Серијава кога ќе ја фатам, абе се смеам. Нешто подосадно не постои. Бизнисмен, ама речникот му е како на дете од 12 години, и ја гледа симпатијата, и кај и да е ќе се бакнат до крај на сезоната. Колку и да е тоа патријархална средина, пак добро ќе беше да ги видевме еднаш и во кревет, вака мислам дека се маж и жена кои се држат за сака, ама немаат секс. Абе живи глупости. Само Зејнеп и Алихан од Забрането јаболко ми беа пар на кој јас му верував и навистин аделуваа заљубено, а ова другиве парови толку се извештачени.
Точно. Овие едно бакнување го вртат во цели епизоди. Па де она љубоморна, па де он љубоморен и се така. Одамна прекинав да ја гледам.
Јас не ги фатив некогаш да се бакнале. Рејхан пак се прави како невина тинејџерка, која се срами и го избегнува дечкото. Смешки.
Што е со новава жена на човеков? А зошто Рејхан ја нема? И уште имаат дете со оваа жена. Мислев да не е сменета актерката ама оваа има и друго име.
А ја фатив вчерашната епизода. Се сеќаваат како таа го зема бебето од некаде и му ги даваше, а тој не сакаше да го прифати. Зошто? Јас се извинувам ако поставувам глупави прашања ама ептен се сум во тек, а од почеток ја гледав долго и сега пак ми стана интересна.
Затоа што е лут на Рејхан, бидејќи свесно си го ризикуваше животот за да се роди тоа дете. А тој премногу ја сакаше и не може да се помири со тоа што веќе ја нема.