Форумџика на годината 2020

Вечен студент

Дискусија во 'Образование' започната од mari93, 25 мај 2011.

  1. mari93

    mari93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    decki zdravo gledav dali ima slicna tema na forumov i ne najdov .student sum vo prva i vtora dobro mi odese ok si ucev si polagav ama od treta i eve veke narednive 3 4 god slabo mi odi ucejnevo .se nema sesija se me turnale nemam golema zelba za ucejne i stvarno neznam vo sto e problemot .i samodoiverbata mi se namali i sekogas koga odam na fax go dozivuvam dramaticno kako izmacuvajne i zamofno .pa nekoe sovetce ve molam
    [mod-kirilica:1lz6w4mp][/mod-kirilica:1lz6w4mp]
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    538
    Прво мораш самиот да прифатиш дека си СТУДЕНТ !!! Сигурно постои некоја приочина според којаа имаш одбивност спрема факултетот,откриј од каде ти доаѓа таа одбивност.Велиш не ти се учи,но како што сфатив имаш усте 1-2 години,па потруди се да ги исчистиш и тие години :)
    А онаа за односот сам треба да си го средиш.Не гледај на се така црно,постави си цел и води се кој неа,така мислам дека би си ја покачил самодовербата како и самиот твој однос :)
     
  3. mari93

    mari93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    да за односот имас право треба да поработам на тоа .инаку имам усте 5 испити фала за советот поздрав4е
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    За ваквите вечни студенти грешката ја наоѓам во родителите. Кога веќе видеш дека детето не ти учи, кога ти скратуваш од лебот дома за тој да тера студентски живот а во индексот ни една оцена - отпиши го од факултет. Односно не му давај пари.
    Јас разбирам дека има студенти загазуваат по некој предмет, лош бил професорот или ептен тежок предметот, ама тоа може да се случи со еден до два предмета не со сите. Ако не ти се учи нема потреба да ги трошиш парите на твоите, само колку да се каже дека одиш на факултет, освен ако сама не се финансираш па тогаш оди и 10 години ако сакаш.

    Конкретно за проблемот на Мари93 - уште 5 испити ти останале и сега ли најде да губиш желба за учење , самодоверба и слично. Стегни се, фати ја книгата, нема смисла да прекинуваш со факултетот кога речиси си на крајот.
     
    На Assassin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.415
    Допаѓања:
    48.855
    Пол:
    Женски
    А не ти е малку непријатно да седиш дома и да не придонесуваш никако?
    Мене би ми било срам од родителите.
     
    На Spidy и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    1.669
    Пол:
    Женски
    Гледам темава не е добро разработена, најверојатно зашто ја искаравте мари93 :doh: Јас им се чудев на таквите, ама верувајте секому може да му се случи. Посебно ако си на некој тежок факултет поголема е веројатноста да заглавиш отколку да завршиш. Се може да му се случи на човек, и не мора да значи дека тие први што дипломираат се најдобрите и најпаметните студенти на фаултетот. Јас еве сум 1 год плус од тоа што требаше, имам уште 3 испити. Не знаете колку ми беше тешко на почетокот, со помаливе слушав некои предмети, се чувствував несамоуверена и без везе. А инаку бев многу добар џак :D Немав паднато по предмет немав презапишувано, ниту полаго по сто тапи еден ист,арно ама во 3та заглавив со еден предмет и се се испомеша. Сега што сме група студенти видов дека има и други како мене дури во многу многу полоша состојба и позаглавени, но не се сите од нив глупи и не им е сеедно дали ги трошат од дома или не. Верувајте :!:
     
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    9.057
    Пол:
    Женски
    Разбирам да е тешко, па може и да паднеш година и се тоа, ама ако поминат 2 сесии а ти ниеден предмет не положиш, тоа на ништо не личи. Ако факултетот ти е 4 години, учи го и 8 ако треба ама заврши го. А не само тоа слушам, има уште неколку испита и толку. Со прст не мрднал. Како што кажа Infaithlul
    Па ако му чини, нека згрее малце столчето, нека заврши и нека си најде работа :!:
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    mari93, седни и размисли....досега пример си дала 25 испити, ти останале уште 5. Дали вреди овие 25 испите и времето фрлено и вложено во нив вреди да го фрлиш за нешто што многу ќе ти значи во животот.
    Тоа е исто како цел живот да тренираш и се бориш за некој успех и на крај стигаш 5м до целта и велиш неможам повеќе.
    Второ, некој што послабо му идел факултетот сега полека полека по 3/4 испите за овој ист период ќе испадне дека попрво ќе заврши. Немој mari93, фати таму книгата, и мисли си ги сите позитивни работи кои ќе ги добиеш со дипломирањето.
     
