1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кое е вашето мислење за вештачкото оплодување (тнр. Ин Витро)?
    Дали е тоа, духовно гледано, во ред?


    Имено, кога некој (најчесто брачен) пар не може да има од здравствени причини деца, во денешно време развојот на науката овозможува да се направи обид сето тоа да се изведе вештачки преку вадење на јајце-клетка од жената и спојувајќи ја лабораториски со сперматозоид од такткото кој може да биде и непознат донатор. Обидите не се секогаш успешни. Постои можност и за тнр. сурогат мајчинство кога матката на друга жена се користи за да се роди бебе на сосема други родители.

    Ако луѓето имаат и бестелесна душа, кога таа настанува? При зачнувањето, раѓањето или далеку пред тоа? Од каде доаѓа? Што таа мисли и како се чувствува при еден ваков сериозен медицински зафат? Чека ли и таа во длабоко замрзнување со ембрионите или талка некаде наоколу? Ин витрото не е нешто „плукни-залепи„ , честопати обидите се неуспешни и се вршат серии на подготовки за да се доближат до посакуваниот „успех„. Дали е тоа само случајно? Не е ли тоа порака од природата дека на тоа поле не би требало да се чепка?

    Една духовна законитост вели дека сличностите се привлекуваат.
    Каква душа може да биде привлечена при такви зафати? Може ли тоа да биде некоја посветла душа, или потемна? Или, ако го појдеме во друга крајност, имаат ли тие бебиња воопшто душа?

    Честопати се вели дека ин витрото било за доброто на родителите и за развојот на науката... но дали е тоа навистина така? Дали тоа му одговара на Бога или пак на неговиот противник, она што ние луѓето го нарекуваме ѓавол? Имено тоа е чекор поблиску до клонирањето луѓе, клонирањето луѓе пак би бил чекор кон човек без чувства, без своја волја и конечно подложен на целосна контрола, како да е некаков биолошки робот. Ако тргнеме од тоа дека Бог го дарувал човека со слободна волја, тогаш тоа не може да биде Негов план, туку на неговиот противник.

    И некои научници алармираат дека ин-витрото може долгорочно да има негативни здравствени последици врз така зачнатите деца, оние кои пак профитираат од таквите интервенции, логично дека силно го бранат ин витрото. Но тука во прв ред зборуваме од духовна точка на гледиште.


    Темава е отворена за сите кои сакаат да го искажат своето мислење за истата, без разлика дали се верници или атеисти. Но како што и насловот вели сето тоа од духовен аспект, претпоставувам најмногу ќе им има смисла на оние кои веруваат во Бога, во постоењето на душите и сл.

    ---

    Мое мислење:
    Јас сум против, не го подржувам вештачкото оплодување и сурогатството. Секако, секој поединец има слобода на избор да размислува и постапува поинаку. Јас само го искажувам мојот став на оваа тема.

    Според објавите примени од духовно-божественииот свет за денешно време,
    Душата постои и постоела далеку пред да настане матетријалниот космос, а со тоа и пред раѓањето на телото. Секоја душа има можност да се инкарнира и реинкарнира. Ако таа тендира кон повисоки етички идеали, кон царството Небесно тогаш може да ја искористи својата инкарнација за во краткотијата на земските години полесно ги надмине своите слабости и негативни страни кои ѝ го отежнуваат патувањето до Небесното царство - вечната среќа. Ако душата пак не сака да се менува кон подобро, може да тендира кон нова инкарнација за да ги иживува своите желби, страсти, световни идеи, верувања, или за да се освети некому и сл. Дали таа како човек ќе биде задоволна од направениот избор и каков ќе биде конечниот исход е мошне релативно и дискутабилно - но шансата ја има.

