1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Ова погоре е мое мислење од шо сум читал од шо ме интересирало. Со инструментот директно се оплодува матката без чекање. Претходно спермата е од човек донирана нее створена во лабараторија кога ќе речат вештачки деца..
     
  2. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Кој побогу има гласано НЕ во анкетава(facepalm):?::?:
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Еднаш прочитав на темава некоја имаше напишано, дали вака добиените бебиња воопшто имаат душа, ете кој :rofl:
    Мене не ми е јасно зошто постои анкетава воопшто на темава, ко некој да треба да одобри или не, дозвола да даде :whew:
     
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Еве јас не сум верник, и како таква не сум можеби компетентна да одговарам овде, ама ме нервира самото прашање и анкетата и едноставно морам да пишам..

    Како бе не одобрувате сурогат мајки и вештачко оплодување?? Знаете ли колку е тешко да се биде во кожата на луѓето на кои ова им е единствена надеж да станат родители? Според вас што треба да прават? Да се помират со фактот дека не можат да си имаат детенце? Да се молат на некого за кого не знаеме и дали постои?

    Да не зборувам колку луѓе познавам кои со години се мачеле со ин витро процедури, оделе и по манастири, злато оставале, секој можен пост го терале.. И што? Тие кои успеале успеале благодарение на медицината, а не на молитвите и вербата во некој си Господ.
     
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Секој со свој став. Не судам никому ама јас како верник не одобрувам изигравање на Бог и стварање на човечко суштество во лабораторија, тоест вештачки пат.
    Инаку дали некогаш сте се замислиле зошто неплодноста е се почеста?? После толку испушени цигари, алкохол, дрога и уште што не што придонесува за неплодност вам верниците ви се криви?? Ти се молам, проблемот за неплодност е во нездравиот начин на живот, а не во религијата. Пред само неколку децении неплодноста била реткост. Цела тема имате на форумов "бременоста и цигарите" па после Бог им е крив што не можaт детенце да си имаaт. Се тоа придонесува, капка по капка, алкохол, цигарче, не се појавува од нигде никаде тоа одеднаш.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Никако не реков дека верниците се криви. Порано стварно било реткост неплодноста, во секој град на прсти се броеле паровите кои не можат да имаат деца. Не е само лошиот начин на живот, сега се подоцна се стапува во брак и се повеќе се користи контрацепција и потоа кога се спремни паровите не се во можност да добијат дете.

    Но сепак не е изигрување Бог ако по вештачки пат се направи бебе. Демек Господ дава деца ? Сите знаеме како се прават деца, потрбен е и генетски материјал и уште милион работи да се случат, а не божја рака. И немој да ми кажеш пак дека не одобруваш добивање деца по вештачки пат кога веруваш во бесмислица како приказната дека Марија била девица а го родила Исус. Пак ќе ти кажам, сите знаеме како се прават деца. И децата направени по вештачки пат се прават од двајцата родители и се е исто само не е природно туку во лабораторија се ствараат потребните услови.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Апсолутно поддржувам вештачко оплодување и овие што не поддржуваат ми се смешни.
    Ама која е потребата да ги омаловажуваш верниците кои верувале во приказната за марија дека била девица и ред други ствари? Си сакаат и си веруваат. На многу теми жестоко збориш против религија и искрено повеќе изгледа како да му си лута на бог и сеуште немаш раскрстено со религија одколку атеист :) атеистите што ги знам, немаат потреба да ги навредуваат верувањата на другите
     
    На Angie1432 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не навредувам. Ама смешна ми е приказната. И ме револтираат кога ми кажуваат дека не поддржувале вештачко оплодување ама веруваат во таа приказна.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се револтираш пошо секако е вештачкото оплодување легално, црквата нема моќ да го спречи некого така што единственото нешто што можат да го направат е само да лупетаат по форуми.
    Ама постојат луѓе што зачнале со вештачко оплодување, а се верници. Длабока тема е религијата и барем денес секој може да си практикува тоа што сака без да се објаснува.
     