  9. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Ако е тоа фкултет од твоја желба тогаш е полесно. Па и ако не, запни малце. Јас сеуште не сум на факс ама слично е школо си е школо. Само немој да те фаќа она расположение уште еден саат на фб па после ќе учам, или од утре ќе почнам да учам сигурно, а ќе станеш у 12 попладне(waiting) Наравоучение: За учење треба време, а одложувањето е најголемиот крадец на времето.:devil:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    3.107
    Вечен студент - зависно како ќе се сфати тој израз - може да биде многу убава работа! Доколку се има многу пари и доколку тоа подразбира на секои 5-6 години да си стекнеш уште една нова диплома во друга држава. :)

    Завршиш медицина да речеме на Харвард, специјализираш во Скопје (поради носталгија), па запишеш јужноамериканска книжевност во Буенос Аирес, а летната школа по германски завршиш во Бон на Гете односно норвешки јазик во Тронхајм. Виша океанологоија и делфински студии запишеш на Хаваи, а забрзан курс по јапонска електроника следиш во Токио - услов едино (покрај многуте пари) да имаш доволно кредити т.е. преодни оценки минимум за да запишеш следна година и на крај дипломираш, абе тоа библиотеки, читални, музеи, журки, дечковци/женски, патувања, храна разновидна, шетања - абе мераци живи! :inlove:

    Меѓутоа, вечен студент во смисла на воведниот пост од темава, не е препорачливо но охрабрете се да дипломирате веќе еднаш, што е можно поскоро. Доколку не ви оди, прашајте се самите себе си искрено - зошто? Зошто студирам таму каде што студирам? Дали ме интересира тоа што го студирам? Што очекував кога се запишував, што очекувам сега од тој факултет? Имам ли цел? (на пр. да го завршам факултетот за одреден број години) Што е потребно и како е потребно да направам за да го завршам тој факултет - на пр. треба да учам, но кога ми е полесно да учам? Дење или ноќе? Дали учам полесно сам или во група, или сам но додека и други околу мене учат (енергијата на другите околу вас кои учат во исто време може да ви даде поттик, елан за работа). Соодветно на тоа прилагодете го своето време и место. На пр. во Скопје спроти ТЦ Буњаковец постои читална која работи дење-ноќе 24/7. Дали ми е полесно ако поважните делови од текстот (дефиниции, формули, важни историски настани и тн.) ги подвлекувам со црвено пенкало, жолт фломастер, или молив? Дали ми е непријатно од одреден професор/професорка? Зошто? Можам ли да полагам пред комисија? и тн.

    Да не се заврши факултет не е погрешно само по себе, но тогаш мора да имате јасна цел со што, како каде и колку ќе се занимавате за да дојдете до доволно пари за да можете да преживеете па и да живеете. Родителите и да сакаат, нема да можат вечно да ви даваат пари, никој од луѓето не е бесмртен. Некој што има осет за бизнис, било да е тоа семкара или слаткарница, нужно не ѝ/му треба факултет. Но ѝ/му требаат пари за набавка на материјали и простории и волја за секојдневна работа.

    И за крај, доколку ви изгледа мачно учењето или мислите дека факултетот ви нема повеќе смисла, прашајте се себе си дали е полесно да вложите напор и издржите уште некоја година за да дипломирате успешно, или наместо тоа да се откаже и потоа цел живот да се кае човек зошто не го завршил тој ебен факултет, па можеби ќе го добиеше ова или она работно место по 1, 5 или 10 години а и платата ќе беше поголема. :?:

    Точно е дека можеби моментално за многумина нема работа, но времињата се менуваат а со тоа и можностите - прашањето е дали сте подготвени (да речеме, со имање диплома) да ги дочекате позитивните промени кога ќе се обидат да влезат во вашиот живот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Matea3