    Секоја душа има своја вибрација соодветствува на нејзините добри, помалку добри и лоши страни. Душата која се инкарнира тендира кон родители кои имаат ДНК со слична вибрација, било за да расчисти нешто (кое стои од некојпретходен живот) со нив во текот на овоземното патешествие, било за да заедно извршат некаква задача. Ако тука се вмеша од страна донатор на сперма тогаш тие кармички врски не можат да се разрешат така лесно, бидејќи по раѓањето нема контакт со биолошкиот татко или мајка (во случај на сурогат мајки). При сурогат мајчинството доаѓа до пренос на информации врз ембрионот кои не соодветствуваат на душата, и тогаш детето расте делумно со програми кои не соодветствуваат на неговата природа и причини поради кои тоа дошло на овој свет. Тие наметнати програми создаваат натамошни кармички причини. Слични опасности се случуваато при трансплантацијата на органи и генетскиот инжинеринг.

    „Математиките„ на луѓето не мора секогаш да се поклопуваат со тие на душата (на пр. кога таа би требало се отелотвори и што треба да прави на планетава).Тоа значи дека некои родители можеби многу посакуваат дете но не можат да го имаат бидејќи можеби времето не е созреано за тоа, или пак од кармички причини ( можностите се најразновидни: можеби во минатиот живот учествувале во абортус, или ги напуштиле несовесно своите деца и тн.) или пак посакуваат детето да им биде славен музичар или спортист или лекар или нешто друго. Но секоја душа е приказна за себе, таа си носи свои склоности, замисли, и цели. Не би требало да се прави никаква присилна промена во тие нешта. Тоа е духовниот закон на слободна волја.

    На оваа тема, индиреткно, повеќе информации можат да се прочитаат во книгите (засега, 2018 год. достапни на хрватски, англиски, германски...) како на пр.
    • Njegovo Oko, Božje Knjigovodstvo - Mikrokozmos u makrokozmosu;
    • Ja, ja, ja pauk u mreži - zakon odgovaranja i zakon projekcije;
    • Tvoje dijete i ti - Životna škola nesebične ljubavi
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Уште ова немав прочитано дека пречи според религијата...
    Секако дека одобрувам. Не сум верник, но не познавам ниту еден верник што е против, а не сфаќам ни зошто би требало да бидат.
    Ако инвитрото не е богоугодно, зошто тогаш бракот со создавање потомство во истиот е на врвот на религиозните вредности, а истовремено Бог толку многу луѓе ги создал (од теистичка гледна точка) со здравствени пречки при природното оплодување? Каде е логиката?
     
    На 1209, Lolo5, kukla21 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Против сум не од религиски причини туку затоа што не е природно. Се додека е нормално вештачко оплодување сметам дека не би требало да се коси со религијата но пред некое време читав дека научници успешно извршиле вештачко оплодување со гени од истата жена чија била и јајце-клетката тоест новороденчето ќе има еден биолошки родител. Звучи интересно но е тотално неприродно и сум против.

    Тоа што некој се родил неплоден или останал неплоден во текот на својот живот не е Бог виновен. На пример 2 роднини се земаат и имаат дете, тоа дете е зачнато со инцест, се раѓа со здравствени пречки и за ова е Бог виновен? Друг пример. Се раѓаш во место каде има голема радијација Чернобил на пример, растеш или се раѓаш со пречки. За ова е Бог виновен или општо човештвото? Каде е логиката?
     
    На daylight и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    133.211
    Пол:
    Женски
    А бе не дај Боже да имате проблеми со плодност, да се расправате со стерилитет, ќе се подзапрашате тогаш дали да одобрете или не, вака од страна лесно е за коментирање...
     
    На bibiiii, 1209, Stressed Out и 42 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    На форумов има неколку теми со 3-4цифрен број на страни, со жени кои со години се борат да забременат. Македонки се, прилично сум сигурна дека не биле во Чернобил, а уште помалку дека се плод на инцест... (facepalm)
    Срамота, трошка емпатија да се немало.
     