    На princess5 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се тоа придонесува за неплодност, и контрацепцијата и тие апчиња спаѓаат во нездрав начин на живот.
    Господ дава живот, не ние. Родителите се само врата преку кои детето доаѓа на овој свет.
    Тоа дека Марија била девица не е безсмислица. Бог е семоќен. Од земја сме створени во земја ќе се претвориме на крајот. Бог Ева ја создал од реброто на Адам, а денес добро ни е познато дека од клетките кои се наоѓаат во коскената срцевина научници ствараат цели органи во лабораторија. Ако луѓе можат да прават органи, Бог кој е семоќен може цело тело. Не гледам ништо нелогично или безсмислено.
    Јас би повеќе да се свртиме на тоа да научиме како што повеќе да живееме здрав живот, а не да правиме се и сешто па после да посегнуваме по такви работи кои колку и да велиш дека се добри тие не се природни. Едноставно и логично е дека се што е направено и зачнато во лабораторија не е природно. Наместо веднаш посегнување по вештачко оплодување и истовремено водење нездрав живот многу подобра опција е да се сменат животните навики и тоа да се реши по пат кој е природен.
     
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Има огромна моќ црквата. Доволно е да се напнат и да растурат држава. Видовме сите како никој не успеа да спречи одење во црква за Велигден за време на пандемија. Најлошо е што не настрадаа само тие што отидоа туку ги заразија и нивните блиски. Ако забранеа властите, црквата ќе речеше еве оваа власт се сатанисти и народот ќе беше против власта. Не сум против религијата, можеш да видиш имам и во други теми пишано, некои луѓе се потпреле на верба во Бога и се лекувале од болести, а уствари ги спасила самата верба во себе, а не некоја виша сила.
    Конкретно за ова и те како може преку ноќ да стане нелегално вештачкото оплодување ако се напнат свештениците и го побараат тоа.
     
  12. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    34.111
    Пол:
    Женски
    Не Бог не е крив за да се нема детенце ,не е крив ни за оние што ги оставаат штотуку родени... и Бог не создава бебиња сам.. туку по биолошки процес -секс кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката ќе се развие ембрионче па бебе... (а дали тоа ќе се случи во матката или ќе биде медицински потпомогнато да се оплодат е секако неважно...)

    Мноооогу фактори влијаат за неплодноста не се цигарите и алкохол и дрога само...
     
    На lia22, Alishan30 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јасно ми е. Знам дека е така. Со вештачкото оплодување жената претрпува многу. Не е природно, не е здраво, ама за некои луѓе тоа е единствен начин. Познавам такви кои воделе здрав живот, но не успевале по природен пат. И тоа не е нивна вина. И не би осудила никогаш никого. Не би ги осудила ниту тие кои го молат Господ за дете и не преземаат други мерки. Секој со своето верување, ама никогаш не ти посакувам да бидеш во ситуација да не можеш по природен пат. Тогаш човек ќе побудали, да му речат лајна ќе јаде, се што треба ќе прави за да успее.
     
    На Biljarkata, Vitaly и princess5 им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    10.445
    Пол:
    Женски
    Лелеее у 21 век има некој што од религиозни причини не дозволува вештачко оплодување?

    Па дали вие истите до брак сте биле невини да ве прашам, чим толку по Бога се водите?

    Речете фала Богу што луѓето нашле начин како да им помогнат на други луѓе да се остварат како родители, а не тука да пишувате демек нездрав начин на живот носело до неплодност.

    Тоа е најголема лага. Луѓе со секакви здравствени проблеми се соочуваат и има многу причини зошто еден пар не може да направи дете на "природниот" начин и фала им на луѓето што им помагаат на други луѓе да го поправат тоа што не им е дадено од "Бога".
     
