка и на Рејхан, Хикмет решава да ја донесе како невеста за Емир, зашто мислеше дека ќе умре и сакаше да го види синот смирен. Рејхан ја прифати понудата да му биде жена на Емир, како еден вид благодарност за тоа што Хикемт се грижел за мајка и и за неа како најблизок род. Затоа се вика заклетва.. Му даде збор дека што и а се случи, таа нема да си оди и да го остави Емир. Глумците кои ги глумат Рејхан и Емир се верија во приватниот живот пред некој ден. Спојлер: Спојлер 3 та сезона. Во третата сезона Рејхан ја нема. Умира на пороѓај. Всушност глумицата сега глуми во друга серија Sol Yanim.
Лелеее, како што се влечкаат..многу бавни и пасивни се сите. Значи заедно се и во приватниот живот? Спојлер Уф, тажно.. а баш сакав да заврши среќно девојката
Ве жалам што гледате синхронизирано, не сте свесни како јебозовен глас има глумецов... јас само ради него ја гледав серијата.. 3 сезона ја баталив, ама ќе надокнадам Ова е од друга серија Adini sen koy.. Слики од приватниот живот
Многу убав пар се. Да те прашам мајка му жива ќе биде? Уште ќе ја малтретира Рејхан или ќе се намири? И оваа лошава што го сака овој, што ќе биде со нејзе?
Хахаха, да сум гледала неколку епизоди на јутуб. Стварно гласот му е специфичен, ептен машки и некако грубо ми звучи.
Охооо има многу да се изнагледате циркузи. Џавидан и Џемре се тим снова.. Инаку серијата е дневна серија и оди во турција секој работен ден, епизоди се без реклами 1 саат некаде .. Па сега рачунај годишно колку епизоди има и клку чудесии ќе се десат... Серијава е како романче.. да одмориш мозок. 10 епизоди да не си гледала пак ќе си во тек..
Од кога и го сменија терминов на серијава од 20 часот ја загледав повеќе серијава, па сега празнично и дека повеќе даваат уште повеќе ми се погоди да се изнагледам. Мило ми е дека Џавидан конечно ја засака Рејхан и дека сега и ги отвара очите на Рејхан за онаа психопаткана Џемре и мило ми е дека Емир конечно се опамети и ја засака Рејхан. Ама таман кога мислев дека конечно ќе бидат заедно Рејхан и Емир, Рејхан не прифати да биде со него зашто е повредена од сите случувања и зборови и во право е, ја разбирам. Ама ич не сакам лудачана Џемре да успее да влезе меѓу нив. @nena2010 Уште колку долго ќе се нервирам со Џемре? Кога ќе бидат заедно Рејхан и Емир?