Вечерва одам кај либето не сме се виделе две недели на пат беше, ова ќе биде добра ноќ предосеќам , па ако успееме да се извлечеме од креветчето ни мило, топло, драго, ќе тркнеме и на Виноскоп.
Вечерва сакав да одам на Виноскоп не знаејќи каква е временската состојба надвор. Кога излегов на 3 минути на тараса, сфатив дека ќе останам дома со книгата, чипсот и Несот во рака. Блазе си ми, блазе си ми.
Кај нашите кумови на гости, на понекоја партија карти, едно кило узенце, троа мезенце, 10 килограми смешки, 20 килограми шега и 1 тон задоволство
Ќе одам во дневна. И не се шегувам! Цел ден сум сама, моите ќе се вратат за некои петнаесетина минути а потоа ќе излезат со едни пријатели... Млади у душа, шта да ти причам Па така после целодневната дружба со фемина-математика-фемина-физика(и опет, па још једном по малку изменет редослед) конечно ќе излезам од прекрасната ми соба. Ќе си го викнам мм, ќе си се пикнеме под ќебе и некое добро филче ќе пуштиме.. Па љуб-љуб, муабетчиња и на средина на филмот ја веќе почињам шема: на гради да ти спиииијам. Е, да. Токму така. Јас заспивам, а тој пустиот сакал или не ќе лежи и ќе го гледа филмот Или мене ме гледа, што го знам... убава девојка има.