1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ти 'се фаќаш' за семантика, затоа ти изгледа дека не знам што пишувам.
    Точно знам што пишувам, ти не ме разбираш. Во паметот ти е црно и бело. Толку. Затоа си толкуваш работи кои не ги разбираш преку Бог и Сатана и не знам што.

    Не реков дека Бог е виновен, туку те прашав, ако е Бог против 'неприродни' појави, зошто не направил да 'имаме моќ' да ги правиме? А направени сме во негов лик. Што значи тоа сега? Се истрчал Бог и ја зафркнал работата или ѓаволот ни ровари и не тера да измислуваме сателити и микроскопи? :)
     
    На Lella, Ketchup, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Кај напишал бе 'се кршат законите на природата'? А @Vitaly ?
    Ако нешто е против законите на природата, нема да е можно да се создаде/направи.
    Нема никакво кршење на законите на природата.
     
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Бог му дал памет на човекот а како тој го искористува Бог не е виновен бидејќи Бог на човека му дал СЛОБОДНА ВОЉА.. Значи целиот муабет е дека вештачко оплодување не е природно, самото име кажува ВЕШТАЧКО да беше природно ќе се викаше природно оплодување.
     
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Темава е веќе во овој правец- дали поддржувате ин- витро оплодување или не и зошто????
    Духовната гледна точка на истото ја изоставате.
    На почеток со темни букви нешто е пишано, во тој правец пишете.
    Темава е малку осетлива,малку повеќе.
     
    На daylight и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    :D Ок, ај од почеток.
    Не реков дека Бог е виновен за нешто (по стоти пат).

    Те прашувам: Зошто Бог не направил вакви какви што сме и ни дал слободна воља, ако не требало да правиме вештачки работи? М?
     
    На fina erika и crimson им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Од медицински апспект,има добро објаснување зошто не може да се задржи еден ембрион.
    Секогаш постои причина за тоа,затоа и се оди на лекар и се контролира бременоста,дали има ризик/нема.

    Од религиски аспект,нема никаква поврзаност.
    Абортусот за мене е повеќе болна тема од ин-витро оплодување.
    Не сум религиозна,нити пак сметам дека желбата да се стане родител,крши некои природни закони,сеедно одамна се скршени и тоа од многу полоши и банални причини.

    Ин-витро оплодување и сурогат е сосема различно.
    Првото е кога ембрионот расте во матката,значи сепак е во телото,а второто е ист процес,но расне во сосема друг организам,носејќи ги гените на двајцата родители,притоа нема никаква генетска поврзаност со сурогат-мајката.
    И за двете постапки,постојат сосема оправдани причини/здравствени проблеми на еден од родителите.
     
    Последна измена: 15 мај 2018
    На Stressed Out, Rama и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Па и експериментите се реалност, и вештачкото оплодување е експеримент.
    Природата не го направила мојот организам помалку отпорен туку човечки фактори се виновни за тоа. На пример Природата не е виновна што рокнал некој нуклеарен реактор во Чернобил и со тоа се поразболеле милиони луѓе. Природата не е виновна што ние гнетеме гмо храна и со тоа го упропастуваме нашето здравје а со тоа не сме способни да создадеме здраво потомство. Има уште многу вакви примери.
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да докажуваш најосновни работи на човек ираснат во комунизам е како да водиш магаре на мост, ни се тера ни се води. Со сила се прави како што не треба... Знам ги имам дома двајца.
    Поздрав и имај добра ноќ, одговорот 100 пати ти го пишав. Ја отеравме што ја отеравме темава кај што не треба.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Немаш аргументи повеќе? :)
    Скроз си сме на темата: Бог-вештачко оплодување.
    Убаво да спиеш :)
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Зошто Бог не направил вакви какви што сме и ни дал слободна воља ако не требало да правиме вештачки работи? М?
    Да не месечариш?
    Реков Бог го створил човекот со слободна воља. Секој човек одлучува како и во кои цели ќе го искористи својот памет. Ако постои злоба за која ти треба памет да на направиш не значи дека Бог ти создал памет и слободна воља за да бидеш злобен. Значи штом постојат такви работи тоа значи дека треба да ги правиме? По таа логика според тебе и тероризмот и убивањето се тоа е супер бидејќи нели такви Бог не створил.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @Vitaly дали можеш да го објасниш процесот на вештачкото оплодување?
    Едит: Дали знаеш како се одвива?
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да де, затоа што во спротива луѓето порано биле постојано плодни, немало случаи на луѓе кои не можеле деца да имаат, па неплодноста е нова работа, создадена од човекот.
    Ај што не си учел физика во основно, не си ни биологија :yawn:
     
    На bibiiii, Lella, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што се запнал дека е тоа неприродно само зошто на македонски се викало вештачко.
    Убил не погрешен субтитл работава.
    А потребно е само едно 30-секундно гуглање за да провери што е во превод in vitro, кога од порано не знаел.

