1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачка интелигенција во религијата

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 19 мај 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ај замислете вака, влагате во црква и таму ве пречекува робот свештеник или поп, ве поздравува и благословува:?:
    Одиш на исповед ама ОНЛАЈН:?:

    Во Јапонија почнале роботи да извршуваат погреби....Оффф, замислувам робот да ме закопува и да ме отпее и попрска со водичка, винце..бррррррррррррр:(

    https://www.tportal.hr/funbox/clanak/hram-u-kyotu-predstavio-budistickog-robota-foto-20190311

    Што мислите, добра ли е оваа идеја?
    Нема да има крадење, возење џипови, проблеми со целибат, педофилија.....технологијата многу брзо ја менува и религијата:?:
     
    На Јаневски и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Одлична идеја (y)
     
    На Feminka22, Alita и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Вештачката интелигенција (AI), која патем сеуште е во развој, е доста непредвидлива и иако на прв поглед се чини дека нејзината инволвираност во религијата може да има одредени позитивни аспекти, последиците можат да бидат сосема спротивни за верниците, без разлика во која религија веруваат.

    Од познатите научници како Дарвин и Галилео, факт е дека константните научни откритија поврзани со потеклото на човекот, планетите и универзумот, постојано ги оспорувале религиските проповедања и верувања. Но сепак, религиските институции сеуште се присутни во модерниот свет.

    Како што и AI претставува едно фасцинантно научно откритие, сеуште не е прецизирано нејзиното конечно влијание врз религијата.

    Оние примери кои @baba Rada ги спомена се само една од исходите каде AI ја засилува религијата. Меѓутоа истите се доста контраверзни, поставувајќи прашања како на пример, дали роботите кои поседуваат AI воопшто можат да се сметаа дека имаат религија, со оглед на тоа дека сепак не се живи суштества туку објекти, и покрај тоа што можат да бидат програмирани да имаат барем некакво чувство за морал?

    Исто така, постои веројатноста и самата AI на некој начин да стане еден вид на религија, каде "богот" кои тие ќе го обожуваат ќе биде самиот човек, како нивен креатор. Можеби роботите кои поседуваат AI ќе станат исти како луѓето, градејќи институции како цркви каде ќе им се молат на луѓето, како што верниците им се молат на одреден бог.

    Или пак, ако роботите со AI, кои поседуваат супер-интелигенција, го знаат одговорот дека натприродното суштество познато како бог не постои, тогаш би било многу контрадикторно тие да вршат било какви религиски активности.

    Со други зборови, наместо AI да ја олесни и подобри религијата од технолошки аспект, истата може да придонесе да се воздигне атеизмот и со тоа да стави крај на сите светско познати религии.

    Во секој случај, иако темата е доста интересна, сепак не постои прецизно дефиниран одговор за тоа какво влијание AI може да има врз религијата.
     
    На gjoker4e, Billy Idol, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Ако го земеме во предвид сознанието дека науката, всушност технологијата и религијата никогаш не биле рака под рака или не биле во " љубов" , тогаш можеме да погодуваме нели, црквата се обидува да остане актуелна:?:

    Никогаш не би ми текнало дека и оваа црковна професија би можела да ја работи робот,...што нема да дочекаме уште..можеби еден ден наместо папата, робот ќе шета по светот и ке им мие нозе на затвореници:?::?:

    како и да е, на нас верниците ни останува само можност да бираме кој сакаме да ни даде благослов:)
    У ИМЕ ОЦА СИНА И СВЕТОГА РОБОКАПА

     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Црквата и религијата, воопшто, успеале да опстојат и денес во модерниот свет поради конечното и ограничено познавање на човекот за неговиот настанок и постоење, како и за планетите и самиот универзум.

    Меѓутоа ако AI ги има одговорите на прашањата кои човештвото со векови ги поставувало, тогаш и самото постоење на црквата, односно религијата ќе зависи од природата на тие одговори.

    Инаку, концептот за инволвирање на AI преку технологија во религијата ми изгледа само како начин за црквата да се обиде да остане "модерна", притоа прифаќајќи ја науката на сосема различен начин од оној каде би требало да се докаже дали човештвото воопшто би имало некаква потреба од религијата во иднина или не.

    Со други зборови, религијата се обидува да прифати одреден бенефит од ова научно откритие, наместо да се соочи со одговорите кои можеби нема да бидат во нејзина корист.
     
    На sweet-star, Billy Idol и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Уште една причина со време да си станете атеисти, бабе. 8) :*
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    МПЦ не сака на нов календар да премине, вие вештачка интелигенција расправате. Кај со ова богохулие.
    Кога помислам пак дека има луѓе на кои темава им е интересна...
    Дај молим те, држете ги религијата и науката одделно.
     
