Што имаат врска онлајн услуги од психолози со вештачка интелигенција? На такви сајтови одговараат вистински луѓе, сигурно и со дипломи. Сигурно повеќе корист би имало од нив, отколку од свештени лица. Се гледа дека сте скарани со науката и технологијата, логично...
Дали може да бидеш малку попрецизна кога ги споменуваш Американците? Дали мислиш на целата националност, или само одредени "white trash" поединци кои читале премногу conspiracy theories? Бидејќи USA, од научен аспект, претставува една од најразвиените држави во светот која се занимава со проучување на вселената. Се сомневам дека на пример, одредени NASA научници одеднаш би почнале да веруваат во теориите кои биле релевантни и прифатени пред Коперник и Галилео... Дееволуирање би треба да настапува на глобално ниво, така не може да се каже дека човештвото во генерална смисла дееволуира, ако не е општо прифатено одредена теорија или факт која е во спротивност со денешната наука, а тоа не е многу веројатно само по себе. Одлуката да се верува во нешто кое е спротивно на модерната наука е субјективна работа, и покрај тоа што USA има огромно влијание врз сите останати светски држави, тоа не значи дека треба да прифаќаме мислења на одредени поединци кои немаат ни основни научни познавања.
Читав некаде, дека голем процент американци верувале во теоријата за Рамна Земја. Не мислам дека се научници 'вернициве'
Ауф... тој мисли дека е научник. Само има еден куп информации 'насобрано', ама не ја разбира нивната суштина... Набубал
Истовремено, и 55% од Американците не знаат дека сонцето се класифицира како ѕвезда. Но во овој случај не е релевантен квантитетот, туку квалитетот.
И околу 10% (не сум сигурна за процентов) мислат дека чоколадно млеко, се произведува од кафеави крави...
Самата идеа нема поврзаност со темата бидејќи нејзиниот главен фокус е на влијанието на AI врз религијата, која поправило не би требало ни да има некакво влијание врз нешто кое ја оспорува модерната наука и технологија. Но во врска со нудење на психолошка помош, не гледам никаков проблем за роботите кои поседуваат AI да ги сослушуваат луѓето и да даваат совети, доколку се програмирани да имаат солидни познавања од психологијата, туку напротив, би можеле да бидат и попрофесионални и од луѓето во одредени аспекти. Сепак, овде би било важно и истите да поседуваат барем и одредено чувство за морал.
Како ќе научиш АИ на морал? Не ми фаќа црпката, што алгоритам треба да има, за да АИ развие морал? Премногу апстрактен не е за нивото на кое се сега компјутерите?
Јас тоа го напишав првенствено како претпоставка, и притоа првично мислев на моралот на луѓето кои би ги дизајнирале, програмирале,третирале и користеле роботите со AI, односно за кои цели, а самото тоа ќе биде манифестирано од страна на тие AI роботи. Бидејќи AI роботите не се живи суштества, тие не поседуваат вистински чувства и морал, па така може да дејствуваат на начин кој би можел да биде повеќе штетен за луѓето, отколку корисен. На пример, ако одреден човек е болен, AI роботот може наместо да го лекува, да одлучи да го убие човекот, притоа гледајќи ја таа опција како совршеното решение за отстранување на проблемот.
Епа тоа ме збуна, затоа и прашав, како ќе програмираш АИ на морал? Не разбрав дека за моралот на луѓето си пишала во претходниот пост.
Како човек кој има волонтирано на страни кои нудат помош од типот на active listening, не гледам причина зошто не би можела вештачка интелигенција да го работи истото. И онака те тренираат да не даваш совети, да не наведуваш луѓе на пат кој тебе ти се чини логичен туку само да покажеш емпатија, да им дозволиш да се искажат и да им помогнеш сами да си го најдат патот што најмногу им одговара (значи да поставуваш многу прашања). Е, проблемот е што на вештачката интелигенција не ѝ оди баш добро јазикот, така да... И тоа нема во скоро време да го начекаме, барем не во некоја подобра и пофункционална форма. На крај, порадо би се обратила на робот кој нема да ме наведе на ништо, отколку на човек кој ќе ме наведува дека религијата е вистинскиот избор. Фани стори, првиот пат кога ја тестирав странава влегов во кавга со првиот човек што ми го пратија затоа што мислев дека е вештачка интелигенција и тоа поприлично лоша, дека звучи како снимена касета. После ми кажаа дека на некои личности нивото на интеракција им е толку спуштено што буквално изгледаат како роботи.
Подоброто разбирање на човечката моралност доведува до заклучокот дека етиката на машините, или во овој случај AI роботите, не би била резултат на целосна симулација на човечкиот морал, туку морален пронајдок познат како вештачка етика, бидејќи не е можно истата во целост да делува како кај човекот преку мозокот. Сепак, не е исклучена можноста за подобрување на човековата етика, како друг вид на изразување на денешната тенденција кон вештачката интелигенција.
Оф топик, не знам дали се согласувате, ама мислам дека напредокот на технологијата е дел од човековата еволуција, не само пропратна алатка. Се' ми се чини, дека со време, ќе бидеме некоја форма на живо суштество, со технолошки апгрјди.. да не речам киборзи Ениуан?
Не ти е тоа ништо "уау" имагинативно. Пејсмејкери, бионички екстремитети, сето тоа е нешто "машинско" кое го прифаќаме како дел од нас.
Пак ќе бидат само апарати, кои ќе ти овозможат олеснето функционирање. Не е ништо што на некој начин не постои веќе. Како што можеш да побараш од Сири да ти пресмета нешто или да ти даде пристап до некоја информација. Само ќе биде повеќе дел од тебе. Не сме воопшто когнитивно ограничени сега, и само ќе стануваат подостапни информациите.
Претпоставувам дека со ова реферираш на transhumanism (H+) Таквиот вид на еволуција нема да биде од природен карактер, но ако човекот сака да се надоградува себеси, односно неговото тело и ум, тогаш AI не треба да биде вклучена во тие обиди. Со други зборови, AI би претставувала закана и конкуренција за овој концепт, а еве и зошто: "Let an ultraintelligent machine be defined as a machine that can far surpass all the intellectual activities of any man however clever. Since the design of machines is one of these intellectual activities, an ultraintelligent machine could design even better machines; there would then unquestionably be an 'intelligence explosion,' and the intelligence of man would be left far behind. Thus the first ultraintelligent machine is the last invention that man need ever make." - Irving John Good
Нема душа... ништо нема 'душа', има само атоми и суб-атомски честички Сме когнитивно ограничени, се' додека има нешто што не разбираме (условно речено) Ах... морални и етички проблеми... Ако следниот чекор е самосвесен АИ, зошто да не би бил направен од човек? Многу сме 'врзани' со физичкото тело кое веќе го поседуваме, затоа е стравот од помислата дека 'машините ќе го преземат светот'. Плус, ни еден вид не е 'најбитен', големи тикви ако нема луѓе... Малку мириса на мизантропија муабетов, али нема веза