    Matea3 Нов член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво и поздрав до сите...потребен ми е совет, да не должам многу, во врска со факултет е. На 19 год се запишав, на почетокот се непознато немав појма за ништо, одма најдов другарки се беше супер, но некако не го сфаќав учењето и полагањата толку сериозно, си идев онака да се дружам :| сега имам 25год, на 22год се отпишав и пак се запишав, почнав да полагам тоа што можам, проф се супер, предметите не се многу тешки, да ми се врати времето сигурно до сега ќе завршев но ете не знам што ми се случи, си останав таму каде што сум сега, бидејќи малце студенти се на овој смер голем број од проф веќе ги знаат студентите од прилика кој е што е, често се чуствувам како понижена бидејќи се наоѓа проф да ми каже...па ти уште си тука? Јас од како знам за себе имам ниска самодоверба, иако како што веќе спомнав, на почеток сите ме прифатија многу добри другарки најдов, ама скоро секој проф тоа ми го збори, може да замислите ваквите коментари како ми влијаат:( да се отпишам искрено, не сакам бидејќи тек сега гледам колку било лесно и колку проф не се замараат баш и не се опседнати да бутаат туку така студенти од испит, како што има некој намерно така да направи, сакам да го завршам иако тек во септ ќе ја запишам 3та год , се плашам од коментари дека сум учела 10 год факултет иако не знам баш дали ќе фатат 10, ќе дадам се од себе да не презапишам предмет сега овие семестри што идат, но ме кочат понижувачките коментари од проф и околината, знам ќе речете не се замарај со други ама верувам дека не на секој му е сеедно да ти рече некој, еј па ти уште учиш? Имав случај кога проф пред сите кога полагавме рече , колешката е од постарите генерации ама ете упорна е, можеби ќе положи...(инаку положив тогаш), финансиски проб немам, можам и на приватен да продолжам ама не сакам, би ми признале две год исто ама не ми се иде таму, едноставно не знам дали да продолжам со оглед на годините кога ќе завршам 27 би дошле и со секојдневните коментари :( фала Ви на одвоеното време.
     
  12. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    386
    Да си правиш тебе како што ти чини и да неслушаш никој одоколу што ќе ти дофрли. Игнорирањето е мајка на знаењето.
    Нашиве професори во нашава држава се дрва невидени и не се ништо поќе одтебе така да кога веќе си се запишала,продолжи и завршисиго фалкутетот оти во иднина можи да ти се најди,никогаш не се знае....
     
    На Billy Idol, Matea3, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.982
    Допаѓања:
    131.237
    Пол:
    Женски
    Еј, немој да си се откажала!!!
    Ја сум 18, прва сум и знаеш колку колеги имам 20+ што се? Кој заглавил со предмет, кој не фатил услов за година, кој неколку години по ред не може да го положи баш тој предмет, кој паузирал со факултет, бидејќи работел или едноставно сакал пауза од студирање итн...Имаме и колега што е многу, многу постар од нас, имал желба за медицината и ете со нас студира. Не е ни битно, но ете да ти доловам 50тина години е, чисто за пример.
    Никогаш не е касно да се доусовршиме во струката, да продолжиме некаде кај шо сме застанале...
    И сите ние сме исти, без разлика на годините, глупости живи, каква глупа поделба човече. За професорите сме само број на индекс. :D :D Не знам на кој факс си, но ако трае 4г факсот па, уште полесно, веќе пред сам крај си. Па и 5-6 да е, твоја работа колку ќе студираш.
    А, што им е нив гајле стварно, ти си плаќаш таму, студираш, они земаат плата за да предаваат, шо не си гледаат работата шо им е, не кој колку студирал. Проста маса, џабе што се професори бре, свашта...
    Глеј си да си завршиш и да си положиш и не ги рецкај ама ич.
    Има и кај нас вакви шо деморализираат, идиоти, но се ќе помине, еден ден тие ќе се небитни, а ти ќе си се гордееш што си завршила. Не треба на вакви да им придаваме значење, нека си зборат, мавај игнор!
    Целосна поддршка од мене имаш да продолжиш да студираш и да тераш до крај.
    Имаше баш quote на нет, не можам да ја најдам, дека нема вистинско време за ништо, може на 30 да дипломираш, на 22, да се омажиш на 20/30, се е наш личен избор и ниедно не е најправилно или погрешно.
    Само учи си и терај си така ко шо си почнала, со среќа! :hug:
     
    На BlackMistery, Matea3, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Јас би ти кажала само едно: од било што во животот да се откажуваш само и единствено ако таквата одлука не ти внесува немир т.е. само и единствено ако ти сакаш да се откажеш, а не заради други.

    Затоа што Петре, Трајко и Стојко си се наместиле во професорската фотеља и сега им се може да си искажуваат фрустрации на студенти, а некој да ги праша како стигнале до таму верувај дека 70 посто од нив стигнале преку врски.
    Така да не дозволувај некои такви дрва да бидат причина за откажување од она за кое очигледно сакаш да го исполниш.

    Нареден пат кога ќе те прашаат дали уште студираш, речи им „Да и планирам да запишам уште еден факс“.
    Па нека се чудат тие и понатаму. 8)
     
    На Matea3, GirlRose, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.