    ***

    Туку, срамота темава.
    Да се засрами секој кој мисли вакви работи, па уште и теми отвора и полемизира.
    Особено на форум во кој толку жени си се меѓусебна поддршка за оваа тешка и долга борба.
    Ама Бог да не даде вакво нешто на ничија глава, зошто е лесно да се зборува кога само се гледа отстрана.
     
    На bibiiii, dayla, sparklie и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Каква реалност? Си видел човек со пресадена глава? Познаваш човек кој има само еден родител, т.е. човек добиен по процесот кој си го опишал? Ја одма можам да ти кажам дека сум видела деца кои се создадени со вештачко оплодување.
    Значи твоите тврдења сеуште се во лабораторија, ја зборам за она што го има по улиците на овој елипсоид наречен Земја.

    Не се обидувај да излезеш од темата, објасни како операција не е вештачки начин за решавање на проблемот (отстранување на слепо црево), а in vitro е вештачки начин за решавање на проблемот (неплодност)?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    До @Vitaly и сите негови хардкор истомисленици што отекоа со осуди и предавања што е морално, а што неморално; што е нормално, а што ненормално; и за крај што е природно, а што неприродно:
    Знаете што друго не е природно и е создадено од човекот?
    Компјутерите.
    Мобилните.
    Интернетот.
    Бидете вистински 100% природни фанатици и не ги користете. Интернетот ќе стане многу поубаво место за нас останатите што сме со умот овде во 21 век.
    Срдечно, ФМП! :*
     
    На senjorita-v, dayla, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Да.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Ме заболе глава уште рано посабајле од некои мислења на темава.

    Колку и да е некој верник, духовник и како и да се чувстувува... не може да побие развиток на медицина и наука во 21ви век.

    Башка, по таа логика ако Бог створил се, нели тогаш го створил и вештачкото оплодување.

    Според мене, нема ништо вештачко во вештачкото оплодување, освен дека не доаѓа по природен пат, што не го прави вештачко. Односно, не е се црно и бело.

    Бидете среќни што го има, усреќило многу луѓе. Усреќило родители да се ќердосаат, родители да дочекаат да станат баба и дедо, братчиња и сестричиња да дочекаат животен пријател. Даваат надеж.

    Осетлива тема е од секој аспект, посебно од овој.
    Децата се деца, дали лабораторијата била матката на мајката, или ординација во болница. Радост најголема.
    Светот изгубил многу емпатичност.
    Посебно околу оваа тема, каде што луѓето се борат со најтешкото. Не е болест, а боли.
     
    На bibiiii, WarriorMind, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  18. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    "Вештачко" оплодување е народски израз како што и дијабетичарите ги викаат "шеќераши" и еден куп други такви изрази кои сме ги поедноставиле за на луѓето да им е полесно. Кој духовник и да го прашаш ќе ти каже дека нема ништо лошо во ИВФ то ако јајце клетката е на мајката а сперматозоидот на таткото и ако мајката го носи детето. А господинот погоре што се расфрла со теории ако се најде во ситуација да треба да се носи со ваков товар ќе даде на жена му да одлучи оти до неа е нели? Не бе душо тогаш ќе ја убедуваш жена ти дека ИВФ процедурата е "вештачка" и ќе и кажеш да си се помири со судбината што Бог и ја одредил и да си чека "природно" дете или евентуално да си посвоите. Мислам на форум каде 1000дници жени со триста маки и болки се соочуваат за да родат дете тоа дете да го наречеш "вештачко" треба да немаш три чисти во главата. И да и јас сум комунистички растена и да и јас имам духовник кој знае многу повеќе од тебе и да и јас имам правено не едно туку 5 ИВФ ( неуспешни) и сега имам две деца. И за сето ова му благодарам на Бог зошто ме направил силна да ги издржам сите борби и предизвици кои ми ги ставил на патот за на крајот да ме награди со она што најмногу сум го посакувала.
     
    На senjorita-v, Stressed Out, Emma2 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Е добро де, нека е вештачко.
    И?

    Како не ви е срам да пишувате такви глупости?
    Ми се згади од темава.
     
    На bibiiii, Stressed Out, x.Daisy.x и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.122
    Пол:
    Женски
    Ајдеее(facepalm).
    Читам , читам и навистина не ми се верува !
    Зарем навистина постојат , да не речам , а ЌЕ РЕЧАМ , толку прости луѓе ?!

    Не дека се чувствувам повредено од поедини коментари,или од тоа дека утре моето дете поединци ќе го наречат " вештачко" , ама навистина ми е жал што околу мене "растат" толку прости луѓе, ,толку себични, луѓе без трунка осет. Жално е навистина
     
    На Stressed Out, x.Daisy.x, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.