    На Aqualina, ocicka2014, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Атеисти во пракса не ни постојат. Тоа се луѓе кои се револтирани мислејќи дека ако веруваш во Бог животот треба да ти биде како во бајка и се да ти паѓа од небо. Тоа се луѓе кои се гледаат низ материјализам, буквално се. Бог не е банка ниту лихвар ниту хуманитарна организација ниту лотарија.
    Јас не реков дека треба да се забрани, реков дека проблемот треба да се бара во нездравиот начин на живот и дека има можност да се реши на друг природен начин.
    Бог воопшто не е крив. Луѓето од почетокот се создадене перфектни но човечкото срце сите знаеме дека е плодно тло за злото така да самите се уништуваме полека но сигурно. Цигарите и алкохолот ги наведов како пример, има многу фактори. Тоа е како пирамида, здравствените проблеми може да ги наследиме некогаш и од нашите родители само затоа што тие воделе нездрав начин на живот или пак и тие наследиле од нивните родители.
    Не осудувам ниту реков да се забрани затоа што знам дека има луѓе кои воделе здрав живот ама сепак не бива и не бива па ова им е излез. Само сум лично против и ова би го ставил како последна опција.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    А зошто да не бидам невин до брак? Помодарство? Еве јас сеуште сум и ќе бидам до брак, не гледам никаква пречка ниту проблем. Без вода и храна се умира, без секс не. Потреба за секс доаѓа само кога мислиш на тоа, доколку научиш да се контролишаш себеси таа потреба ќе ја имаш тогаш кога сакаш ти.
    И каде прочита дека некој не дозволува? Дускутиравме дека проблемот е друг и дека може да се реши на друг природен начин во многу случаи.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не знаеме како се излекувале. Дали вербата во сами себе или вербата во бог. И тоа сакам да кажам цело време. Нема потреба јас да одам на некој што преживеал болест да му докажувам дека не било вербата во бог туку било вербата во сам себе. Која е поентата на таквиот потег? Реално, јас не можам да знам која била вистинската причина за нечие лекување. Можам само да верувам. Како атеист да верувам дека била вербата во сам себе, како верник да верувам дека била вербата во бог, а за да знам, за тоа ќе ми треба доказ, а тој доказ го немам.
    За другите работи околу корона и молитви не коментирам пошо не е тоа темава, а вештачкото оплодување нема никогаш да запре пошо многу пари се вртат таму
    Еве ко на другарка блиска ти кажувам, ми изгледаш ко да си во револт со религијата и бог и ко да си му на некој начин лута на бог
    верувај ми, кога атеизмот ќе го прифатиш целосно одвнатре, ќе се смееш на религиозниве глупости
    вака како да си во конфликт со себе си
    не да ме сфатиш дека јас некоја анализа ти правам
    само една забелешка што сум ја забележала дека и друг пат си остра кон верници на форумов
    за мене лично поголемо срање од религија нема
    јасно е ко ден дека се створени на таков начин да сеат страв и контрола врз народ
    ама поимот религиозен нема везе со поимот верник
    Некој може да е верник, да негува духовна страна, а да ја отфрла целосно религијата
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Невозможно е да искажеш став како атеист без да ги „навредиш“ на некој начин верувањата на оние што озбилно сфаќаат религија. Тука е баш у прашање она „на фактите не им е гајле за вашите чувства“ што иронично баш конзервативни верници квазиинтелектуалци низ светот го користат. Едноставно е апсурдна приказната дека девица може без генетски материјал да забремени, за секого што е во допир со реалноста и има поим од базична биологија, нема никакво омаловажување тука. А на ваква скроз непотребна и стварно навредлива тема е баш и место да се искаже револт кон религијата ко причина луѓе да верглаат вакви глупости.
     
    Последна измена: 26 јули 2020
    На Lella, Tan4ence, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Возможно е, ама не секој умее да раководи со зборови.
    Едноставно, некои луѓе мислат дека треба да навредат за да кажат свое мислење.
    Тебе ништо во животов нема да ти смени ако на некој што верува во приказната за дева марија одиш и му кажеш дека нема допир со реалноста. Он нема допир со основна биологија, ти немаш допир со основна култура. Толку работи постигна човекот, а уште не се научи да почнува реченици со "За мене лично е вака" "Јас лично (не)верувам во тоа и тоа".
    Колку и да вртиш, обидот да го омаловажиш некој кој верува во некаква приказна е само его филм кој си го правиш само за да си бусташ самодоверба дека си научник.
    Во свет со 7 и кусур милијарди луѓе е просто смешно пошо има све и свашта, од научници верници, до радикални, до научници атеисти, до свештеници што веруваат во дарвин и тако даље. И може нема да ти се верува, ама замисли секој може да си верува во што сака без да му се улетува на други со муабетот "ти немаш допир со реалноста".
     
    На daylight, tambelina, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Не се за мене лично биолошките и останатите научни факти, за сите нас важат. Тие кои се навредени и не ги прифаќаат истите колку и да се културно искажани, се оние што треба да се преиспитаат во 21 век. Толку.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.