Дали ти воопшто си прочитал што е вештачко оплодување? Значи најпросто кажано, доктор зема јајце-клетки од жена, зема сперма и ги соединува во лабораторија и зиготот (оплодената јајце-клетка) го враќа во матката на жената. Сурогат мајка е жена во чија матка расте туѓ зигот. Јајце-клетката и спермата се земени од живи луѓе, само процесот на оплодување е на некој начин 'присилен'. Е сега, ако сме на јасно каков е процесот, да видиме што е операцијата. Имаш гангрена, организмот не може да се избори со проблемот и хирург по присилен пат го отстранува мртвото ткиво. Која е разликата?
Онака да погледнеш едно новоредно дете можеш да видиш како било зачнато? И тоа зачнато со ин-витро е како сите други, не е вештачко Само оплодувањето е иницирано, останатото е исто.
Читај погоре, кажав дека нормалното вештачко оплодување не би требало да се коси со религијата иако е неприродно. Исто така кажав дека и постои вештачко оплодување каде што јајце-клетката се оплодува со гени од истата жена чија е и јајце-клетката, на тој начин новороденчето има еден биолошки родител и е копија на родителот да не речам клон. Тоа е веќе претерано. Да де ама поентата ми беше дека само е неприродно, вие за гуша ме фативте одма. Јас не барам забрана за вештачко оплодување или нешто друго.
Свесно. Имаш природна јаце клетка, природен сперматозоид и природно бебе. Најприродно што можи. Оплодувањето е само еден зафат кој нема врска со 'природноста' на бебето.
Најприродно што може ама сепак оплодувањето го нарекле вештачко така од мајтап. Научници и човечка јајце-клетка и сперматозоид од животно имаат вкрстено па дали по таа логика тоа е природно? Не бе не се читате што пишувате. Возрасни луѓе, не ми е јасно навистина.
Има разлика од експериментирање вештачко оплодување за примеров што го посочи и оплодување од маж и жена,исто како што има разлика од пиење лекови ради болест и пиење лекови за да се издрогираш.И зошто детето што ке се роди од инвитро оплодување не е природно????Само се оплодило надвор од мајката,понатаму целосно е оформено (органи и слично)во матката исто како и зачнатите по природен пат.Стварно не ми е јасно зошто тоа дете го нарекуваш неприродно.Имам пријателка со дете 7 години зачнато со инвитро.Најнормално е како другите деца Кажуваш против си,ама ако недајБоже неможете деца да имате,ако сака женати да прави инвитро ,ке правите.Баш си контрадикторен.
Јас не реков дека роденото дете ќе биде франкештајн туку актот на оплодување е неприроден. Јас верувам дека и клонови има на светов и тие се луѓе најнормални. Погрешно сме се разбрале. Не туку тоа е бебе зачнато по вештачки пат а не вештачко бебе. Незнам како вие би го дефинирале поимот вештачко бебе? Според мене тоа би му дошло бебе создадено од друг материјал а не бебе зачнато по вештачки пат.
Па како да кажам природно за нешто што е вештачко? Јас се расфрлам или ти не го знаеш значењето на одредени зборови?
Светов одамна почна да ги заменува луѓето со роботи, а ние тука сеуште разглабаме дали е океј или не лабораториски да се оплоди јајце клетка. На темата, немам ништо против од духовна гледна точка. Се создава нов живот најнормално во утроба само што оплодувањето е изведено поинаку. Ако гледаме така тогаш не треба да правиме ни операции. Ако Господ одлучил некој да умре, кој е па лекарот да го реанимира или да му пресадува срце и да му вградува апарати за да му го продолжи животот, нели?!
Не, ти не ме разбираш. Ти викаш дека е неприродно вештачкото оплодување, апро по, испаѓа дека и бебето не е природно. Каква врска има како е зачнато, ако е природно?
in vitro UK happening outside the body in artificialconditions, often in a test tube: Еве ти дефиниција за инвитро и не гледам тука поим вештачко.Само зошто ние сме си го превеле така терминот. Значи според тебе нетреба ни операција да се прави со додатоци на црева или апаратчиња на срце,или кога треба да се извади органот да се поправи па да се врати пак (свекор ми од срце кога го оперираа за време на операцијата беше на апарати му го извадија срцето и пак му го вратија) оти нели тоа е вештачки.Ако речеш тоа е за да се спаси живот,ке ти речам ова е за да се роди живот.Верувам во Бог и верувам дека повторно Тој е оној кој го дава животот и ке го оформи во матката на мајката.Зошто не се задржуваат сите ембриони во матката тоа незнам Тој знае. И не ми одговори како тоа си против,не било природно ама ако сака женати ке имаш и ти неприродно бебе.
Актот на оплодување е неприроден, со тоа се добива бебе кое е зачнато по вештачки пат.. Сега те разбрав инаку што скааш да кажеш. Така му доаѓа на крај дека бебето е вештачко, па и вештачко да е што менува? Научници од матични клетки прават органи па ги вргадуваат и тие органи ги нарекуваме вештачки така да по логика му доаѓа бебињата зачнати по вештачки пат да се вештачки. Ако тоа е природно тогаш како да ги наречеме бебињата зачнати со полов акт помеѓу маж и жена? Најприродни?
нема 'најприродни'. Исто си се природни сите. Немам проблем јас ни со вештачко оплодување, ни со вештачки органи, ни клонирање, ни андроиди, ни вештачка интелигенција, ни ништо. Еволуираме, а со тоа напредува и технологијата. Ние ја унапредуваме, а ние сме природни, значи, природен е секој напредок. Ако не требало да напредуваме, зошто не направил (според тебе) Бог со толку памет? Не морало. Можело да си бидеме ко неандерталци и да нема ништо 'неприродно' (како што викаш ти).
Желбата за дете ги надминува сите граници кои ги поставувате сега па и понатака во иднина. Сум за ин-витро, но не и сурогаство.
Немам ни јас ништо против туку поентата ми е дека не може да нарекуваме природно нешто што е вештачно. Или е природно или не. Бог му створил памет на човекот ама како човекот го искористува и во какви цели за тоа Бог не е виновен бидејќи бог му дал слободна воља на човекот. Напредок е и да се вкрсти мајмун и куче на пример ама тоа не е природен напредок..Извини ама јас мислам дека не си свесна што пишуваш навистина. Секој напредок бил природен?! Те молам читај пред да постираш нешто не еднаш туку по три пати.
Ама овде не збориме за експерименти, туку за реалност. Сурова реалност во која паровите не можат да добијат бебе со секс, туку потребна е поинаква постапка. И ја сум читала дека ке пресадуваат глава, ама немам видено по улица да шетаат луѓе со пресадена глава. А знам парови кои деца добиле по 'вештачки' пат. Ти велиш дека вештачко оплодување Еве јас велам дека и операцијата ги крши законите на природата. На пример, природата го направила твојот организам помалку отпорен, а ти со антибиотици и операција одиш против тоа.