    На theowndemon, Billy Idol, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Види душо, јас искрена да бидам, не се согласувам дека црквата треба да го прати ова модерно време и да се прилагодува на современата технологија, замисли како ли во иднина би изгледале тие свети домови, нели....но, нема врска ова со атеизам, оти Бог е во срцата на верниците а не во црквите:*
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и додека ова се чини доста рационално за многумина, сепак постојат одредени верници кои само сакаат да ја искористат науката за да ги "докажат" своите религиозни верувања.

    И токму поради ова, напишав погоре дека, лично,сметам дека самото инволвирање на AI во областа на религијата е само обид за истата да стане "оправдана" во очите на луѓето, искористувајќи ја науката и технологијата, или во овој случај AI, за да може да опстане колку што може подолго во модерниот свет каде науката секојдневно успева да ги оспорува религиозните верувања.

    Со други зборови, црквата како институција прави напори "to blend in" со модерната наука и технологија за да изгледа како и самата да е нормален дел од тоа, кога во реалноста не е, односно е токму спротивното од тоа.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ја па мислам, дека може наука и религија да коегзистираат.
    Може не засекогаш, ама уште доооолго ќе имаме прашања на кои ќе немаме одговор.
    Се додека постојат тие прашања без одговори, ќе има простор за религија и мистика.
     
    На sjdgo и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Религијата е социолошка творевина против која, како разумно живо суштество, целосно се противам најмногу поради третманот кој го добиваат жените во патријахалниве религии.
    Науката е нешто во кое сум вложила доста од моето време, без разлика дали е астрономијата или роботиката.
    Не знам дали може да коегзистираат, кога религијата редовно ја "убива" науката, ама апсолутно не ми е ни гајле.
     
    На gjoker4e, Briar Rose, Alita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Зборувам за на ниво на човештво. Индивидуално, секој ќе си одбери stance.
    Плус, не мора да биде ни една од веќе постоечките институционализирани религии.

    На пример, за мене 'Бог' се физичките правила кои 'ја прават' реалноста.
    Не во смисла на sentient being, туку како underlining rules.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Морал е тоа.
    Моралот не кажува дека женско не смее да абортира, дека не смееш да имаш секс пред брак, дека не смееш да правиш нешто затоа што имаш добиено, дека мора да ја покриеш главата.
    Кога бираш религија не бираш кои работи ти се ок, а кои не. Или прифаќаш сѐ, или ништо.
     
    На Billy Idol, Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не мислев на моралот, туку буквално на физичките правила. Нема морално/неморално во физичкото постоење, има причини и последици.

    Добро, ако си религиозен по институционални правила на одредена религија, тогаш е така: Се' или ништо.
    Имам проблем со веќе постоечките религии, помеѓу другото, баш начинот на кои ја презентираат реалноста, која во основа се коси со тие физички правила.
    Ама како што минува времето, и напредува технологијата, и се' повеќе откриваме за светот околу нас, религиите се адаптираат.
    Прво беше: Сонцето се врти околу Земјата, па после Земјата се врти околу Сонцето.. Прво беше, Бог ја создал Земјата, сега е Бог го создал Универзумот. Ќе си се адаптираат и понатаму..
    Колку поедуцирани и поинформирани се луѓето, толку поразлична ќе биде религијата.
    Плус, не можеме да очекуваме дека ќе се смени се' преку ноќ. Активниот технолошки напредок, е нешто повеќе од еден век, а религиите постојат со милиениуми... Тешко се менуваат стари навики.. треба време.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @WildMk нормално дека ќе се прилагодува на науката. Кој ни верувал уште во црква која вика дека Земјата е центар и сонцето се врти околу неа? Оние 20те рамноземци во Македонија. Промените доаѓаат, прифаќањето на научните докази доаѓа до оној степен до кој им одговара на профитот. И на крај, пак се поповите и оџите едни од најбогатите во државата.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Зборував за пред 150 години.. за Сонцето и Земјата. Во времето на Коперник.
    Додуша, ако ги видиме американциве, пак се враќа 'во мода' знаењето пред Коперник :D

    Можи дееволуираме :o
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Американците? Македонци има што веруваат дека Земјата е рамна, Македонци :x
    Преголем пристап до информации и глобализација на информатичко ниво доведуваат да многу побрзо ги прифаќаме глупостите на САД.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    @baba Rada имаш старо/нова бфф. :D
    Ова во православната религија не постои и нема да постои.
    Туку замислете се вие што користите онлајн услуги од психолози. :?:
    Од исповен нема да има штета, ама за психолошка помош...:worried:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Оти да не?
    Битно е да те исслуша и да те гледа додека зборуваш.
    Денес барем тоа не е проблем.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ако е за така, било кој на Вибер ќе побарам. Не е ист контактот во живо и виртуелно.
    Како ќе ти следи говор на тело?