Околу 60та ама точно не знам. Еве нешто што гледав на брзина за наредниве епизоди: Спојлер Емир нема да замини. Ќе ја земи Рејхан и ќе појдат негде како во шума таму ќе преспијаат, па таму ќе се степа Емир со едни и другиот ден кога ќе се вратат ќе појдат на болница ама не знам дали ради повреда од тепачката. Ќе се смират и Емир ќе купи куќа како што разбрав и се убаво ќе биде една вечер тој таму ќе ја чека Рејхан и неа на излагање ќе ја задржи Џавидан а во тој период ќе појди некоја кај Емир и дали нешто ќе му стави да го успија и кога ќе дојде Рејхан таа ќе замине и ќе има наместено како демек Емир ја изневерува и Рејхан ќе се налути и ќе замине... Таман се смирија и чудно ќе беше да немаше никаков проблем (На брзина гледав и затоа не знам повеќе,но главно ова го разбрав)
Спојлер Мислам во 3та сезона Рејхан ќе умрe, а оваа на сликата е дадилката на синот на Рејхан и мислам дека покасно ќе биде заедно со Емир. А другава не знам како ќе се појави и која е но мислам дека ќе е жена на чичкото на Емир (не ми текнува како се вика). Имаше видео таа држеше бебе вo раце, девојчево до неа потоа тука дојде и чичкото на Емир, па изгледа ќе биде жена негова.
Спојлер Другата е Нарин, предобар лик. Нелегална имигрантка е од Азербеџан и ќе бидат цимерки со Рејхан кога ќе се разделат со Емир. Ќе се омажи за чичкото за да не ја депортираат, а тој да не го изгуби старателството. Лејла не се сеќавам дали ќе ја убие "татко и" или самата ќе падни, ама така некако ќе умри во конфикт со него додека ја ограбуваат фирмата.
Спојлер Да, вечерва се случи тоа со Лејла, а и оваа новата ја видов денес, изгледа почна втора сезона. И ми се виде како добра. Ама не ми личи на добра дадилката на детето од Рејхан. Како ќе се појави таа?
Искрено не знам точно, не ја гледам третта, а и од другите гледав со скокање. Пребавно е дејството, не се разоткриваат брзо работите и напорна ми е, ама Спојлер мислам дека со Џавидан ќе си бидат цимерки во затвор, па таа некако ќе ја испрати кај Емир.
Спојлер Мислам дека прказната за неа беше дека некој ја вознемирувал, па брат и ја бранел, па го пријавиле, па ја презела вината за него дека е болен. Малку глупаво е сега со неа да продолжи, ама тоа е. А за Рејхан, не знам, Емир само облека и шамивчето го закопа и ѝ беше лут дека го оставила, а му ветила дека нема да умре, ама не верувам дека ќе има пресврт и дека ќе ја вратат. Можи можи некако да направат како во кома да била после породувањето, ама не верувам.
Спојлер Јас па негде имав прочитано дека нема да умре на пораѓај. Дека ќе биде жива, е отпосле не знам што се случило и како испаднала мртва...
Спојлер Можи, не знам, само почетокот од третта го гледав. Ама сега ја отворив последната епизода на јутуб и ја нема актерката во ликовите на почеток
Откако она го отвори сефот и додека ,,татко и" ги собираше парите, таа се качи на кровот на зградата да пријави во полиција. Ама тогаш ја начека тој и и впери пиштол во глава и и нареди да го исклучи телефонот. Се караа. Тој не сакаше да ја убие, дека иако не била негова крв, била негова душа, ја сметал како ќерка и затоа и предложи да заминат двајцата негде сами, да избегаат. Таа му рече дека ќе дојде со него, ама во затвор. И повторно го зема телефонот за да пријави. Тој и впери пак пиштол. Таа се враќаше наназад и таман да проговори на телефон, таа сама падна од кровот. Кемал закасни не успеа на време да дојде и да ја спаси. Пред негови очи таа падна. Тој само што стигна на локацијата, не успеа до горе да се качи каде што беа тие.
Не ја фатив репризата од почеток На со превод од 12.1 немаат објавено, знаете дали на др место можам да ја гледам епизодата од вчера? Каде е Џавидан?
Се дозна какви нешта и правеше претходно на Рејхан, па Хикмет мислам дека се разведе и ја избрка од куќата. Сега живее во една многу стара куќа, во никакви услови. Во наредната епизода Мелике ќе отиде да ја посети и ќе ја покажат, станала за никаде.
Воопшто не ја гледам. Канал 5 претеруваат со оваа серија, треба да оладат. Кога и да чекав реприза од друга серија, дали за викенд или пон-пет, преку ден или ноќе, се на оваа налетував, ко којзнае каква да е. Ништо посебно, од типот на Ранети птици. Наивна девојка вљубена во богаташ и другите сакаат да ги разделат.