    На Marr_ss, bibiiii, Any05 и 33 други им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Потполно те разбирам, имам роднини кои се уништени поради тоа што неможат да створат потомство дури и со ваков чекот ама мојот став е тоа. Не би сакал да си играм со природата.
    Радијација и тука има, вашите пријатели Американци сигурно со лижавчиња не ја бомбардираа Србија.
    Има многу фактори не е само радијацијата или инцестот, тоа само го споменав.
     
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Што ти значи тоа дека не би сакал да си играш со природата?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Правење реботи кои ги кршат законите на природата.
     
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Да речеме не можете да имате деца по природен пат со сопругата. Нема да одите на вештачко оплодување за да добиете? Или ќе бидете без деца?
     
    На bibiiii и Lolo5 им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нема јас што да кажам никому. Јас си кажав за себе и јас како би постапил.
    Ако нема друго решение освен вештачко оплодување би оставил на неа да реши бидејќи таа е мајка таа ќе го раѓа па така таа би го имала последниот збор.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи тоа дете би било нејзино, ама не и твое?
     
    На zalosna и SV1911 им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    A oдобруваш лабораториска синтеза на инсулин за дијабетичари? Или синтеза на витамини итн..
     
    На bibiiii, Lolo5, kukla21 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Родител е оној кој ќе те одгледа и ќе те сака а не оној кој само ќе те створи. Секако дека тоа дете би било мое но бидејќи да речеме ситуацијата е таква таа би го имала последниот збор секако.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Како го кажуваш ова ко божем е нешто најстрашно. Па која жена не би сакала дете? Било природно било ин - витро. Што има толку таа да размислува за да оди на ин - витро.
     
    На bibiiii, Bozica1980, Pepa B.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да одобрувам но не одобрувам стварање на живи суштества по вештачки пат. Тоа е нешто друго и многу подазлично од синтеза на инсулин па така неможе тие две нешта да ги споредуваме.
    Добро сепак има секакви луѓе, може ќе биде некоја како мене па ќе размисли дали е природно или не. Не е ништо страшно не реков дека е страшно туку само сметам дека не е природно.
     
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.232
    Допаѓања:
    260.165
    Пол:
    Женски
    На форум каде има мноогу жени,мајки кои се борат и како лавици со вештачко оплодување да ја остварат најголемата своја желба за потомство не треба да се отвораат воопшто вакви теми ,па и дебатирање на членови кои немале допир со таа тема ,мешање на духовноста ,бог,природата и што ти не.
     
    На Marr_ss, bibiiii, joan и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    По некоја логика на нештата, ниту хирушки интервенции не се природни, ниту лековите кои ги пиеме, ниту вакцините.

    Дали ти @Vitaly пиеш антибиотик кога си болен или се лечиш со лимон и мед? Дали би правел операција, доколку еве да речеме имаш брух, чир, пукнато слепо црево или ке оставиш организмот сам да го 'реши' проблемот? Од моја гледна точка, не е природно да ставиш некого под анестезија и да го отвориш со цел да го средиш органот кој предизвикува проблем.
     
    На bibiiii, x.Daisy.x, Lolo5 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Осетлива тема. Бројна современа духовна литература сум прочитала (затоа што тука не можеме да се потпреме на Библијата кога ова е воведно во пракса подоцна) и не сум сретнала никаде дека ова е опишано како грев. Не е природно, но не се природни ниту лековите а сепак ги земаме за да си помогнеме себеси.
    (Речиси) секоја жена посакува да биде мајка, и од нив нема ниту една која, ако не може да добие дете природно, би дигнала раце од мајчинството. Страстите се грев, неморалот е грев, повредувањето на другите и на себеси, а во желбата за потомство јас гледам љубов.
     
    На Marr_ss, joan, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Што е тоа душа?
     
    На senjorita-v и daylight им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не до тој степен луѓе, до кај одите не ми се верува. Да создаваш живо суштество по вештачки пат и да правиш операција за да спасиш живот не е исто. Не пијам антибиотик инаку бидејќи повеќе штети одколку што помага. Би правел операција доколку би имал некој проблем секако.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.