Бидејќи нели Рејхан го остави Емир, зашто не му поверува дека не ја изневерил. А плус онаа лудачана Џемре и дава други апчиња за да ја полуди.
Изгледа уште долго ќе се начекаме дури да и го откријат другите вистинското лице на Џемре. Добро е што Рејхан се свести со каков психопат си има работа и што и оди контра. Пред да замине, само во соба си седеше и се нервираше и пукаше од љубомора за Џемре, ама сега мило ми е што прави сè за Џемре да пука од љубомора.
Колку ми е мило што Оја го виде овој на снимка. Ја потцени Нарин и мислеше дека ќе ја намести, па суптилно ќе си го користеше братот понатака.
Серијава....трае и трае и трае.. Кога и да пуштиш на Канал 5, оваа игра. Толку се пасивни, досадни, со никаква харизма. Можеш цел месец да не гледаш и овие пак нема да мрднат од мртва точка. Штета, ми се допаѓаат и глумците и дејството (иако има некои очекувани сцени, интриги и глупости) ама немам нерви да ги гледам колку се влечкаат.
Што ли наумил сега Хикмет? И што планира онаа змијана Џавидан да и направи на Рејхан? Кога ќе се дознае за злобата на Џемре?
Спојлер Како што гледав кратки видеа на јутуб за жал да Џавидан ќе си биде во серијава до крај изгледа А мислам дека и во затвор ќе биде Џавидан Спојлер Ми излезе некое видео, не знам дали е вистина, Мелике и Хикмет ќе биделе заедно
Спојлер Ако биде така баш супер, многу си одговараат. Добра жена е Мелике. Одамна помислив на тоа тие двајца да си бидат заедно.
@cresa-jagoda гледав дел понапред. Спојлер Новата глумица што се појавува и што ќе биде со Емир всушност се запознава со Џавидан во затворот. Ја спасува на Џавидан (сакаше да се убие пошто сфати што направила), понатаму Џавидан се распрашува за девојкава (не лежи во затвор бидејќи е виновна, туку за да не биде брат ѝ во затвор). Џавидан на некој начин ја гледа Рејхан во нејзе (имаше некои случки во затворот). Ја пушта во куќата да работи (во меѓувреме многу работи се смениле таму), ама овој Емир ќе ја малтретира, друг карактер е некако... Подобро ѝ лежи улогата на оваа, отколку на Рејхан... Нигар нема да работи во конакот. Изгледа ја избркале. Татко му на Емир скроз е опоравен и на нозе и до крај гледа да го држи семејството заедно.
Навистина многу досадна серија. Моите ја гледаат, а и јас покрај нив ѕиркам. Толку патетика, плачење, интриги. Логика нема. Поминува една епизода, а ништо не се случува.
Многу е глупава Рејхан што молчи и што никому не кажува за уцените од Џемре. Многу време во место тапка серијата. Дур да излезе на виделина некоја интрига цел век поминува.
Премногу се развлекува, само плачење. Плус не знам како тоа толку богати мажи се заљубуваат во толку сиромашни девојки, кои буквално немаат ниту дом.
Еее ајде де, и тој толку богат, па толку срамежлив на моменти, и вака кога го гледаш филмот мислиш дека е тоа платонска љубов, не ми остава впечаток дека се маж и жена. Муабетите што ги прават се како деца од 6 одделение.
Па таква е темата скоро на секоја втора серија, маж се заљубува во сиромашна девојка или пак во слугинката во нивниот дом. Е ваквите серии ми се најглупави. Серијава на почетокот ја гледав пошто ја даваа од 17h ама сега многу оглупе, секој викенд кога ќе ја пуштам знам што се случувало пошто многу ја развлекуваат.