Во кревет во кревет, Јас спремна сум само за во кревет во кревет, (и во позадина музиката од соња трчулоска-во бело)
Вечер,порано во креветче.Да си се наспијам добро и утре со нови сили да одам Коле Канински,нешто да подрешнам
На гробишта на Духовден-Св.Троица затоа што кај нас во Куманово е таков обичајот на оваа задушница и дење и ноќе до 03.00h.да се оди да се раздава и да се палат свеќи на гробишта,само не е добро ако зората не затекне на гробишта.Можеби не звучи како некое многу cool местенце,но сепак има многу луѓе и дури многу гужва ноќе на овој ден на гробишта,така што нема да бидам воопшто осамена таму,а ќе имам прилика да се видам и со луѓе со коишто одамна не сум се видела од сите возрасти.И воопшто не е морничаво ноќе на гробишта кога има многу луѓе што брборат за се и сешто!